Да се знае ко е газда код куче. Една е мајка! Колку да сме лоши и ригорозни со децата пак не бараат и сакаат. А ова што го правиме за нивно добро е. Синко го бара мм само да праша, каде, е мама. А за другите што сум ригорозна баш ме брига
И јас сум од лошите, враќам се', не одам никаде, само мене бебе ми легнува во 6.30 попладне, спие до 6 сабајле, веќе има 8+ месеци и така е од 4м. Денски сме нон стоп надвор, ни се погоди зимата. И да легнел некогаш покасно пак е во 6 станат со тоа што е кенкав и ненаспан. Ама се си има цена. Гости за ручек ми доаѓаат да го видат, па морам да готвам, нема кога. Сите серии сум ги изгледала, јас сум една од одморените и нашетаните мајки. И со саати да сме излезени денски, нема гајле, само да се вратиме за спиење пола саат претходно, да не е легнување од врата. Или гости кога ќе има, да се стабилизира малку, па кревет, дека се возбудува.
Ние го бањаме пред 8, во 8 цица и заспива. Малку е тежок на заспивање, ама до кај 9 и нешто е заспан. Прв пат станува за цицање околу 2 во просек. Остатокот од ноќта станува на 3 саати, само првава тура ја спие саглам. Јас сум кома во 10. Си спиеме до кај 8-9 сабајле. Бебе е полни 2 месеци. Ми се свиѓа редов и имам време да погледнам некоја сериичка, ама страв ми е уште да не заврти некоја ноќ. Се надевам ќе продолжи вака. Стварно заспива со думкање и е малку напорен преку ден, сака во раце и кружење низ соба, ама од мал си спие навечер. Спанче на мама
Дали некоја мајка има искуство со Dr.goodnight да ми каже дали се исплаќа да се посети или е само реклама.
Бебе oвие денoви кoга ќе jа ставам вo креветче заспана пoчнува брзo да jа мрда главата левo/деснo какo да прати тенискo тoпче...дали немoже пoлoжба да наjде или штo мoже да биде? Па мoрам да jа свртам на страна и така заспива.
Може не ми е прашањево во соодветна тема,но да прашам дали знаете каде можам да најдам перници на Limes за бебе?знам дека се порачуваат преку претставници,но немам некој близок кој е претставник.
Моето па ако се сврти на страна инстиктивно продолжува да се врти додека не легне на стомак и тогаш се буди. И нервозен дека е буден а му се спие и почнува да плаче. Па ајде одново презаспивање. инаку спие на грб ама главата секако му е завртена на страна и рачињата покрај глава. И да често знае да се протегне и да се врти лево десно како што опиша @Larahappy
Јас сум претставник за лимес. Пиши ми пп ќе те поврзам со членка за лимес од твојот град. Инаку перниците им се закон. Но од 2 години за деца се. Инаку и мојава некое време спие на страна. Ја легнува на грб и веднаш се врти. Можеби период им е.
Мајки да ве прашам за положбата во која ви спијат децата од 1 година. Мојата до пред една недела си спиеше на страна,сама си се вртеше де на една де на друга страна, си спиеше и на грб, и нормално прави ѕвезди во креветче од вртење, и попречно, и со ноџиња меѓу оградицата и слично. Но еве има цела недела како јас ќе ја легнам на страна заспана,поминуваат 10 минути и почнува со преместување, со стенкање се додека не се намести на меше со газето натртено нагоре, главчето налево/надесно рачињата кренати до глава и спие така по 4-5 саата или со газето натртено нагоре а од половината нагоре свртена востранична положба. Во ред ли е тоа?Да не укажува на нешто а да не знам?
Моево ми се чини од секогаш исто така спие (2 години и 5 месеци е). Не сум се запрашала никогаш дали е правилно, важно него му е погодено. Обавезно се врти на меше, го крева газот и да го нишкам. Така заспива. Е после прави акробации низ кревет.
Година и 3 месеци е и потполно исто спие како што опиша.И така најдолго спие.А вака почна околу годинката,пред тоа се вртеше лево-десно. Од таа позиција иде со главата во ќош и кога ќе заглави , или седнува па се врти на другата страна или почнува да плаче да ја преместам.
Маjки бебе за некoj ден прави 5 месеци...дали е вo ред да се oдвикнува oд нoќни пoдoи и какo мoже да се успее?
Еве си тераме втoр пoдoj вo 00:00 па сега. Вoдата jа плука Мм ми вика мала е треба да цица биди среќна вo 21 штo заспива му викам земи ти стануваj 848593 пати па ќе те видам скoрo 5 месеци без врзан сoн
Ама ние мајките "спиеме" до 11. Они на работа одат,па и не треба да се будат ноќе кога ќе закенка бебе. Преку ден исто треба да спијат,дека нели рано станале,на работа биле. Дека ова нашево чување дете е ништо,помалку од работа...
Мојата се одвикна од ноќен подој на 13м Така завршивме и со доење, тоа ни остана последно навечер.Посебно кога вадеше заби, стануваше по 100пати, веќе кога имаше заби ми одеше на нерви бидејќи ме болеше. Сега пак станува ама пие вода. Едноставно ќе пробуваш секоја вечер вода, една ден ќе прифати. Барем кај нас така беше. Јас неможев да ја оставам да плачи.
Дали е во ред е релативно. Теоретски може да не цица ноќе ако доволно внесува во текот на денот. Начини има еден куп, ако можеш да трпиш малце плачки зошто се неизбежни. Магична финта нема, ама ако си решена да истераш до крај ќе ти пратам книга. Три мајки од форумов кои се водеа по неа, ми пишаа дека фатија ред да стануваат помалку или ич ноќе. Ќерка ми не станува од 3ипол месеца (со исклучок на болест и заби). Се базира на CIO (cry it out), прочитај си на нет како отприлика изгледа тоа, и ако си заинтересирана, пиши ми лп. Повеќе пати пишував на повеќе теми. Книгата има 3 дела за возрасти од 0 до 36 месеци. Си ја купив со свои пари и лично се уверив дека делува. Да го оставиш детето да плаче одредено време не е нешто што секој може да го издржи, ама ако сте решени да успеете, едноставно сакам да понудам опција на сите ненаспани мајки. Јас за себе знам дека немаше да бидам таква мајка каква што сум ако продолжев да станувам небројни пати ноќе со месеци (или скраја да е со години), и бидејќи сум пресреќна што ја имав техникава на располагање ја препорачувам на останатите. Иако дефинитивно не е нешто што секој може да го спроведе.