Јас навечер кога ја заспивам во раце ќе ми заспие ќе ја ставам во креветче, почнува да се превртува и се буди Така неколку пати дур да заспие... Како ги заспивате вие вашите мали? Читам на интернет страни да им се прави рутина за спиење, со читање приказна и слични работи, мојава не заспува со читање приказна за жива глава...Дали е уште многу мала (2 и пол месеци) за таков вид спиење?
Мала е за приказни Под рутина се мисли секој ден во исто време да ја бањаш, јаде, цица пред спиење, палиш пригушено светло.. да имаш ритуал кој ќе го препознае детето пред спиење.
Да, особено за приказни е многу мала. Јас им читам и на двајцата навечер, синчето ми е големо 3+ и многу е заинтересиран и си раскажуваме заедно. Он си бира што да читаме и јас читам, он од слика раскажува.. а малово е 7+ и само кенка и прета и пробува да ми ја фати сликовницата, ако ја фати ја тегне да си игра Мојава до 6+ сама скроз заспиваше, ја оставав и си се успиваше сама... никогаш не сум ги клацкала двајцата. Сега почна да ме зеза и некогаш не заспива сама, па легнуваме на спална и ме чепка за трепки Па заспива цврсто и ја преместувам... Уште е многу мало твоето, ке фатите некој ред понатака
Мојава почна во раце да се успива Синоќа едвај ја успав во 11 ипол, денес 3 пати во раце заспа. Обично легнам до неа и така заспие а сега нешто забушава. Ја земам во раце и скроте се, по некое време заспие. Што и бидна не знам.
Заби да не вади? Мојов сега вади нов заб и деновиве е многу тежок. Од бебе кое спиеше без проблем во креветче, сега спие дел во креветче, па на раце, па пак на креветче и кога сум истоштена го ставам на спална и така е помирен.
На спалната спие до мене. Ја ставам во креветче и среде ноќ кога се разбуде ја префрлам. Не знам за заби уште нема никаков симптом. Нема ниедно запче.
Мене на тоа ми личи променава. Види дали има потечено или пробај напипај дали има нешто. А може и само сака да се гушка со мама
Синчево мое не ги вади по правила. Извади прво единици доле, па двојка горе. Следеше единица горе, па сега пак двојка е на повидок. Како и да е ќе дознаеш за некое време
Вистина ли? Леле не отвара уста за жива глава, а се гледа мало бело топче и на допир е испакнато. Се мислев на лекар да ја носам, оти кога се роди имаше папилом на обравчето кој сам се повлече и мислев нешто поврзано да не е. Само на едно место има топче, нема отечена жлебина. Во последно време многу сака да гриза, не дека нејќеше пред тоа, а и некако повеќе лигаве. Дај боже да е запче. 9 ипол месеци е и е како штрба баба
Дечки има надеж дека мали ќе смени и ќе си легнува порано? Веќе сме малтене 5 месеци, од 2 месеци наваму заспива накај 1 по полноќ. До пред неколку недели ќе легне кај 1ч и спиеше до 9 сабајле без престан или евентуално со 1 цицање Сега со скоков во развој станува на секој саат два за цицање. Ама цица и продолжува и пак во исто време станува сабајле. Сите викаа таму кај 4ти месец ќе смени ќе легнува порано ама ништо од тоа. Сум пробала со будење, нема ефект. Ќе се расони ќе проигра и пак ќе му ја легне. Ќе си го отспие своето и ноќеска пак накај 1ч. Само јас си останувам капната и ненаспана кога го будам порано. И бањање пробав да поместам порано и порано во спална го носам демек за атмосфера, па пробував да го презаспивам со цицање пред да се расони скроз, ама не гледам промена. Надеж некаква има за мене? На работа треба да се тргнува на есен, градинка за него, вака ништо не праиме
Темава да се прекрсти во Неспиењето на вашето бебе! Луѓе пукнав веќе. Цела недела запива во 22ч, станува околу 7ч, а измеѓу се буди на секој саат и почесто! Начисто побудалев. Па мора да цица. Инаку се дере. Не плаче, се дере, се корне. Цицнува 3-5 мин. Ја вракјам и за еден саат опет, јово на ново. 6 м прави сега. Скок ли е, што е незнам. По книга вика треба да е поминат веќе. Не сум наспана, нервозна сум. Ќе си пукнам.
Мојава бара да се гушка. Тоа е најново. Се врти, претка, а ја гушнам одма се смирува. Цела се искривив.
Јас и ти како исто дете да имаме, само моево машко. Во 5 се буди го префрлам до мене го гушкам и продолжува, ако се оддалечам одма се буни.
Ja zaspav bo 20.30 se razbudi vo 21.30 cicase i zaspa. Vo 23.30 pak se razbudi cicase i zaspa. 40min.po polnok pak..01.40se razbudi i stoese budna do 04. Posle se budese vo 06.00 7....8...9.,, kako sum ne prasuvajte.
Спиењево скроз се поремети. Стануваше во 10, имаше 3 дремки од по половина час и навечер околу 20.00 легнуваше и долго време теравме вака. Супер беше. Од пред 10тина дена успеав две дремки да и спојам во една од 2 и пол часа, бидејќи сме 6+ па нели подобро било така, а и сакав некако барем заспивањето навечер да и го поместам за еден час покасно, лето е па ајде да имаме фора да шеткаме малку повеќе со бебе навечер. Но без разлика што сега втората дремка и е подолга, бебе како да сака 3 дремки. Легнувањето во 20.30/21.00 го сваќа како трета дремка од половина час и се буди и седиме до полноќ незнам што да правам сега. Што да сменам? Станува во 10, во 12 заспива и се буди околу 12.30, потоа во 15.00 пак легнува и спие до 17.00/17.30, па околу 20.30 легнува половина час и седиме до полноќ, тогаш со молење некако конечно заспива.
Каде ги спие тие 30мин?? Како се заспивате?? Се обидуваш да ја презаспиеш веднаш, додека е сонлива?? Нека биде во темна соба и ако заспивате со нишкање ќе сетиш кога ќе се разбуди и уште додека е сонлива зеди нишкај, не зборувај, пеј ако пееш, истерај го ритуалот на заспивање