Јас приметив дека сам пробува да заспие без нишкање. Поради топлово практикувам да е легнат на кревет и да цица, бидејќи утоп се правиме ако го држам, во собата е пригушено светлото, па по цицање се вртка и заспива, не секогаш, некогаш не успева па се нервира и нишкам, но еднаш во денот успева сам да заспие. Пробај и ти така
Па и јас ја поминав таа фаза. И она сама бара да спие, ама бара јас да ја успивам Ќе лежиме, ќе се гушкаме, галење, мазење, песнички, чешкање, тркалање и ќе почне ептен да и се спие и почнува да кенка. Јас чепкам, чешкам, галам, занишкувам лежејќи ама не бива. И ќе почне погласно да кенка, да се лути и на крај плаче. Ја земам и некогаш одма замижува и за две минути спие. Толку од теоријата
И моево уште со нишкање заспива, дека скоро го одбив од доење. 21 месец има. Сам никако не може. Пробувам, ама тешко оди без нишкање. Големиот брзо почна да ми заспива сам, ама малово потешко некако.
Вака ми успева Скока мрда, гребе, наеднаш пушта цице, се врти на страна и спие. @Вереничка и преморено бебе тешко заспива Пробај да воспоставиш ритам и ритина. Мојата едвај по 45 мин спиеше. Сега сме до 1.5ч-2ч. Уште не е спремна сама да се заспива Сега си најдов утеха. Чим твоето заспива со нишкање ти си ми "role model", па чим твоето заспива така, добра сум и јас
Не ми смета со нишкање што заспива, една песна и готов е, за секунда затвора очи. Ама има вечери кога тешко заспива, и тоа ако спиел покасно, или подолго или пак покасно вечера. Сепак, одма го читам кога му се спие, го носам во спална, пеам и нишкам и за минута е во кревет. Арно што ми го трпи пеењево Не ми смета да го нишкам, ама па веќе е тежок. И дедо му така со нишкање го заспива кога се чуваат. А ако лежиме заедно на кревет и да го оставам така да заспие сам, полноќ ќе не фати. Ќе помине мајка. Само трпение и челични нерви. Те читам и ти верувам дека е тешко. Никој не може да те одмени на кратко? Сама ги чуваш двајцата? Ако ти е 3+ би требало наскоро да смени.
И јас еднаш пробав да се успие сама ама малата почна да ми се смее да ме гиба и "де" да ми вика ("ѕе" и е тоа ) па се преправав дека спијам, таа си стана си седна и почна да шлука браво. Оттогаш баталив учење само нерви си дтавам вака ја земам в раце ептен кога кризира и за неколку минути е заспана. Навечер заспива со млекото ама пак кај мене в раце да е, ако е легната и да пие сама се расонува и почнува да игра.
Сама дали три пати вкупно има заспано, кога била будна долго, па не можела да издржи. Кога беше помала (сега сме скоро 5 м.) заспиваше со цицање, се комираше, ама после третиот месец тоа се смени. Расте дете, сака да е повеќе будно, гледа, учи нови работи, се е интересно. Тогаш почнавме со нишкање, зошто ако ја оставам во кревет зјапа и ми се смее, така да тоа самозаспивање ми е мисловен поим. Навечер пред главното спиење е веќе изморена и ако не заспие одма после цицање, ја држам јас или мм во скут легната (некогаш со цуцла, ако нема абер за спиење) и обично за 5 мин е куфер. Сега почна да се буди два пати ноќе, сака да си игра, се смее и гуга па со цуцла ја презаспиваме, а ако ептен се разигра пак мора нишкање Преку ден има три дремки, после цицање секогаш, со тоа што обично две и се кратки (30-45 мин) и една подолга (околу 2 часа). Се на се, мислам дека сме ок, иако има денови како денес, кога е спиена ни саат вкупно (заспиј, разбуди се прави цел ден), ама тоа е. Се ќе помине еден ден, се е минливо, така си се тешам во сите тешки денови/ноќи
Скроз исто и женскава моја...во 20ч си легнува, обавезно на 2ипол 3 саати бара да цица ноќеска, а сабајле во 10 станува. После 2 часа, околу 12 пак заспива, па се буди после 2 часа пак спиење и така 3 дремки има од по 25-30 мин.во текот на денот. Сега е ок ама кога ќе внесеме оброк касно ќе е 10ч да станува. За 12 дена ќе прави 6 месеци, сеуште не сме почнале ни со вкусови. Пошто и твојов дечко ист е во спиење, кое време му даваш оброк сабајле? Комплицирано е што ред со спиењево има, ама со цицањево не, секоја ноќ различно бара, де на 2 саати де на 3 и сабајле не се знае точно во колку ќе побара и мислам тешко ќе ни оди временски да вобедеме оброк сабајле, а дури и за вкусови се мислам како ќе е... Ај ве молам за совет... дунде е 5+, одамна си има фатено ред и си легнува во 20ч. Пресреќна бев кога фати таков ред со спиењето, бидејќи знам дека е важно за бебе да си легнува порано...е сега бидејќи е лето, по цел ден ќе сме дома, на жешково кај ќе одиме, единствено навечер останува да ја шеткаме, ама најпријатно да се излезе е баш тој период кога заспива. А и од Охрид како што сме, преубаво е за шетање тоа време. Вчера и денес пробавме тоа време да шеткаме, си заспива во количка и без проблем спие колку што ќе шеткаме толку, ама штом влеземе дома се биди, се расонува и еве ја уште е будна никако не заспива, а се гледа дека и се спие. Незнам што да правам, најмногу за неа ми е, греота е да не ја шеткаме, неможе цел ден дома да е затворена...
И мене ова ме мачеше, ама решив ред не и реметам. Пробај една дремка да е баш подолга. На таа возраст треба веќе да има една дремка од 2ч. Така ќе ти издржи бар 1ч повеќе и ќе шетате. Едит. Пробај еден ден спреми ја за спиење и чим влезете дома одма во раце и понишкај ја да го врзе сонот
Кукла а на 7+ колку време треба да спијат? Колку убав ред си имаше бебево 9 во кревет што му стана вчера последна дремка во 17h му беше заспа дури во 22h. Работата е што не му се спие, гуга се смее а нон стоп е активен, се врти, превртува, фаќа и слично..
Јас вака правам. Му облекувам нешто лесно за спиење. Го ставаме во колична и он си заспива. Дома го вадам од транспортер малку ќе го гушнам или давам млеко или цице и си продолжува.
Кога почнав да воведувам првата недела будев (ако не стане) во 8.30ч демек да го научам порано да станува и за 1ч јадеше, како и да се буди за цицање последното секогаш си го мести да е околу 8ч. Сега последниве 2недели обавезно станува околу 9.30ч па во 10ч веќе е на маса и јаде. Ручекот му е околу 14ч. За шетање јас ич не се мислам, едноставно не му реметам ред и не шетаме, куќа сме и по 18.30ч се шетаме низ двор, седиме на тераса. Мене ми е проблем што касно станува па наутро што не шетаме, едвај успевам некои 15тина минути до продавница и назад да појдеме @duffi нема шанси мојов да го преместам, одма ќе се ококори
Jas konecno vovedov nekoj vakov red: Spienje do 9 najkasno i doricek do 09.30 najkasno. Prva dremka 2 h.odkako ke stane koja trae 30-40min. Posle 2i pol casa prespivanje bar 2 casa so prezaspivanje i sledno 20-21h vo krevet. I skoro cela nok so budenje i peenje, salto napred_ nazad