Првите три месеци станував да сменам пелена, потоа веќе не какаше навечер. А за цицање 6м сме уште станува.
Јас менував пелена само доколку беше какан,сега исто не ми кака навечер. Ако е последно цицање 22/23 часот знае кај 1:30 да се размрда,да шмука како да цица и веднаш го кревам за да цица,па следно цицање 4:30 исто така прави заспан,и во 6:30 стануваме. Можам да кажам дека спијам ноќе со оглед на тоа дека не плачи и не се расонува. Од раѓање вакви ни се ноќите,сега сме 3м.
До 4 месеци цицаше 20-40 мин па презаспиваше, после 4 и пол само трга 2,3 пати и одма презаспива, ама така на 1 час некогаш на пола час, ретко на 2
Мајки спијат ли немирно вашите бебиња? Моево нема црвст сон, туку цело време претка, мрда или убрзано дише па се смирува. Спиеме ноќе ама цела ноќ е вака. Успеав на грб да го научам да спие а некогаш и странично. Месец и една недела сме.
Ние сме 4 недели и пред некој ден така ми почна да ми мрда, да пушти некое гласче, да се сврти и пак си продолжува да спие. А да и некогаш забрзано диши и поизразено е и ја слушам. Еднаш дури и се заплашив ама сфатив не е ништо страшно. Бебчиња се мали, секакви промени ќе има со растењето сега.
@BabyT @lackygirl @Happyinlove Фала мамички. Значи различно кај секое бебче. Ајде ќе видиме мојава каква ќе биди.
Од грчевите,исто скроз како што опишуваш така беше. И 3 полни месеци сме намалени се,но во текот на денот знае да има немирен сон,да мрда,да мрчи како чиче,ја мрдаше главата,па нозе креваше... Само трпение ке поминат. Колку толку се смируваше кога ке запреташе со нозе,јас му ги придржував кренати накај меше и ке се опуштеше на кратко. Душички..
Ние сме 3м и 3недели и има ноќи кај што спие помирно, ама еве па овие ноќи цело време прета, ги крева нозете нагоре, испушта крици и лесно спие а уствари спие цела ноќ.. Незнам и јас зошто, препишувам можеби на жешково
Здраво мајки, ние сме 3 месеци и 10 дена, скоро месец ипол си заспиваше во 21 и30/22 па спиеше до 5/6 сабајле, ретко се будеше нскај 1/2 за млело млеко па презаспиваше до кај 7/8. Последниве две недели одприлика заспива во 21 и 30 одприлика, се буди во 23/23:30 за млеко, па во 2/3 пак, па спие немирно како во полусон и во 6 одприлика пак бара млеко. Има во 3ти месец скок во развој или ? Незнам што може да е, знам дека е мал и уште ќе менува ама од едно пиење млеко во ноќта, сега на три е.
Да не му е малку количеството млеко? Кај мене синко така кога прави знам дека е гладен и дека треба да зголемам доза млекце.
Па и јас тоа мислев ама не сака повеќе од 120 мл. А и преку ден уште од почеток не спие многу 3/4 пати по 30-40 мин, еве го денес уште нема врзано дон повеќе од 20 мин, некогаш ако лежам јас до него знае да поспие 1 ипол саат.
Можеби и фаза е. И кај мене така прави и сега понекогаш навечер ама ноќ-две и му мине. Малечки се, сега најмногу менуваат и многу брзо. Растат
Не е гладен. Скок во развој, плус почнувате со sleep regression. Ќе намалува со спиење, ноќе ќе почне почесто да се буди. Не е од глад, не нуди млеко, ќе му создадеш навика, па ќе се буди и кога ова ќе помине.
Ама па му давам 100 мл чај и вода му давам барем 30 мл дневно незнам колку смеам на 3 месечно бебе. Инаку само на ад е
Пробај малку незасладен чај дај му, ќе видиш. Ако го одбие и сака млеко, гладно е, ако го пие жедно е. 30мл млеко за таа возраст не е ништо.