Мојата беше и остана неспијачка. Неколку пари по 20-25мин и толку. Дур заспала станала. Ама на цице обожаваше да дреме
Мене дури страв толку што спие, си мислам да не е болна, да не и е досадно со мене и такви некои бед филмови.
Касно ти е бањањето навечер, во 9 веќе треба да спие. Избањај ја порано, во 7, после нека спие. Ако се разбуди, не зборувај, само занишкај/дај цице/цуцла или што и да е, и биди тивка, не збори гласно, не пуштај светло, немој да ја креваш и да шеташ со неа низ соба. Брзо ќе презаспие, и би требало да спие до сабајле, со будење за цице евентуално.
Јас од ко е родена мојава пуфка секоја вечер ја капам во 9 еве три месеци веќе..сеа заспива во 10 навечер и во 5 станви за цицање..и пак призаспива до 9 сабајле...преку ден ич не спие освен во количка ако излезиме ама не многу максиум пола сат ако дремни...а инаку од кога дојдовме од болница ја навикнавме на галама и нема гајле кога спие и ,"топој да пукет" не се буди...секое дете своја приказна
Јас искрено не го разбирам тој концепт бебе да се учи на галама да спие. Кој од нас сака да спие во галама?! Да ми зборат и тропаат над глава и јас мирно да спијам. Можам да дремнам ако сум уморна и во погласно, ама сонот е друг и не сум баш одморна. Верувам и на бебе е исто. Мене кога ми се спие, спијам на кревет, не акам. Што би му го правела тоа на бебе? Да, некогаш и тоа треба. Да, некогаш и бебе ќе шета во "термин" за спиење. Да, некогаш и ние имаме работа кога бебе треба да спие. Се дур е умерено е нормално.
На галама -се мисли на тоа ваљда да не не смееш да шушнеш дур спие. Е јас па тоа не го разбирам. Од бебе кога спие зборуваме нормално, телевизор малку поднамален итн. Да беше поинаку, нит одмор ќе видевме нит ништо. Бебе во соба и дреми. А верувај има такви на кои што им е убаво во галама да спијамт. Маж ми неможе да спие на тишини (не дека не заспива, ами онака му е поубаво) . Јас спротивно. И се нервирам што е така затоа реков бебе мое не учам на "ни да шушнеш".
Не се работи дали го учиш или не, по мене. Кај мене дома е тишина. Маалото е мирно. Дома тв не пуштам затоа што бебе се загледува. Си игра на земја цело време. Со сила да и тропам не ми е природно за спиење. Кога е уморна знае и во сити мол, космос или надвор да си заспие. Ретко е тоа затоа што за спиење гледам дома да си е. Јас за бебе за се тргам од себе. Така и за спиењето. Едит. На одмор немаше проблем. И во количка си заспиваше без проблем. Сепак, во тишина најубаво спие.
Секој си знае шо е најубо за своето бебе...ако спијат бебето ное дома на прсти не ојме...све си е во нормалата...исто ко и пред да дојде на свет...
Самото бебе ќе си покаже како му е најдобро. Како растат така менуваат. Пр.за мојата .Од бебе немаше мака да заспие никаде, ни светло ни гужва не и сметаше, ја остававме со нас во дневна кога преспиваше ние низ дома кога сами кога со гости гајле немаше. И на гости кога бевмр ако и беше време за спиење одма ја заспивав. Како растеше бараше тишина. Сега спие сама во спална преку ден, ја заспивам исклучиво во спална на тишина. Штом шушне нешто додека ја заспивам и скренува внимание и се расонува. На гости да сме негде нема шанса да заспие, колку и да и се спие не се предава. Кога сме надвор а и е време за спиење без проблем заспива во количка. Има исклучоци нормално кога имаме обврски, ама гледам кога и е дремката да сме дома. Жал ми е веќе е голема, не и е толку комотно во количката кога спие.
