И син ми најубаво спие во раце. Навечер станува на 3 саати и ретко заспива одма го думкам и презаспивам за во креветче да спие, едно 3 4 пати сигурно го презаспивам. Јас сум упорна за да не го легнувам до мене, ама насабајле кога ќе ми збоктиса како што го држам во раце, легнувам сосе него на спална и така гушнат не е свесен дека не е во раце и си спие без проблем една партија. Не е удобно ич, ама спас е за една дремка каква таква. Јас мислев дека си има ред, ама сега менува. Мал е, 3 месеци.. Сепак јас не се жалам, може и полошо да биде.
Го спушташ и не го дигаш веќе. Шала на страна, треба малце храброст, ке плаче и ќе се буни, ама ќе го тапшаш по грбче, ќе му пееш, ќе му шушкаш, и кога тогаш ќе сфати дека џабе плаче, и тоа е тоа. Освен ако не го замениш нишкањето во раце со нишкање во релаксатор или количка, ама исто и тоа е мачно.
Гледај учи го на кревет оти ако го научиш како мене во релаксатор ,мака ќе мачиш да го одвикнеш , Еднаш два три пати ќе станува пак ќе го заспиваш и враќаш на кревет ,ама мораш нонстоп за да фати навика
со АД. Цело време. Првиот месец стануваше два пати вториот еднаш а од третиот веќе не се будеше навечер.
Се мислев дали да пишам во Совети, Скокови или тука. Бебе ми е 4м+3нед., според термин сме во скокот. Не знам што му стана пред 3 недели отприлика, кога му се спие почна да се чеша за глава. Навечер го успивам околу 9 и спие со мене, пoследниве недела две до кај 2 саат ми е хорор. А се подразбуди или помрдне, одма ја врти главата лево десно лево десно, зема да се гребе по лице, ја чеша главата, лицето околу носот и ушите. Презаспива одма со цице ама се буди некогаш и на 10мин. После 2 врзува по 2-3 саати. Многу ми е страв да не му остане лоша навика. Или, да не е некаква алергија? Се чеша некогаш и преку ден ако е уморен пред да го заспијам. До скокот ли е, или доsleepregression-от...? Не ми пречи толку што јас не спијам колку што ми е страв да не има некаков проблем. Има некоја искуство?
Не знам да ти кажам јас, поискусниве ги нема, а моето е само еден месец. Ама тоа со навиката шо спомна, и јас се плашам за некои нешта во навика да не му останат. Па затоа да те прашам, тоа шо го пишуваш во објавата, го имаше претходно кај него или сега го забележа? И каква му беше навиката за спиење пред тоа, од колку до колку?
Па не, почна ете конкретно со тоа чешање некаде на крај на трети месец, кога почна и да спие многу понемирно. Претходно немаше некаков распоред ама кога ќе заспиеше, се будеше два три пати, ќе поцица малку и ќе си заспие без мрдање. Мислам дека му поминува периодот, сега малку потешко заспива ама спие далеку помирно од претходниот месец. И некако сам си направи, заспива околу 9. Денес зборував со познаничка која работи нешто во врска со развој на децата, и ми рече дека овие некои мали навики се привремени и бебето ги користи да се успокои кога е уморно, поспано или било како изиритирано, и нема да останат засекогаш, нешто слично како цицањето палче. А твоето мало прави нешто вака или?
Моево бебе првите две недели спиеше релативно добро. Но, од третата недела секој ден различно. И нормално е тоа, нели. Само на доење е и се буди на два три часа, ама последниве дена многу понемирно ми спие, се буди со штрекнување, поплачливо е и нешто што многу ме загрижува, тешко заспива. Всушност и тоа е релативно, некогаш треба ептен да му ја погодам позицијата и може побрзо да заспие ама и повторно да се разбуди за брзо. Инаку цица, мочка кака во ред, килажата му е добра, само еве како тешко да заспива. Не е како некои бебиња со цицање да се успиваат. А во сонот грчи некогаш, мрда, се тегне..Дури и се нервира што не може да се успие, се прозева често. Се надевам дека ќе му се регулира оваа вештина. Ама ми и страв да не му стане уште потешко. Што да се преземе? Почнав мн да му се тресам. Твоето правеше на прв месец звуциво спиење? И сега од 9 до колку спие? Цела ноќ?
Мислам дека се е нормално ова што го кажуваш. Плус еден месец бебенце, можеби и сте во скок. Моево со скоковите до сега е ко по книга буквално. За спиењето на почеток многу слично како што викаш. Дури на моменти ми се чинеше дека ’ржи како кученце. Си пробала да го повиеш? Моево еден период спиеше помирно така, после инсистираше со рацете надвор да е. Малечко е, од ден на ден менуваат и се развиваат, ќе се регулира, само ти ќе се помачиш малку... Инаку сега заспива околу 9, значи еден ден многу лесно, еден ден ми паѓаат раце од нишкање, и се буди околу 7 и пол. Во текот на ноќта уште ми се буди два три пати, така со претање на раце и чешкање лице, ама обично брзо заспива, а убаво се зацицува еднаш, некогаш двапати во текот на ноќта. Во четвртиот месец, кога бевме во скок + sleep regression, ми се будеше на саат, саат и пол.
Најверојатно е до скокот, но може и да е изморен, 9 му е доцна за легнување. Бебињата кога се изморени потешко спијат. Пробај да му поместиш и да го легнуваш накај 7-8.
Денес oфициjалнo заврши 5 скoк. Се надевам бебе oд вечерва прoмена ќе направи сo спиење..иначе ќе пoчнам oд бoкал кафе да спиjам. Пoсле будење на 15 мин цела вечер... @Magic13 каj вас настана прoмена?
Исто е кај нас, на пола саат до саат се буди Почнав од стоење да спијам Не помага кај мене кафето. Кога беше твоето родено?
Фала ти, можеби си во право. Вчера околу 7 почна да кенка и си реков ајде ќе го бањам порано. 8, 8 и нешто веќе спиеше.
Моево за 2 дена полни 8 месеци и откако е родена во 19:00-19:30 е искапена, и до 20:00 најкасно заспана. Ред за ништо не и расипувам. И спие цела вечер со 1будење, еве неколку дена воопшто не се буди до сабајле. Пробај порано ставај ја. А тоа со триењето на главата и ние го имавме повремено, како нервозна беше, посебно во заспивање. Сега може преку ден тоа, да го прави но поретко.