Koga ne vi se budat na 15 min. Ili pola saat srekni sve. Mene me pukna detevo I ne ne se budi za jadenje saka dA igra.
Мојава нема период на расонување. Отвора очи и одма станува и се движи. Како почна да се крева заспивањето е се потешко. Богами и она ко ќофте е.
Исто и мојот, син на мајка Си спие од 22h до 7-8h сабајле Ама затоа си лапка убаво оброци да не го подречам.
Ех да имам повеќе време за читање и повеќе штосови би научила "како полесно" )) Се надевам во скоро ќе се фалам со спиењето. Инаку спиеме одделно во креветче. Од 6 месеци во друга соба се они, јас спална.
Wow браво, јас немам таква храброст, ама кога ќе размислам не ни сакам Во креветче е ама со нас во соба Имаш камера навечер да ги гледаш?
@Среќичка на неколку метри се од мене. Вратата ми е отворена. Се ги слушам. Ставивме микрофон, и по цела вечер не можевме око да склопиме Стануваат доста често, и дека две... има забава навечер Често луѓето велат -не би можеле-, ама мене најмногу ми е страв да не заглавам со две тригодишни или пет годишни деца во спална. Сакам да имаме чиста граница до каде можеме и што не треба да се помине.
Браво! Јас на ,,нероден Петко,, викав до 6м со него во соба, потоа сам ќе си спие, во креветче де Ама како не се збори пред време, бебе се на се 10тина пати спиел во креветче, тој денски не е оставен сам, не па навечер, еве го спие и јас сум до него. Се тоа убаво на неколку метри, ќе го слушнам за било што.. ама јок ако не ми диши во врат и не ме мава со нозе во стомак не сум мирна
И да тегне за уши и за Како ти е најлесно, така прави Може дека кај нас собите се една по друга а не една карши друга ... А и во право си, две се па си се друштво сами за себе и @mariz мислам дека кажа дека бебуш со баткото и спијат во друга соба
Нај правилно си постапила, исто и јас со првата ќерка го направив тоа, од 6 месеци си спиеше сама во нејзината соба нормално со отворени врати,но сега станот ми е по мал и немам можност малово да го одделам, ама штом почне да спие преку ноќ одма ја ставам со сестра и в соба.
А ако се настинати како? Јас не би можела во друга соба искрено зашто нонстоп станувам ја проверувам.
Јас не викам дека не е правилно ама јас лично засега не би можела, сакам да си го гледам Со тешки маки во креветче го ставив, на почетокот си го зимав тоа може и најправилно да е ама.. Искрено чудно ми е деца од 5-6 години да спијат со мајка во кревет ама секој си знае за себе и прави како мисли.. Многу работи што мислев нема да ги правам ги правам така да ќе си поќутам
И јас знам како треба, ама и затоа реков, есапот дома и на пазар... Мене во раце ни спие, не па друга соба
Нема да заглавиш, сигурно. Си прифаќаат на таа возраст да спијат сами во соба. Инаку, кај помаливе - помирно спијат кога ја осеќаат мама до нив. Два примери имам. Штом ги одвикнав од доење, спијат по цела ноќ скоро секоја вечер. Големиот со нас спиеше до 4, 4 и пол години, лесно премина во своја соба. Знае да стане некогаш, ама ретко. А малово си спие со нас, за месец две години ќе прави. Не мислам уште да го делам од мене, барем до кај 4 години ќе спиеме во иста соба.
Се додека се буди за цицкање ќе си спие до мене, т.е. во креветче споено со мојот кревет. Кога ќе ја спие ноќта сврзено ( ќе дојде ли тој момент некогаш ) ќе пробам да ја оставам во детска со дада и , која патем сега спие со татко и на спална за да не бил тате сам . Ама моите многу се откриваат бе, цела вечер покривам... нејќат врекички. Како ли ќе е ич не знам. Реално мене не ми смета да смета да спијат до мене, само да не се будат. дури и убаво ми е да се до мене.