И уште една мајка ме советуваше исто, и дефинитивно применувам. Со нервозата и чешањето се надевам дека е период и ќе му помине, зашто така и ми се буди. Ајде ќе издржиме, само тие да се добро. Фала ти.
Бебе е 10мес и сеуште станува на 3-4 саати преку нок. Легнува во 9 и спие до 9-9:30, некогаш ја фака и 10-10:30. На секое станување пие по 90мл млеко и мислам дека е многу, се советував со педијатаркава и ми рече да го накачам првото и второто млеко на 150мл и да видам дали ке се буди уште, и да си стана како темпирана истото време а последното млеко и го дадов 90мл. Испадна дека исто испи како и предходно во мл. Сигурна дум дека станува од навика и млекото и е утеха за заспивање зашто има 3 оброци во денот и ооодлично јаде. Инаку сеуште се задпиваме во раце и умрена сум луге, 11кг има и ми е претешка, како да го решам ова? И будењево навечер? Пробав со чај , си презаспа и пак се разбуди после 1 саат и пак беа плачки. Мислам дека е веке поголема да се буди цело време од старт на 3 саати. Чаре? Искуства ваши?Вторпат пишувам предходнопт пат никој не ми одговори
Мислам јас одговорив не знам. Првото дете исто ми беше. На секој пола час стануваше И после 2 часа го презаспивав. Во 3 утрото станувавме бидејќи не презаспиваше. Убаво јадеше, мирен беше ептен ама воопшто не спиеше. Преку ден од 2 месеци воопшто не преспиваше. Во градинка се чудеа негователките. Единстевено дете што не спиеше. Да не те плашам ама 4 год не бев во кревет легната. Гроги бев, зомби. Јас не најдов лек. Се пробав. И да лежат со него, да не го нишкам, да му пеам, после И да му читам, сам го оставав во кревет... Ништо не запали. До 4 год со нишање заспиваше. Кај тешко заспиваше И кратко потоа се будеше. Го изморував преку ден, џабе. Раѓај второ што да речам. Еве ова после 14 год родено невидена спанка. Веќе еден час кај е искапена И спие. И ќе спие до 8:00 утре. Може еднаш да стани И тоа со мижење ќе цица И пак нано нано. Понаспана не сум била. Подобро да е гладна од ненаспана. Мислам до детето е. Можеби некој друг да каже совет. Те верувам И знам дека е многууууу тешко. Не можеш да функционираш. Ќе порасне И ќе спие.
офффф , види јас неможам да се пожалам дека не сум наспана кога сум, искрено. Значи она станува за млеко навечер го пие за 3мин и продужува одма , ме вади од такт што неможе да спои повеке од 3 саати Имаше еден период од месец дена спојуваше 5-6 саати и бев пресрекна хахаха ама кратко траеше иначе да, мојава од 2ипол мес не спие повеке од 30мн преку ден, т.е дремка повеке од 30мин нема, 2 пати по 30мин и тоа е тоа. Мн се нервирам со нокново спиење без разлика што стварно сме наспани и спие до касно, си викам аман до кога на 3 саати ке пие млеко до прво одделение ли кога ја лажев со чај со вриштење ми се будеше после саст ипол као: ти мене ке ме моташ дај млекото
Хаха. Значи знак дека од лошо има Ј полошо. Знам дека те нервира но пак ќе речам до детето е. Еве јас иста мајка различни деца родив. Некои се со таков карактер па не може да ги моташ Ништо ќе играме по свирката нивна живот
И се жалам на мајка ми пред некој ден и ми вика : епа керко свиркај си , иста беше што се чудиш , те успивав со саати до 5години , душа ми извади! И да, уште сум таква, спанка не сум, ранобудник сум од дете, неможам пример денска дремка до ден денес да имам лабаво после ручек освен ако не сум претепана... и ја се чудам детево на кого е вакво! Живели женче! Ке си ја думкам во раце до прво одд