Мојава па дома сака да спие на тишина, ако се растропам одма станува. А надвор кога сме знае да заспие и на галама. Во кафана на галама има заспивано, додека шетавме фрчат камиониона спие. Ова како помала . Сега повеќе разбира и се и одовлекува внимание и мора да е ептен уморна за да заспие. Ма да тоа е ептен ретко, секогаш за спиење гледам да сме дома. Од мала дома на тишина спие. Кога сме сами телевизорот е ептен ретко пуштенз а кога има гости нема шанси да заспие. Само ме нервира тоа што ако ја ставам во креветче се буди и пак ја заспивам. Во сред ноќ стане од креветче па ја ставам кај нас на спална. Секоја ноќ во сон праве мммммммм, испушта звуци и не можам да заспијам од неа. Не знам зошто така праве
Како сакаш кажи, 10 навечер за заспивање за бебе е касно, па и за дете, најдоцна до 9 треба да спијат, а не да се бањаат. Ама како си сакате. После потешко ќе стануваат наутро, потешко ќе заспиваат навечер кога ќе се намали потребата за сон. Моиве на таа возраст во 7:30, најдоцна до 8 беа веќе заспани. И? Дали 10 навечер е нормално време за заспивање на бебе? Мислам дека не, со оглед на тоа дека најквалитетниот сон е во периодот од 8 навечер до полноќ. Зошто тоа би му го ускратувала на бебе?
Колку само се напнати нови родители дека бебето морало да спие во галама. Не зборам за од тука, туку што сум зборувала со луѓе. Па постојано има изјави како, моето бебе ќе го научам има да си спие секаде и да спие во галама, нема трте-мрте во своја куќа јас на јајца да одам. Она што не го знаат е дека бебе не се учи на тоа. Или му смета или не му смета. Колку сакаш ти во галама успивај и остави да спие бебе, ама кога ќе видиш дека не заспива, плаче и се мачи, или си успивал саат време, таман си станал и се разбудило од галамата има и те како да одиш ко по јајца. Или спиело бебето во галама и одеднаш се штреца на секој звук, па родителите малку по малку, неосетно пак ќе се прилагодат на бебето. И не е зашто они така или вака го научиле. Исти сме и возрасните, некои заспиваат веднаш штом допрат перница, некои се мачат подолго, некои се будат веднаш од било каков шум, некои спијат и немаат гајле од бучава. Јас лично не сум за спиење во галама и бучава, сметам дека мозокот не може целосно да се исклучи и одмори. За дневно спиење е доволно да е затемнето колку да не можеш да читаш книга да речеме, но сепак да се гледа. И јас не сакам да спијам во бучава, нити сакам дете да ми спие така. За спиење се знае како е најубаво. Се согласувам со @Annath до девет во кревет. Мојата од два месеци почна да си заспива пред девет и уште го држи редот. Летово имаме исклучоци, но гледам да е легната пак тоа време, а станува најкасно седум ипол - осум.
Синко во собата кај што спие, да крцне нешто најчесто одма се буди, а галама од надвор не му смета. Жива среќа инаку незнам како ќе спиевме ноќе зошто спиеме со отворен прозор, а џагор од деца и луѓе кај нас пред зграда има до доцна. Практикувам за ноќно спиење да сме дома, особено што уште заспива со цицање. Плус ритуалот со бањање/миење пред спиење да си го запазиме. Денски знае и надвор да отспие.
Зависи, секое дете е различно. Незнам точно колку треба да спијат, ама мојата спиеше по 12 часа преку текот на ноќта ( и уште спие по толку, некогаш и 13 ) и преку ден два пати по 1 час. Ама од 13 месеци почна по еднаш да спие.
Толку спие и синко. Околу 10 часа ноќе, и 3-4 часа во две дремки денски. Сега на одмор малку смени, ќе видиме кога ќе се вратиме дома каков ќе е редот.
Мојата спие и во галама надвор и дома во тишина. Потешко ми е да ја заспијам кога сме некаде излезени зошто сака да гледа. Ако има луѓе, коли, ако е раздвижено тешко заспива во количка, се ја интересира да види. Ако нема нешто што и одвлекува внимание, заспива одма. За ноќното спиење ми е најбитно да е дома, си имаме ритуал и си го знае, бањање, млеко и кревет. Преку ден дома е пуштен тв нонстоп, музика и пуштам да свири, бебе си спие без проблем, а јас се однесувам нормално, перам, пружам алишта, правам ручек... Тоа не ја буди, ја буди на пример ненадеен остар звук, како трескање врата, силно ѕвонење на телефон, нешто да падне... Туку, бебе беше и си остана спијач. Бара да спие после секое јадење, неретко се тоа и по 4 дремки преку ден, и плус цела вечер ја преспива, за млеко се буди тек во 6-7 сабајле. Сум пробала да и скратам една дремка денски, нели како расте треба да се помалку дремки, ама не бива, она све повеќе Па ако сака дете да спие, нека спие, ја оставам. И тоа не се кратки дремки, обично сабајле првата и е 1 ипол саат, втората саат, а третата (и четвртата ако ја има) пократки, по пола час. 7 месеци е, а уште толку многу спие, сега дури и повеќе од порано