Спиење во брачниот кревет

Дискусија во 'Дете' започната од koritsaki, 5 ноември 2012.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    13.707
    Допаѓања:
    74.573
    Пол:
    Женски
    Јас женски оддамна немам пишано на темава :D
    Значи за тоа да ја оставам сама во нејзината соба , се падна во вода бидејки зимово немаме греење во зградава и секој се грее како што ке се снајде :| и ние дома имаме клима и на неа се грееме. Проблем друг е што топлото не оди во таа соба и сега за сега ја заклучив. За да не спиеме заедно , го пренесов креветчето во нашата соба , од отворената страна го доближив до нашиот кревет и така сега ние двајца си спиеме во нашиот кревет а ќерка ми во нејзиниот. Тоа е , морав сега засега нешто да направам само да не се буткаме еден во друг :)
     
  2. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    1.584
    Допаѓања:
    21.660
    Пол:
    Женски
    Ова моево дете како што имав погоре пишано си спие сама во креветЧе во своја соба од мала , него сега бевме на неколку недели во Мк кај бабаи и сите спиевме во иста соба, она си спиеше во креветЧе нејзино
    амаааа.... изгледа се навикна да не има блиску до неа и сега кога си дојдовме дома ја легнуван навеЧер стандард 20Ч и кај 01 се буди плаЧе и ме гушка силно и плаЧе ако ја вратам назад и се тоа додека не ја земам кај нас на спална да легне

    тоа е се убаво ама па нејку да се навикне со нас да спие , испага се ми пага во вода
    се надевам е некоја фаза која ке помине пошо секој си бара мир и спиење
    Јас ненаспана сум вака кога со мене спие од приЧина што се врти ,мрда во спиење

    Ајде денес ке видиме како ке помине ноква дали истото како и претходниве 3 веЧери :|
     
  3. hellowooorld

    hellowooorld Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    106
    Може не ми е место да одговарам тука, иако одговараат само мајки, ама јас уште од мала се плашев да спијам сама во соба и си легнував со мајка ми и татко ми, се така до 15 години( во последните 6 години само додека ми беше лошо или бев болна па легнував со нив). Нормално си спиев и во мојата соба, ама и со моите спиев. Мајка ми дури и сакаше да си спијам со неа, воопшто не се ни бунеше. И така со тек на време кога стануваме тинејџерки си се одвикнуваме.
     
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.955
    Пол:
    Женски
    На прсти можам да избројам кога спиел кај нас во кревет, тоа или било кога бил ептен мал и имал грчеви, летото кога беше болен, и последниве 2 месеца едно 3-4 пати, од кои знам 2 пати јас го земав, а 2 ноќи ми кенкаше мн беше вознемирен.
    Едноставно несакам да си стекне навика таква, се знае дете кај треба да спие. А секогаш кога навистина ќе е потребно мама и тато ќе се тука за да го земат во кревет кај нив.
     
  5. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    11.263
    Ќерка ми можам да ја оставам да спие и наглавачки на закачалка ставена, она ќе се комира. Дали е со нас (што на моја најголема радост не сака), дали е во креветче, количка, оградица, ако и се спие - она спие. Јас мака си имам со маж ми, кој што прави, ме врбува да спие со нас. И она мочла мочлосана, право ќе се напика кај него, и не мрдаат цела ноќ. Лигавештии на ниво. :D НО!!! Лоша мама, не дава. На пролет ќе биде скоро година и пол, имам намера веќе да почнам пополека да ја привикнувам на своја соба. Едно, мене ми треба собата за мене, си сакам комоција. Друго планираме второ дете, па малку наопаку ќе ми дојде ако ми се двете деца во спална, ќе биде тоа газ преку глава. Трето и најважно, она е премногу самостална од денот кога е родена, не сакам да и го сузбијам тоа. Денот е за гушкање и играње, секој слободен момент е посветен на неа. Ноќта, треба да се спие, и тоа раат.
     