Веројатно ќе го добијам како одговор “такво си е детето”, ама да си ја пробам среќата со позитивно искуство. Бебе е 5 месеци. До полни три спиеше многу мирно, легнување 22, прво станување беше 5, па 7/8, па после до кај 11 спиеше така површно. Ама јас битно бев одморена и расположена. Откако наполни 3м, почна многу немирно да спие и да се буди пречесто. Си реков ај скок е, и станував го доев (по 7/8 пати) и така месец, ипол, и свативме дека не е скок пошо нема крај. Сега станува точно на два саати ноќеска и не заќутува ако не го надојам. Воведовме цврста храна, нешто подобро спиеше 3 дена (само три будења у 12 саати) и се врати пак на исто. Може ли некоја алергија да го мачи, пошо има егзема на неколку места, а и гасови доста? Ако има некој искуство да надминал ваков nightmare, please, do tell
Ние веќе месец дена си имаме ред, во 8 ја бањаме во 8 и пол заспива, до кај 9 ка држам да уцврсти (тоа ни е проблем, ако осети дека ја не ја држам одма се буди) спие до кај 4, станува ја цицам легнати двете и спиеме до кај 8 саатот. После доручек и играње дремка ја фака кај 10-30. Е сега кај нас спиењето ноќе не е проблем,освен овие 2-3 дека, највероватно е во скок и сака да си игра повеќе па кај 10-10:30 ја спуштам во креветче. (3 месеци сме) Проблем имаме дење, заспива само кога сме надвор кај тато во кенгур или пак кај мене на раце, ако покушам да ја оставам како наеднаш креветчето да добило боцки се понаша,тешко нас..нешто најдобро што имам купено во врска со неа е марамата за носење, без неа ни ручек, ни па можам да се исчешлам. Ама не е работа ни тоа, не знам што да правам, како да ја научам да си спие без мене.
Го заспивам на града, па го ставам или во релаксатор или во транспортерче и го нишкам да се зацврсти и после го ставам во корпата од количката (легнатиот дел што е) цело време на телефонот имам пуштено да зуе правосмукалка. Никако не сака во креветче, мрда претка, може се осеќат осамено, а му ставам околу и мечиња, перничиња, го лулам креветчето џабе.
Мојава на сите возрасти седеше будна поише од табелава и сега исто. На 16 месеци треба 6 саата максимум, таа седи од барем 7 секој ден, ретко помалку. Убаво е да се има отприлика референца, ама да не се нервираме мајките ако детето не ни е стандард. Камо сите да бевме со деца што спијат 16 саата на ден
Да и мојот помалку спие денски Ама го споделив за кај ептен мали бебиња да не се чека да дојде до премореност, па тешко да заспијат.
И синко е неспијач од мал. Сега треба да спие 2 3 пати, он спие два пати по 1 сат, или еднаш 2 сати. Буден е по 3 4 часа меѓу дремки. Ноќе од 10 до 8 со две циц паузи.
Женски,тие што сте со две дечиња Сакам совет Бремена сум со второ,ќе се породам за месец ипол,малата има година ипол Како спиете со ваква разлика,дали сите 4ца сте во спална заедно? Дали маж спие со детете а вие со бебе во др соба? Малата станува секоја вечер по 3 пати сигурно,незнам како да правиме,тоа ми е на мисла деновиве... Бебето во креветче а малата со нас ли да спие или и неа кревет да и земам да го ставам со спална.. Некои ми викаат да почнело само детето во детска да спие да се учи,ама грев ми е така многу е мала и ќе се осети повредено можеби,дека ние со бебето она сама.. На триста ума сум и незнам што е правилно Совети?
Јас не би имала срце толку мало дете да ставам само во соба. Не е ни дете, уште е бебе. Плус доволно е голема да разбере дека има ново бебе. Може да се натажи, да се јави љубомора. Една опција е да купиш креветче next to me, ама кратко се користи, 6 7 месеци најмногу. Ако имаш место, најдобро е да купиш уште еден кревет и комплет 4ца во спална.