Мамии хелп, малото од 3 месеци па до сега 6+ си заспиваше накај 11и30, 12 и си спиеше без будење до 10, 10и30. Последниве две недели заспива во 1и30, се буди накај 4,5 ќе дадам млекце и си продолжува до 12ипол дента. Ме плаши многу распоредов, не толку што почна да ми се буди еднаш преку ноќта, туку што многу доцна заспива. А уште повеќе се плашам да не остане вака и понатаму...Денес спиеше до 13ч и после накај 16ч заспа па се до 18. Накај 21 заспа пиејќи млеко и си спиеше до 21и40 и морав да разбудам со скокоткање да не ми помести уште покасно заспивање. Извинете на долгиот пост ...
Многу касно ти спие,прво будење е 12/13ч.што е многу многу е. И ти да станеш во 12 нема шанси вечерта да си легне во 8 или 9ч. Мораш да го будиш бебето по рано барем околу 9ч.
Појадок имате ли воведено? Мора рано да го будиш, касно е ваков ритам и за спиење и за воведување оброци.
Од 5 почнавме вкусови да пробува, пред да почне вака да прави, до пред 2 недели се будеше накај 10, пие млекце, потоа накај 12,1 и давав кашичка и накај 3,4 млекце. Сега се поремети со (не)редов не знам веќе како да постапам.Сабајле во 7ипол се разбуди и спиеше до 12 и30ч.
А ако ви кажам дека само кога имал ноќен терор (траеше околу 2 недели) во 22 месеци? спанко имам и јас. Кога се роди до 5 месеци тераше минимум 18 часа спиење. Потоа намали на 16. Сега е 10 навечер и 3 преку ден..
Мајки, дали е нормално детево да ми спие по осум и пол часа навечер и два саата преку ден? Читам дека вашите спијат по 10 - 11 часа, а моево помалку
Веќе некое време спие на спална зошто мене ми е полесно. Заспива во 8. Спие многу немирно па на секој саат се подразбудува и морам да го земам ви раце да го понишкам и спуштам. Пие млеко два пати ноќе околу 1 и 5. Дење неможам да помислам да го спуштам све врз мене спие или најубаво му е во раце легнат како што го успивам така најдолго ќе спие. Веќе е голем 6+ јас неможам да завршам ништо по дома, само се надевам ќе се смени, веќе се уморив и од пробување са го спуштам зошто се буди па после е кенкав, а неможе да презаспие.
Ќе го будиш ако сакаш ред да направиш. Сабајле во 7-7:30, доручек во 8, нека спие два часа, после пак го будиш ако спие повеќе од два часа, му даваш млеко/подој, и веќе треба да биде будно некое време според возраста. После околу 12-13 часот ручек и спиење, па пак после два часа го будиш ако само не се разбуди, и околу 17 уште една дремка и вечерта да си легне од 8-9 најдоцна. Ако правиш вака неколку дена, би требало да си фати ред.
Поздрав машка верзија на дунде мое. Исто и овде веќе не се ни трудам. Едина промена што е, можам да ја спуштам некако главата и телцето, ама нозете пак на мене.
Како за синко да сум пишала јас. Единствено што креветчето ми е споено со спалната и ноќно спиење е таму. А преку ден никако да легне сам. Почна да ме боли сѐ од тежината машала како топче стана. А го легнам почнува да плаче или се буди. Ама ај па така и јас си одмарам, а знам и да си задремам со него.
исто и ние сме ама можам да речам и бевме така почна неодамна да заспива како за чудо сама по себе, два пати во количка и два пати во транспортер, и тоа онака не гледа не гледа нас и задремува 5+ месеци е. мислам им треба повеќе време ама ќе дојдеме и до тоа да заспиваат полесно) навечер ја ставам во креветче залепено до нашиот и до кај 3 спие таму, кога ќе се разбуди и давам кај мене да спие и ја оставам на спална
Мајки ве молам за помош ќе пукнам значи. Мадам пуф почна многу касно да преспива и не спие до 12ч. Убав ред имаше стануваше во 7 за млеко спие до 9 и нешто станува се преслекуваме пееме песнички и јадеме каша. Кон 12ч прва дремка пократка. Во 13 млеко и во 16ч долга дремка после ручек каша спиеше до кај 5 и нешто. Кон 9 капење во 10 последно млеко и одма во кревет. Сега станува наутро исто само што прво и е долгата дремка, а попладне пократка и веке кон 19ч и се спие и заспива половина час. Не сум сменала ништо јас, таа сама си го смена редот. Како да направам да си заспива пак кон 21-22ч?
Ризикувај еднаш, можеби нема да стане а убав ред ќе си створи да си заспива тоа време. Мада ќе почне да менува периодов, синко на таа возраст си ги спои 2те дремки во една подолга и така тера до денес. Станува околу 9ч, преспива обично од 14 до 16 и навечер си легнува околу 22-22и30.
@fana немој да мислиш дека ти грешиш. Бебињата нонстоп менуваат. Ете и мојата имаше ред неколку месеци три дремки по половина час, сега дека поголема скрати на две. Сеуште нема некој ред земено еден ден вака еден така. Последната дремка станува кај 15.30-16 па почнува накај 19.30-20.00 да и се приспива. Ја вадам на воздух малку ја расонувам до кај 9. Па пижами млеко и одма заспива. Допрва ќе менуваат и сменуваат.
Мамички здраво, имам 5дневно бебче па сакам постепено да почнам да фатиме неккој ритам на спиење. Што мислите околу тоа колку часа треба да спијат бебињата? ВЧера бебуш не успеа да заспие од 12 на пладне до 20часот, па го оставив да спие до 11 го избањав па после до 1ипол 2 со концерти низ дома еве веќе 5-6 саати спие навечер.Дали е во ред да го оставам толку за да можам и јас малце да одморам или малце ми е себично размислувањето? Ама гледам најадено е. бебето иначе ќе плачеше :/
Толку мало бебе би требало да го будиш на 3 саати за цицање или ад. Барем до 2-3 месеци. Во овој период ќе спие повеќе. 2-3 часа спие, 1-2 будно ќе е. Секој момент кога спие, спиеш и ти. Домашни обврски некој друг нека работи. Јади редовно, пиј течности, спиј и без нервози.