  6. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    6.668
    Пол:
    Женски
    Мајки не е темава за тоа но незнам кај да прашам:| дали и како ги учите децата да спијат во галама? Ако има ваква тема дајте линк таму да си пишам. Јас не најдов :|
     
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.751
    Допаѓања:
    254.568
    Пол:
    Женски
    Додека бебето спие ке си работиш се најнормално.Зборување на глас,пуштен тв,музика,и не одите по дома на прсти што се вика .Постепено ке се научи на таа атмосфера.
     
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    2.509
    Пол:
    Женски
    исто помага ако има кај бебето во соба радио кое ке работи нон стоп на малку потивко и ке се навикне барем така сестра ми спиеше и мајка ми немаше никаква мака со неа еве и ден денес може да спие и во ужасна галама без да мрдне
     
  9. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    6.668
    Пол:
    Женски
    Пуштам музика но последни 4-5 дена спие едвај по 30 мин. И сакала нејкела намалив глас и како што вика @joy1 баш одиме на прсти. Само да се наспие за да не цмиздри.. но ќе мора пак да почнеме со гласови и така и вака спие по 30 мин :D
     
  10. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.011
    Пол:
    Женски
    @chocolade 30 мин и не е така малку, син ми знае и по 5 до 10 мин да спие на 2 до 3 саати преку ден, ама за тоа навечер си спие убаво од 23-24 до 08 сабајле. И јас пробав и со музика и на тишина ама нема никаква разлика. Најубаво спие кога има некој до него, воопшто не сака да е сам. Многу е мало бебето, остави само ќе си стави ред. Ако е весел кога ќе стане нема зошто да му ги броиш минутите (барем јас така мислам)

    А кога сме кај темата, јас од најголем противник за спиење заедно со бебето, сега не можам да заспијам ако не е до мене (facepalm) На почеток убаво си спиеше во креветчето, после кога почна да има грчеви спиеше само во раце и до нас и така си продолжи до денес. Ќе го оставам уште месец-два вака, па кога ке намали со ноќните подои ќе го учам пак во креветче.
     
    На chocolade и joy1 им се допаѓа ова.
  11. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    6.668
    Пол:
    Женски
    @artemidis јас сакам дс спие за дс можам да завршам некоја работа или пак некогаш и јас да одморам. Затоа што она кога е будна се и е досадно и морам да седам до нејзе да ја занимавам со играчки, пеење, зборење итн. Затоа па психички се изморувам. И мојата сака да спие со мене. Така сабајле станува во 7 па продолжува да ми спие на цице до 8.30-9 а мама лежи и неможе да заспие затоа што цицето ќе и искочи и се нервира. И така дремам во кревет до 9 за она да се наспие :)
     
  12. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    19.677
    Пол:
    Женски
    Nie poslednive mesec/2 malava ja gledam saka da e do mene.
    Porano si spiese vo krevetceto bez problem a sega ako ne e umorna pa da zaspie vednas,nema sansi da zaspie vo krevetce.
    Ja stavam vo krevet i do nejze i jas,me mazi me kube :D ama glavno jas da sum kaj nea i ete ja so liceto do moevo po nekoe vreme ke zaspie :) slatka mala :)

    Ne samo vo spienje tuku ne sedi bez mene,jas vo kujna i ona vo kujna i ete ja vika MAMA MAMA :)i so racete ispruzeni da ja zemam :) znam deka ima potreba od mene poveke :)veke razbira
    dovolno pa znae mama da ja bara :)sonce mamino :*
     
    На TIGARCE86 и chocolade им се допаѓа ова.
  13. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.011
    Пол:
    Женски
    @chocolade те разбирам дека ти треба време за се и дека најдобро ќе завршиш многу работи додека бебето спие, исто и јас се нервирав што малиот не сакаше да спие. Ама сега си го оставам колку сака толку, а работам додека е буден. Го оставам да лежи му ставам играчки околу него и му зборувам па додека си работам ќе отидам до него како да не чувствува дека е сам. Така готвам, така бришам прашина, средувам само кога усисувам го носам во друга соба или пак најчесто гледам да усисам мм кога е дома. Кога спие седам до него пред лаптоп или одмарам и јас. Мене синко ме научи дека неможам јас да му го диктирам темпото, тој ќе си прави како му одговара, а јас само го следам и се организирам по него :lol:
     
