Јас го имам ова, значи слични се. Иста им е намената. Не е битно на која страна спие додека спие на вакво перниче бидејќи главчето им паѓа во дупката, а вратот е добро потпрен, треба повеќе време за да се оформи главчето. Вистинска форма ќе добие кога ќе поминува повеќе време исправено.
Мајки вие што имате бебиња стари 1-2 месеци спијат ли преку ден и по колку пати и колку време.Моето синче е 7 недели и воопшто и да не спие преку ден,едвај некогаш да поспие 1 сат,најчесто дремне додека цица,го ставам во креветче се буди и не заспива пак.Нормално ли е да не спие преку ден,сепак е многу мал? Кои се вашите искуства?
Луѓе ја више душа немам,сериозно се плашам а сите само ме тешат дека е нормално. Нон стоп, ама нон стоп кенка и прета во спиење. Ноќеска стана еднаш со зајдување. Еве вечерва уште не можам да легнам од страв. 2 саати се боревме со тоа вриштење. Прета се тегне кенка вриснува, плаче до давење. Дури ми личи ко да се стресува на моменти. Има тт од вакцина, ама не го поврзувам со тоа зошто ова се случуваше и пред вакцина а и летоска. Ок е дека и тт влијае. Ќе заспие убаво ќе ја легнам и за 10 минути почнува хорор. Задремува на нога што се вика у следна секунда се трга и вришти. Дење е весела си игра, јаде пие.. се глупира, трча.. Многу сум со стрес периодов ради случката што ја поминавме со мајка ми и сега од ништо немам мир. И дадов ефералган, зошто имаше тт пак, а и да ја смири малку и сега за сега е мирна. Не знам веќе што да правам. Ова е лудило.17+ е иначе. Имал ли некој ваква ситуација? Ептен делува страшно.
Исти сме, ноќта ни е хорор, само што кај нас почна откако го прележа стомачниот вирус пред еден месец, па малку се потсмири и сега откако ја прими мрп, пак, плаче,прета, абе жива ненаспана сум.Не ми се ни легнува од помислата дека цела ноќ се буди. Вчера ноќта како завришти, кога сум рипнала. Катастрофа
Страв ми е да легнам да спијам а еве мирна е моментално. Знам како синрипнала веќе пашаме у делириум и не сме свесни што се случува. Се мислев на дежурен да ја носам ама се смири. Ме плаши зајдувањето. Буквално се бори да земе воздух.
Мами за некој ден беба прави девет месеци, последниве денови воопшто не спие цело време се буди а и кога спие мрда постојано. И преку ден е нервозен и само кенка. Мислам дека не се забчиња затоа што две му излегоа сега, а горните две воопшто не се на повидок. Има ли некој скок во раст во овој период или што би можело да биде?
Има тт уште? Може и од вакцината, оваа вакцина давала појаки реакции. Да се надеваме дека за брзо ќе помине.
37,5 измерив дадов сируп зошто веќе неколку дена е со тт. Ама вчера и денес преку ден немаше. Се надевам... ептен ми е страв, цел живот ми е стресови, последно искусив нешто многу страшно, а она виде се..... офф.... само да помине ноќва
имаме 3 недели..јас упорно ја учев да заспива во моја близина но без думкање тресење и слично...откако почнаа преку ден на 2 часа да ја вардат стариве и тоа додека спие таа почна да не заспива без нишкање...страшно сум нервозна овие два дена...дајте чаре..ја научија така а никој не помага..навечер сите си спијат уво не ги боли...
Мајка пробај да спие до тебе додека да заспие цврсто ..додека да пројдат тие минути на плачење...а потоа префрли ја во креветче...можеби ќе има некаква позитивна реакција...истоо и пробај блузата што ја носиш преку ден да и ја ставиш близу до глава во креветче...најчесто така вриштат при недостаток на мајчиниот мирис (барем вака не учеа во ремедика..се породив пред 3 недели)
Си менува бебето. Јас не верувам дека нешто можеш да научиш бебе од 1 месец. Секој ден е различна приказна со толку мало бебе. Џабе се нервираш. Што побрзо прифатиш како што е ситуацијата, подобро за тебе и за бебе. Еве јас, до 2 ипол месеци, скоро 3 ја заспивав во раце. Сега не сака да заспива во раце. Преку ден заспива во количка, ноќе во креветче. А не сум ја учела ништо. Само трпение мајка.
Колку дремки имаат вашите бебуши на 8 месеци, мојата има 3 ама се мислам да и скратам на 2 дека 2 вечери по ред не можеме да ја успиеме 12 не фаќа.
Оффф 3 нед мене сестрите ми викаа не знае уште кај се наоѓа. Сакаат места тесни слични како во стомак. Толку мало бебе не може да се научи, само така се чувствува поубаво. Моето еве 2месеци сака да заспива во раце, ми се беси со рачето на блуза. Додека не заспие цврсто, не смеам да го спуштам. Сега за сега ти прилагоди се на него, рано е уште за учење.
Моево е 9 + и има 2 дремки сега. Едната кон 11-12 зависи другата после ручек околу 16ч. А навечер до 21ч е заспана
Кај мене 40 дена полни следна недела и имам чувство дека преку ден не спие доволно. Навечер заспива длабоко од 18 часот до наутро до 6 (станува за храна на два сати), но преку ден како само да дремка најмногу саат време и се буди. Се смени кај тебе нешто?
Преку ден некогаш заспива со цуцла, но бидејќи се дави и ја вадам штом заспие. Навечер не би и оставила.
Добро утро мамичкии... ние дме една година и имам едно прашање.. моево спие три пати во денот по саат време ,саат ипол.. значи му се собираат три ипол саата. Дали е тоа нормално? Бидејќи првото на негова возраст веќе беше намалил на 1 пат со 2 часа. Ако не му дадам да спие е нервозен.
Обично навечер заспива до 22:00, а се буди сабајле 7:30 / 8:00. Мала дремка има околу 10:00/11:00 и обично ми преспива во раце пола сат/сат. Баш денско спиење му е околу 14:00/15:00 и тогаш спие отприлика 2 саати. Некогаш дремнува и околу 19:00, а некогаш не. И тогаш дремката му трае пола сат/сат. Најчесто е вака,ама постојано нешто менува. Некогаш му текне да се разбуди ноќе и да седи буден по два саати. Некогаш убаво си спие се буди на 2/3 саати за цицање и веднаш заспива. А некогаш цицне малку,заспие,па пак се буди за еден сат. Не можеш ред да фатиш. Денеска прави 2 месеци,се тешам дека уште малку па ќе фатиме некој ред. Освен ако не не поремети тотални скокот во 3 месец. Инаку апликацијата The wonder weeks ја има само да се плати или има и бесплатна?