Мојот фен дува на ладно имам опција за ладно. Ова ми беше мака со првото дете сега со второт немам гајле
Сама се успива си пее и заспива како бабите е дремни стани а многу често на цице ми заспива пушти ја се буди
Мајки на 10+ месечни бебчиња,колку пати дневно спијат вашите и по колку часа врзуваат сон денски? Порано денски ја успивав по два пати,еднаш околу 12 до 13:30-14 часот и вториот пат околу 17 до 18,18:30. Но веќе неколку дена не заспива воопшто денски,вчера едвај еден час имаше спиено од 17 до 18 ч.
Ние од негде 9+ и еве скоро година уште тераме 2 дремки. Станува во 7 и пол (ако не стане, ја будиме зошто ја носиме кај баба и) Прва дремка околу 11 до 13. Втора дремка од 16 до 18. И како труп заспива во 21, 21: 30. Така сме ние. Не е секое бебе исто, како што и секој човек не спие исто.
Може треба да му намалиш на една дремка дневно. Нас ни правеше таков проблем кога намали на една дремка на 9м. Биди поупорна еднаш обавезно да го заспиваш, најди некој начин додека се навикне, мало е да не спие воопшто.
Скоро 1 годинка е, веќе 3 месеци има две дремки. Една сабајле по доручек (накај 10-11 до 12) и една по ручек околу 15ч до 17ч. Заспива во 22 најдоцна, но кога има мака со заби, не' држи и до полноќ. Без исклучок се буди во 7ипол секој ден.
Ова моево изглеа нема време за спиење дење. 6 месеци има, веќе скоро две недели е на две дремки, обично двете по помалку од саат. Спие ноќе, така да не се бунам, ама ми е чудно колку брзо го откажа третово спиење..
Навечер заспива кај 22-23, сабајле станува кога-како. Некогаш во 8, некогаш порано/покасно. Во текот на ноќта се буди неколку пати за цицање, воглавно на два саати. Денски некогаш само дремнува кратко по неколку пати, некогаш заспива кај 13-14 па спие докај 16-17. Некогаш цел ден го преспива.
Денски дремки имаме многу по 15 мин,половина час после цицање до 15 часот после од 15 до 18 така плачи,вришти непогоден. А навечер од 21 :30 стснува во 1:30 цица па во 4:30 цица и 6 стануваме. Рееед никаков
Значи слични сме некако. Така сме и ние, по 2 пати, 3,навечер за млеко, со неколку кемкања ама воглавно спие. Денски како што спомнавте, без ред некако, по неколку дремки на ден по пола саат или саат. Среќа грчевите се смирија мноогу.
Здраво мајки. Бебе има 2 месеци. Веќе половина месец мака мачиме со дневното спиење. Навечер спие мирно во креветче и се буди само за цицање. Тоа трае од 22h до 10h сабајле. Тоа е супер спиење,ние сме наспани. Но,преку ден мака мачиме за заспивање. Разбирам дека можеби си е наспиена ама мислам дека е премногу мала за да не спие цел ден. Многу тешко заспива,со нишкање во раце кое трае половина час,а кога ќе ја легнеме,се буди за 5-10 минути. Не ја форсирам да спие,туку пробувам да ја успијам само ако плаче за спиење(очињата и се црвени и постојано зева). Ама не успевам. На крајот од денот во 20 30 се бањаме и почнува церемонија за заспивање која трае некогаш и до 23 h. Знае многу да се уплаче и да се вцрви а никогаш не ја оставаме да плаче. Несака цуце и нема шанси да заспие сама...очајна сум.
Ако ти е некоја утеха и мојата беше така. Преку ден едвај спиење. Повеќе од 15 мин преспиваше само ако ја држам во раце, и ја држев, ми беше жал. Сега е 6+, спие 3-4 пати преку ден. Еднаш обавезно 2 саати а другите дремки по саат. Така да трпение, се поминува, ќе си направи ред. П.С. Ми се качија на глава со тоа не ја држи ќе се научи така нема да сака да спие поинаку. И не, не са научи. Заспива на спална, сама, само сака да сум до неа дур заспие.
Жени кажете лек, малава на 11 месеци почна да спие со нас. Никогаш немав мака со нејзе, вака почна да право откако се разболи. Навистина како да се разгали детево. Ако ја ставам во креветче одма се исправа и ме бара мене, ја легнувам до мене спие цела вечер без да се буди. Како зависна стана од мене, не можам до вц од нејзе да појдам морам да лежам со нејзе. Не ми е проблем сето ова, ама баш сега на 11 месеци?
Истото го правам. Многу често ја држам во раце за да поспие од што ми е жал. Исто и мене ми викаат за држењето во раце ама не гледам друго решение. Фала на утеха. Се надевам ќе смени.
Син ми многу малку спиеше преку ден а навечер си заспиваше и спиеше цела ноќ само се буди за цицање. Имаше денови кога и јас како тебе го успивав по 2-3 часа па плаче па носи, нишај. Сега ќе прави 8 месеци па исто некогаш преку ден спие 1 некогаш и 3 пати. Ама сега е полесно кога не сака да спие се игра, седи во дубак, гледа цртани итн. Сакам да кажам полесно е бидејќи нема да се нервираш кога нема да спие ќе ја занимаваш со нешто ќе поминува време и кога ќе и се спие полесно и побрзо ќе заспива. Не се нервирај ќе помине и ние бевме исти.
Мајки ве молам за совет! Како да ја одучам малата од заспивање на града? За една недела прави 6 месеци и ако не е на града друг тешко ќе ја заспие. Ве молам за совети, искуства.