Моето е скоро 13 месеци ноќе станува на 2 часа, цица, презаспива, се пробавме и не научи никако да спие ноќе, јас сум жива ненаспана, макар се навиканав на малку спиење, пијам витамини, магнезиум. Дење спие 2 пати по 1 до 2часа.
Работата е што млекото и градата не му се само храна на бебето. Тие му се и утеха. Има уште потреба за цицање со устата, затоа и бара ноќе. Плус, во млекото си има и хормони за успивае, а и самиот процес на доење го успива и олабавува бебето. И мене една ми викаше доста и било доење ноќе 6 месеци кога имаше, ама не можев да го замислам тоа. Што требаше, да ја оставам да плаче? Слушајте се самите себеси и вашите инстинкти, од доење ноќе нема никакви проблеми да има понатаму.
Ја споделив статијата за да се отвори дискусија и да се сподели искуство од другите мајки. Моето бебе има 2 месеци, секако дека го дојам навечер
Моето никогаш не заспало на града додека цицало, ако можам така са кажам. Веќе цели седум месеци, навечер, се подрасонува и цица. Ама баш цица, се слуша голтање онака сочно. Завршува, пушта и се врти на друга страна и продолжува да спие. Од старт е како програмирана на два часа. Некој ке ми рече цуцла лажливка си и, но не, да беше така ќе заспиваше на града нели и ке мораше да ја тргам. Оваа техника со нишкање, гушкање ја пробав. Ке ја земам во раце, и ке заспие. А ја спуштам во креветче за пет минути будна. Изгубив две ноќи така и џабе. Некое дете спие, може да се научи. Моето или неможе или јас незнам и не сум доволно упорна.
Со нишкање пробав за да не дадам да цица. Да пробам да укинам барем еден подој навечер, па нели со гушкање. Мора да нишкам зашто моето заспива само во раце сеуште, ако не и дадам да цица за да продолжи со спиење, она се расонува.
Со нишање е уште потешко, заменуваш само со нешто друго. го окркав јас со нишањето, затоа ти кажувам. Терај си вака, нека си цицне, можеби и сака да види дали си тука, можеби е жедно, можеби му треба само мала утеха, ама баш ништо лошо не правиш. И да ти е мачно верувај помачно е со нишањето.
Иста е и мојата дур не ја испразне градата не престанува, ќе се нацица ми се врте со газот и продолжува. Мене ме истоштува тоа станување 5,6пати да цица, ако стане 2 пати јас сум среќна и наспана.
Ова вашево е цицање. Кај мене буквално од прв ден заспива на града, па потоа ја тргам. Ако не е добро заспана при тргање се буди плачки и пак градата. Тоа е цуцла за неа. Не е ниту утеха, ниту гладна. Кој има случај како мојот и е во рани месеци веднаш да смени техника на успивање, зошто нерви ќе искине плус проблеми во врат ќе си добие и вртоглавици гратис. Јас секако се обидував но не успеав да сменам. Бебе се навикна на ритуал и сега не сака промени.
И сега,скоро на годинка така прави? Што се промени во однос на доењето до сега кај вас? Да си знаеме за во иднина Знам дека ноќниот подој се укинува последен,ама дали барем спиењето е на повеќе саати,на таа возраст јадат храна,ваљда ги држи подолго сити да не се будат на краток интервал?
Eve mojov e 12 meseci po cel den ke jade se i sesto denje ke spie samo 1 saat pred da zaspie mu davam da pie i taka si spie cela nokj ja mislam zatoa sto e sit i zatoa ne stanuva dodeka ne pocna da jade Po dva tri pati navecer stanuvase
Ништо не се промени кај нас, како што пиша Фри јас сум му цуцла на синко, тоа е тоа.....само кај неа од 9 месеци почна цела ноќ да и спие малата, а моето на 2 саати станува и цица, скоро 13 месеци ќе прави. Цуцла никако не фати, в креветче не спие, скроз ме "окупира".
Да. Главна борба моментално се води кон менување ритуал на заспивање. Досега ни успеа два пати. Само два пати во 11 месеци заспа без цицка во уста. Овие последни месеци е хорор со касање. Од каде заспива на града и каса со сета сила. Очај. Како што кажа Лаки од станување на 15 минути девет месеци наеднаш на 9 полни сврти да спие по цели вечери без никакво станување. Спиење во креветче кај овие бебиња е невозможно бидејќи се нон стоп на града. Така да спиеме на земја на душеци со нејзините нозе на глава, па во стомак, па доле кај нозе како вртелешка спие. Само чинот на заспивање смени го. Инаку твоето и треба да цица само тргај се пред да заспие не дозволувај да му ја вадиш градата од уста заспан. Сега ти е лесно али многу многу тешко ќе ти биде подоцна.
Мајки помош Бебе е 2 месеца и 10 дена Имаме проблем со спиењето, денски си спие а навечер пример од 21 ,22 до 6 , 7 сабајле ми седи. Очиве потечени за спиење му се ама не заспива .ни нишкање ни пеење ни приспивна музика ,ни цицка ништо не помага .Оно си се смее си гука мене ми се спие Преку ден па јас неможам да спијам а и кај нас се има некој, никогаш неможеш на раат да легнеш а вака поради него па и навечер неможам. Одвај со 2 3 саата спиење функционарам само
Ако спие преку ден, нормално дека ноќе помалку ќе спие. Пореметено му е кога е ден кога Е ноќ. Прво пробај полека пополека да му го скратуваш времето на спиење преку ден, буди го ако треба, нека биде галама пушти тв, запали светло, и навлегувај со време навечер помедтувај му го спиељето ама неѓа да можеш наеднаш нема да издржи така ќе го измачувааш. Навечер изгаси светла, некоја прогушена светлина нека има само да можеш да го гледаш, нела биде тивко и гледај некој ритуал да имате пред спиење можеш бањање, па масажа нежна, давање на капките д3, облекуваање во чиста пелена и алишта и го ставам во вреќица за спиење цица и полека ги затвара очите. Најчесто цица легнати на спална а јас настрана и си продолжува да спие. Ако се нацица брзо, а не е заспан почнува да се трга и го зимам во раце го нишкам. Тука можеш или да му пееш некое проспивно песниче или да му пуштиш тивко на мобилниот. Така ќе створо навика кога ќе ја слуша таа песна дека е време за спиење. За почеток мој предлог е да го разбудиш порано, на пример ако ти спие до 21часот,ти разбуди го во 19часот,нареден ден во 17,потоа во 15. Така ако си легнува сабаајле во 06, ќе почне да си легнува во 04,па во 02 и со тек на време ќе стасате до посакуваното 09-10-11.
Ова што ти пиша @ocicka2014 пали. Стварно е така. И јатрва ми има мало два месеци и тоа до 1-2 е будно. Ама она ич не му се замара. Ме прави улава мене што го заспивам моево во 21h, а и тоа е касно ама пак е супер. И јас ова истово и го објаснив ама без ефект. . И да додадам, навечер кога се буди и плаче, никако не пали светло, не и збори, не тропај со играчки. Само гали, гушкаји пеј и тивко.
Ќе пробам така со будењето Инаку и му пеам и само тв работи навечер ама додека се среди со ден ноќ мака ќе видам