И мојава знајт на стомак да спијат, па на грб, па на страна. Нема правила секое дете си е прича за себе, не се оптоварви многу
Цело време во релаксатор сака да спие. Упорно го ставам на рамно, нејќе се буни, се тегне, кемка и на крај плаче и ајде пак или во раце или релаксатор зошто толку раце држат. А навечер не сака никаде да спие, само кемка. 1 месец бебе Ај да се смениме Ние сме обратно Супер е ова, но доколку имаме и поголемко детенце(2 и 9 месеци во мој случај) на кое кемкањето од малото го буди? Со поголемиот имав ред од мало, а сега некако неможам да воспоставам со второво баш од таа причина.
Сака да е стуткан. Во креветче е широко. Пробај прегради му некако како гнездо да чувствува сигурност. Мојот еден период само во транспортер спиеше преку ден. Кратки дремки- пола час, 45мин максимум. Преку вечер цврсто заспиен спиеше во креветче.
Затоа препорачуваат noise machine. Јас си симнав апликација на телефонот за тоа. Идеално би било двете деца да се во посебна соба, ама реалноста е дека ретко кој има такви услови. Решението за овој проблем, според книгава, е двете деца да имаат посебен извор на white noise, поставен во висина на главата надвор од креветчето. Треба да е пуштено прилично гласно, велат да се слуша позади затворена врата. Со тоа детето ќе има постојан неодреден звук со кој ќе спие и затоа нема да му пречи дополнителна бука (како плачење на друго дете). Бидејќи немам две деца, не можам да кажам од лично искуство како ова функционира, ама имам прочитано многу сведоштва од други мајки на кои ова им помогнало. Моето бебе спие без проблем со white noisе дури и кога јас сум седела до неа и правам муабет со другарка, буквално над глава и пиевме кафе и гајле немаше. Секако, колку е постаро детето потешко се навикнува на промени, ама упорноста е најбитна. Можеби нема да фукционира за секое дете, ама бидејќи малава речиси 100% функционира успешно според советите од книгава, јас топло ја препорачувам на секоја мајка.
Исто исто, најмногу сака во релаксатор иако се трудам да го ставам на рамно. Верувај секакви гнезда имам правено, дури и релаксаторот во креветче го имам ставано, но џабе, многу немирно ми спие навечер, на смени седиме со него. Викате се менува, се смируваат после 40 дена, после големата молитва?
Веројатно од грчевите не спие мирно. Нас од кога ни се подсмирија спие мирно и цврсто до пред будење кога почнува да мрда со раце и нозе и да се удара по лице. Меѓутоа пред тоа само р'жеше во сон и преташе постојано. Се подсмири кога наполни два месеца.
Така е баш,' рже како куче, претходно беше дење-ноќе така, 24 h, а сега претежно ноќе... Сепак изгледа нема чаре, ќе мора да почекаме секако се навикнавме...
Ржеме и ние,како старо чиче мрчи...многу немирен сон. Се е ради грчевите. Еве уште некој ден 2 месеци ќе полни нема спиено мирно. Во гнездо на креветче спие и се само буца со нозе,со раце. Едвај чекам да помине овој период.
Во ШКЉ положба На стомак, па те на лево се врти, те на десно, на грб.. Ја легнувам вертикално, ја наоѓам хоризонтално, главата кај татко и нозете кај мене врз глава Или па е на пола спална с’мкната, главата во правец на мојот стомак. Се си мислам некој ден ќе ја најдам на под
Пиши на yt airplane cabin white noise jet sounds,10 часа трае (и тоа пуштам на звучник купив од нептун huawei за 900 ден) ние спиеме веќе 7 месеци со тоа,како порано не го откривме
Со нишкање, пеење и Шетање (ако седнам одма се буни) за мене ова е најголем проблем и требаат 20-30мин да се успие.
Во спална се пушта фен за коса да дува , ова од искуство ти кажувам на првото дете. Колку појако брмчи тоа подобро Второво ми е полесно за успивање. Тој буквално спие под саат (станува во 6-7 сабајле, прво спиење му е во 8 кое трае 1 час, второ во 10.30 исто така трае 1 час, трето во 12.30-13 и спие до кај 15-15.30 и последното спиење во 17 кое е само 40 мин, Ова последно некад го спие а некогаш не и навечер заспива во 19.30 точно) и каде и да се наоѓа во тој период си бара спиење. Обично го ставам на рамо, вртам некој круг и готово. Или пак го ставам во количка и нишкам напред назад. Навечер се знае, го нишкам на нозе и во креветче. Се надевам нема многу да ми смени вака тера од роѓење инаку има 10 недели. Понекогаш мислам дека цел ден го заспивам . Не му менувам темпо, ок ми е иако знам дека ке смени кај и да е и повеќе ќе биде буден.