Маички, каков ред имате за спиење со вашите 9 месечни бебуши? Од пред некој ден почна да ми ги пролонгира периодите на будност - значи знае да е будна и да си игра и да не кемка и по 4 до 4. 30 часа.. Ама со тоа и го пролонгира времето на будност и касно ми заспива. Има 2 дремки во текот на денот, по саат, саат и пол се, некогаш пола саат само знае да дремне и пак толку време да е будна. 8 и пол месеци е. Знам дека како растат ќе можат се повеќе време да се будни но некако мала ми е заш тоа, штознам.. Барам ваше мислење, искуство.
Јас некаде на 9+ му ги споив двете дремки на бебе мое во една. Од иста причина, си легнуваше доцна, ако во случај го легнев со време, ќе станеше по 2-3ч или у сред ноќ и си поседуваше. Реално верувам да не му се ни спиеше, едната дремка беше 1.5ч некаде, другата 2-2.5ч. Така теравме до скоро, годинка има, спиеше еднаш по 3-4ри часа, но и тоа почна да му смета, па по 2ч будам. Мене ми е најбитно ноќното спиење да е долго, мирно, да спие, тоа го тера 12ч, па јас мислам ОК е. Секако некои спијат повеќе, некои помалку
Нормално е како растат да издржуваат подолго време будни. Ако мислиш дека му се многу двете дремки спој му ги во една или буди го да не спие толку долго. Па после му смета во ноќното заспивање. И јас сум со истата дилема. Овие два дена првата дремка ја затерува околу 1,5 час што многу ретко се случувало. Па потоа касно му доаѓа втората дремка. И ми прави проблем за ноќно спиење. Обично 20:30 веќе спиеше. Синоќа се боревме до 21, а некни до 21:30. Па ќе го пратам деновите, ако не се врати на старо , со две дремки по пола час, планирам да го држам до покасно и двете дремки да станат една. Место околу 11 ќе пробам да го легнам околу 13. Па да видам со тој распоред како би било.
Мислам дека кај нас тоа тешко ќе оди со една дремка. Да пробам да јабудам после 45мин дремка, па да видам како ќе биде.
Да , сепак ти најдобро го знаеш детето. Мојо со 1 час вкупно сон во текот на денот функционира. А вака му се собираат 2 часа и му е многу . За неспанко како мојот ќе треба кратење или ќе имам проблем навечер. А тоа не сакам. Убав ред си има.
И мојава исто почна. Едвај заспива навечер. Некогаш и 10 ја фаќа, а од 8 сме почнале. Ние ќе попаѓаме, она пее, вика, орна за игра.
Мојата ако не легне после тие 4-5 часа, игра, се траска од земја од што е уморна. И затоа мислам подобро ќе е 30мин до 45мин да отспие. Знам дека ќе се буни и ко ќе ја будам, некогаш и плачи така затоа што и се спие, ама мора некој ред пак да фатиме...
И мојава е неспијач за преку ден, ко твоево. Изгледа треба една дремка да почнам да и вовесувам. Се си викам мала е за една, ама па навечер алува кога спие 2 пати.
Пробав јас првин да ги кратам дремките, будев, постепено кратев, јок немаше ефект и само 15мин да го оставев да спие пак имаше проблем со ноќното. Јас сум од оние со ,,режим,, и став дека бебе треба во 20ч у кревет да е. И конечно периодов почна да станува 7.30-8ч максимум 8.30ч е на нога, иначе знаеше и до 11ч да затера, секако ако го оставиш, а до скоро едвај во 9ч го будев, мојов е спанко па не се ни буди Сега ете 8ч е станат, од 12-14ч е дремката, во 20ч сам бара да спие, он и во 19.30ч мислам би се успал
И јас по тоа се водам дека мал е. Ама изгледа не е . Ќе почнеме со нов режим. И мојот станува околу 8. Ќе гледам да го држам до 12 буден. Ете ова време сакаше веќе да спие. А сега нема абер. Кружи околу маса, клекни стани и цика .
