Многу ретко. Првите месеци уствари воопшто. Ми беше страв да не го смачкаме. Сега понекогаш се случува кога е во фаза на вадење заби и станува на секој саат, па после 4-5 будења го оставам до мене.
Од раѓање и двајцата. Првото почесто го ставав во креветче, ама си се префрлаше кај нас на спална. Второво спие уште со нас иако не цица. Помирно ми спие вака и не се буди често. Има ноќи кога почесто се буди ако нешто го мачи, ама во глобала спие цела ноќ. Полесно и за мене и поубаво и за нив, креветчето повеќе како магацин ми е. Ќе пробам деновиве малото да го ставам да спие во креветче. Стравот е нормален, ама мислам дека нема да имаш проблеми. Инстинктот ти е тука, ќе те разбуди кога е потребно.
Исто како Дафи ќе кажам, полна е кога тежи. Сосема нормално е еднаш дневно да кака, а бојата на мочките и не е толку жолта повеќе проѕирна. Така што ќе приметиш само по подуеноста на пелената.
Јас мн немирно спијам клоцам и знам да завлечам и да заспијам како коњ и не му верувам на мојот инстикт. Дури и маж ми се плаши, ќе почекаме малце да порасне, а мн сакам да си спиеме заедно.
Здраво на сите, ајде кој знае за чаре нека помага. Последниве 10-тина дена синко ми заспива во раце ама кога ке го оставам во креветче одма се буди, за ноќе ми е проблемот највеќе зошто мора да спие со нас, значи се успива легнат до мене и со цицање и кога сакам да го префрлам во креветче се буди, а сакам да спие во креветче страв ми е да не го згмечам или угушам и жива ненаспана сум цела ноќ здрвена и само се будам да го проверам. И од колку месеци може да се направи некој ред моево е скоро 3 месеци, преку ден ми заспива по 30 мин. 2-3 пати.
Нема чаре, ќе се научиш да спиете заедно Не знам што совет да ти дадам, упорна бев многу да спие во креветче, барем навечер ама не и не, се некој проблем и причина искачаше и еве го 8+ уште спие со мене. Јас никогаш немав страв дека ќе му направам нешто, никогаш не ми ни паднал, мајчински инстинкт де
Имате идеа како да спијат преку цела нок? Не знам дали дека јадат мали оброци, си се будат ноќе на 3 саата и бараат. Се консултирав со педијатaр, ми рече до една година да не прекунувам станување преку ноќ, ама страв ми е да не стане ова животен стил. :/
Кога воведов вечера почна да се буди само еднаш за цицање, второто му е околу 7ч и станува 8-9ч. Имате воведено вечера?
Јадат како врапчиња. И млеко пијат како врапчиња. Немаме воведено вечера. Уште се мачиме со ручекот повеќе да јадат количински. Постои шанса со вечерата да прекинат да се будат? Уште ова. Што даваш за вечера?
Колку количина јадат?? Мојов прекина често да се буди уште првиот ден кога дадов вечера, млекото повеќе не го заситуваше и држеше сит, уствари он од старт така станува.. Само со доручекот и пред се будеше на секои 2ч, со ручекот на 3ч, со вечерата се изнаспавме Вечерата најдобро е да е млечна, ама мојов најверојатно е алергичен на млеко, на кравјо 100%, на коза го тестирам уште, па давам житарки и овошје, што и за доручек, ако ти јадат повеќе зеленчук мешај со зеленчук. Некои викаат овошје им смета им дава енергија и не спијат, кај мојов нема такво дејство
@emkaemka малку јадат. едвај ~80 мл храна на оброк. И за доручек и ручек. Доручекот го давам на два пати Малку е нели? И млеко пијат толку. Макс 120мл. Добри се на килажа, релативно добри.
Ја преспива ноќта. Исклучок е кога вади заби(четворки вади сега и многу тешко) и кога е настината, тогаш кенка, прета, ама од млеко ја одвикнав на пет месеци. @Momichka од навика се будат. Навечер нема потреба млеко толку да пијат, не се новороденчиња, па на три саати. Нема тоа врска што јадат помалку. Колку има деца нејадачи, па спијат без станување навечер. Педијатарот ти е грешка што те советувал до година да пијат млеко ноќе. Пробај уште отсега да намалиш со млекото ноќеска. Тешко ќе е првите денови, ама ќе се одвикнат. Нам ни требаше пет-шест дена да се одвикнеме.
@Momichka слично ко кај @emkaemka и дунде мое. Кога почна да јаде количински преку ден и вечера, помалку се буди т.е. еднаш ил ниеднаш. Минтата ноќ не стана. 7 сабајле и беше прво и тоа со затворени очи бараше цице
Не е ич малку 80г, ама прашање е колку ги држи сити, пола час, еден, два?? Можеби уште немаат навика за јадење, треба време, исто и ти поупорна и со финти и залажување, многу битно е и да сватиш што повеќе сакаат да јадат, каква храна топла/ладна, текстура течна/ретка, на мојов и вид на лажица му беше битно.. Факт е дека вечерта е за спиење, не за јадење, нашиот педијатар баш ми кажуваше дека кај повеќето бебиња кога почнуваат со дохрана кратат ноќни подои, што бидна и случај кај нас, но кај тие кои не постепено мора мајките да ги кратат. Твоите се научиле преку цел ден да јадат (претпоставувам си го пијат млекото и навечер), доколку се намалат ноќните ќе се зголемат денските во количина и ќе ги држат сити. Ама во пракса знам е малку потешко, плус ×2
Мојава ептен намали со јадењето, многу вода пие, а и повеќе сака да цица. По 70-80гр јаде и тоа најмногу за ручек . Доручек и вечера ептен малку. 11 месеци е, период ли е, жешко ли и е којзнае . Утре ќе одеме да ја мерат и крв да испитат. Инаку не знам зошто во оваа тема пишувам, ама гледам жалете се од нејадачите па и јас да се пожалам.
И мојов деновиве ептен намали со јадење, а виси на цицка, јас мислам топло му е, плус вода ич не пие, едвај 10-20мл. Денес цел ден протестираше, околу 19ч го седнав во хранилка како последен обид и пуштив клима да дува над нас, е со молење ама ги лапна 300г Ептен ја погодивме темава Ај во име на неа добра ноќ