Мајки дали вашите малечки стануваат за цицање навечер и по колку пати..ние сме 3 месеци скоро и се трудам да и направам ред за спиење и цицање .ја легнувам во 8 9h и ни се случи 3 4 пати да спие по 6 7h да не се разбуди за цицање а некогаш станува и на 2h се трудат да ја сватам техниката како да преспива повеќе време дали рано ја легнувам или не се доцицува многу за да ја држи.. ве молам за мислење.
И кај нас е истото. Мојот еве го 9 месеци, истото го прави. И порано го легнував, и покасно, кога спие повеќе преку ден, кога помалку- резултатот ист. Не се сеќавам кога ја има преспиено цела ноќ. Се надевам некоја членка ќе не просветли со некој совет хаха
Ние од 2ипол месеци почнавме да ја легнуваме бебуш од 9 навечер. На почеток се будеше секој пат различно . Сега сме 4 месеци и веќе почнува да спие и по 2 пати по 4 часа а вчера и денес на 5 и 6 часа се буди за јадење па можам да поспијаж Е ќе видиме дали вака ќе тера понатаму тоа само ќе си каже а ние битно најстрого се придржуваме на времето за спиење па незнам дали тоа влијае.
Многу влијае. Најбитно е да се биде конзистентен. Да се направи рутина и строго да се држиме до тоа, и со тек на време детето ќе ја прифати.
Па еден час пред спиење намалуваме светлина секаде и повеќе не ја играме, може само да ја шетаме низ собите, тв никако да не работи. Точно во 9 ја дојам веќе со изгасено светло, свелина има само од ходник за да не биде целосна темница да не се плаши. Откако ќе завршам со доење пуштам музика, на почеток детски песни и пуштав и ја нишкав и и ги пеев. Заспиваше после некое време. Сега и пуштам инструментална, без да и пеам си заспива. Значи откако почнавме со таа рутина (без ниту еден ден исклучок) бебето научи кога е време за спиење. Преку ден исто преспива 2 до 3 пати по пола саат до саат, тоа си е ок, и треба да преспива.
Секоја вечер во исто време почни со иста рутина. Бањање, доење/јадење со изгасено светло и заспивање. На бебињата им требаат 3/4 дена да се научат на рутината. Ние имаме ваква рутина од прв ден кога е вратен од болница и пред некој ден после бањање, останале 2 светла упалени, абе кога почна да плаче, нејке да јаде, додека не ни текна дека сака само со мало светло да цица пред спиење Викендов бевме и надвор од дома со спиење,баш ми беше страв дали уопште ќе спие, ама исто и во хотел напраивме, го соблековме у пижамки, изгасивме светла и си заспа исто како дома. Е сеа, у хотелот нејќеше да спие во детското креветче дека душекот беше многу доле, па спиеше до мене, ама еве дома нема гајле, пак си спие во креветче.
Моево бебе е 2 месеци и веќе два дена мака мачиме со спиењето,ни преку ден спие повеќе од 30мин ни пак ноќе,незнам мислам дека не е нормално да не спие толку многу,не го боли ништо еднпставно си гледа почнува да гука и на моменти е нервозен за спиење а не заспива
И ние така со нашето бебе мака мачевме. Навечер секогаш во исто време беше нервозна, плачеше, и мислевме дека не е доволно нахранета па и дававме и дохрана АД. Се правевме, а всушност не го правевме најважното - рутина, конзистентност. Се мачевме до ниедно време да ја заспиваме и секој пат различно. Ептен беше хаотично. И решивме да воведеме строга рутина како што ја опишав претходно. Уште од прва вечер профункционира. Маж ми ме убеди дека 9 не е рано за заспивање, мене некако ми се виде рано но сепак не е, за бебе дури треба и уште порано да се почне со заспивање.
По книгата јас што се водам викаат и во 7 дека треба да си легнува бебето, ама и јас ја држам до 9. Особено летоска, во 7 е ден уште, никаква смисла ми нема тогаш да ја успијам. Само рутина, колку си построг, толку побрзо го прифаќаат редот.
Значи ние по книга одиме. Во 19:00-19:30 во кревет е искапена и нацицана. И спие до 7:00-8:00 само во 3:00-4:00 се буди за цице. И тоа да ја занишам ќе презаспие, но градите ќе ми пукнат И да не се молзам И давам да цица. До рутината е. Од кога е родена истиот ред го тераме. Гости враќам или им кажувам дојдете И до 18:00 одете си или после 20:00 ама бебе не гледате. Прво мајка ми И свекрва ми беа шокирани, но си се навикнаа. И воопшто не ми е гајле. Денски преспива 3 пати по 1,5-2 часа
Две недели веќе има како бебе упорно се труди да спие настрана. Значи го оставам на грб спие, и по некое време се врти на десна страна и така продолжува да спие. Неколку пати го најдов на стомак, ама тогаш кога се свртил веќе разбуден беше, ваљда уште незнае сам да се намести за да спие на стомак. И сега секоја вечер е на страна. Да го оставам вака да спие или да го враќам пак на грб?
Ние се бањаме кај 7:30 правиме масажи се облекуваме гасиме светло имаме мало ламбиче столно во ќош само тоа ни свети кај 8 пие млекце се гушкаме ставаме цуце во уста малку се занишкуваме и заспива кај 21 до 21:30 Се биди во 4 сабајле па во 7 пие пак млекце и повторно заспива. На крај станува во 9 часот. Вака и да си продолжи
Ако е во количка надвор спие до 2 саата а инаку дома 30 до 45мин неколку пати на ден. Ретко да врзе саат ипол..Вкупно 3ипол/4 саата спие преку ден, а навечер му се фаќаат 9 ипол/10 ипол саата спиење.
Мамички дали е нормално бебе неполни 2 месеци да спие долго од 10 часот еве ја уште спие. Само и дадов да цица до сеа 2 пати и си продолжува. Дали ќе ми менува во спиење, досега преку ден си спие ама пола саат саат време и станува, а навечер си спие од 22 и се буди после 3 сабајле за цицање и продолжува до 7 сабајле. Ја будам ама никако несака да се разбуди. Ова ми се случува само денес да спие толку преку ден
Еве втора дремка му е,веќе 2 саати спие. Првата му е после 2 саати од утринско будење таа трае половина час. До вечер ќе има уште една пола час/час. Некогаш се 3 ,некогаш 4. Како и да е мора да има во текот на денот една подолга од 2 саати. Сабајле стана во 10.
мене уште ми е страв да го оставам да спие на стомак. Спие на грб ама главата му е свртена на страна. Некогаш знае цел да се сврти на страна. Па бидејќи преку ден се врти на сите страна и во сонот ваљда го доживува тоа па од на страна се врти на стомак ама се буди во моментот и стои со крената глава исто како преку ден. Па го кревам да го призаспијам враце и го ставам пак на грб. Инаку околу заспивањето навечер многу е рано да се заспие во 7. Ви кажувам според мене и наше искуство. Така неколку пати се случило да заспие во 6 или 7 и спие до кај 4-5 утрото па мора да си играме да се занимаваме, толку му е ноќното спиење. А заспива на секои 2ипол сати. Односно одкако ќе се разбуди до следното спиење размак е 2ипол сати. Инаку ние заспиваме во 21-21:30 и спиеме често до кај 7 сатот некогаш и до 8-9 секако ноќта по 2-3 пати цицаме и веднаш се успива