Мојава ако не ја ставам да спие,нема да побара. Со сила нишам,нишам па да заспие. Па дури и 2пати ја ставам,мислев мора две дремки. Почна навечер до 22.30 да лудува па ако ја оставам незнам до кога ќе седи.
Јас па имам приметено кога ќе скокне дремка дење ноќе полошо спие, се буди често немирно спие. Сега деновиве зареди прва дремка саат ипол и втора пола саат до 45 минути и уште во 7 ипол му се спие што е супер. Само да потрае И да најново што сменив не го бањам навечер зошто се расонува, сега преку ден се бањаме.
Ете секое дете различно. Водете се по нив они се најдобар показател. Искрено мене најмногу ми одговара кога легнува околу 8и30. И јас одморена и он. А вака легнува во 21 , 21 и 30, а станат е пак во исто време околу 8 сабајље. Плус не изморува и мене и татко му додека заспие. Како претапани сме после.
Mојата е спанка, 2 дремки дневно по 2 саати во просек има (некогаш едната и е и 3+, па и 4 саати), и плус ноќе спие по 10 саати. 10+ месеци е. Сама си ја скрати третата дремка, односно покажа дека нејќе веќе така, па втората и третата си ги споивме во една подолга. Вторава дремка нема брзо да ја откачиме, така ми стои. Сигурно ќе има годинка и кусур кога ќе ги спои двете во една. Секое дете приказна за себе, нема правила
Пу пу немој да подрекуваш Сум кажала бебе до 4ти спиеше по 20ч едвај и да беше буден, па до 8ми се си кратеше и кратеше.. 2ра и 3та дремка ги споив кај 8ми, за да 9+ месеци биде со една. Но ноќното не е под 12ч сон. И мене ми стоеше малку една дремка на 9-10м бебе, ама пак у 22ч да легнува ич не ми идеше ОК. Секако секој нека се води по бебе, јас сум убедена дека на бебе мое му е доволно толку сон, он е фит, весел, свеж. Па и од кога почна да има една дремка, да не подречам едвај и да станал навечер да си поседиме
@emkaemka арно викаш, да си ќутам поарно Мојава легнува во 20.30, најдоцна до 21.00 мора да е во кревет заспана и тука не правам компромиси. Станува најчесто околу 07.00-7.30 наутро, ретко да поспие до кај 8.00 (тоа ако ноќта била будна, па знае да надокнади сабајле). Првата дремка и е од 10.30-12.30 во просек (некогаш и повеќе), втората од 15.30/16.00-17.30. Ако првата ја затера 3 саати, втората и е пократка, саат ипол макс. Никогаш не будам, сама си станува и темпирана е скроз Ред се трудев уште од новороденче да воведам и фала богу успеав, легнува навечер во исто време откако е родена. Бањање пред спиење ни е секогаш. Твојот има една дремка, ама па ноќното му е 12 часа, така што таман си е
Мајки, сметајте дека во зима се менува времето на заспивање, не поминуваат толку време надвор и не се изморуваат исто како во лето, затоа и менуваат со спиењето. Денот е пократок, нема доволно време да ја истрошат енергијата, небитно колкави се, и затоа е вака. Моето летоска во 8:30-9:00 беше комирано, сега и 11 знае да ме најде, со тоа што има една дремка преку ден, од 2-3 часа, што спрема мене е премногу. Им велам да го будат после час и пол до два најмногу, за да може навечер на време да заспие. Едвај чекам лето да ви кажам право.
Леле само моево ко бебе си тера значи Станува околу 7, 9-9.30 прва дремка , околу 14 втора,17-18 трета. Во 21 рика за спиење и преспива цела вечер. Инаку дремките му се по 2часа освен последната 40 мин Јас го оставам вака да тера, он без дремките е нервозен,само трие очи, оди по мене ме влече да го успивам едит- јас сум приметила ако не ги тера дремките по време и ред,навечер лошо спие и порано се буди