    На TIGARCE86 и joy1 им се допаѓа ова.
  14. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    6.668
    Пол:
    Женски
    Барем се заигрува со играчки. Се надевам дека кога ке потпорасне ќе се заигра и мојата со нешто. Вака не можам ни основното, ручек да на правам. Не можам да ја оставам да плаче. А штом се одалечам почнува да плаче. Во право си како што викаш они ќе ни го организираат темпото :) само ми е страв да не почне да не спие ич денски(имав внук таков), е тогаш не збам што ќе правам :)
     
  15. maleckomoe

    maleckomoe Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    од бебе си спие во нејзиното креветче. Дури сега понекогаш ќе ја земам на спална да се погушкаме....сака да ја вратам во креветчето ]:) мочле едно.....
    креветчето и е сега кај нас во спална, и се мислам кога да ја префрлам во детската соба (страв ми е уште 16 месеци има).... навечер “без надзор“ од родител... :)
    мамички, вие кога ги оделивте вашите најмили во нивните соби?
     
  16. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.156
    Допаѓања:
    4.933
    Jas na Moeto since sekogas mu davam izbor kade Saka da spie taka bese od raganje. Nikogas ne go zaspivav vo race. Koga bese bebe na grada i vo krevet kako mi bese polesno taka go ostavav na krevet. Pa imese periodi koga sakase da spie do mene pa megu nas i eve sega koga go zaspizam navecer ke pocneme na spalna i ke rece keve znaci krevet i ke otide vo kreetce ke si ja trgne pernicata i ke si zaspie :) taka da sega spie vo krevetce po negovo baranje :)
     
  17. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.156
    Допаѓања:
    4.933
    Koga sme na temava da prasam dali nekade mozat da se najdat najlonski prekrivaci za dusek na bracen krevet ne za decki. Za da ne propusti na dusek koga ke se izmocka maloto. Za detcki krevet znam deka ima no neznam kade da baram za bracen
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.955
    Пол:
    Женски
    @karak јас во Jumbo си купив 3-4 комада за 179ден. шаренки бебешки, си користам и за заштита на душекот, а и за кога го пресоблекувам.
     
  19. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.156
    Допаѓања:
    4.933
    Ne moć peleni takvi imam milion so sekoe kambebe pelenite tuku kako carsav so odozdole najlon za detcki krevetcinja znam deka ima da se optoci cel dusek no neznam dali ima za bracni
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.710
    Допаѓања:
    103.892
    Имам другарка со 4 месечно бебе, право да ви кажам сите почнавме да ја избегнуваме, колку и да ни е мерак за малото. Полигави работи во живот не сме виделе цела екипа.

    Да, во ред е, бебе ти е, прво ти е, сакаш СЕ да му биде најдобро, ама... држење за газе и навивање да се искака, а бебето нема проблем со какање... немам реќи, значи буквално - навива, ајде мама,оооо ааааа... На почеток ти е, ок, онака терај...
    Смислено, сите млади сакаат да се сами, тактички, и покрај тоа што имаше каде, се пикна со свекор и свекрва во посебен дел од куќата, арно ама споен, тамамка да си има топол оброк секој ден и да и се на сервис кога она ќе посака. Бебето практично не им го ни дава, освен ако она нема некоја особена потреба. Зошто е сето ова вака? Па да можела да му се посвети... бебето спие по 15 часа на ден, што побогу ти правиш тогаш, освен што лежиш и гледаш телевизија, седиш на фејсбук?
    Безобразно е...а од друга страна кај татко и без проблем еднаш во месецот оди да исчисти од под до плафон. Маж и исто ни е така добар другар... е навреден, ама си ќути цело време, се жали само на другарите од сето тоа.
    А да не зборувам за неумесноста на нејзиното удобство. Гради од кои дои на сите страни без прслук, пред гости, ни средена, ни бутур. Значи, ИМАШ ВРЕМЕ, не е дека немаш, туку се лигавиш и те мрзи, мрза не е посветеност кон бебе.

    Нејсе, муабетот ми беше со спиењево на брачниот кревет (ама успат со пукнат филм, вчера избркала две другарки со дечковците - не можела да лежи со бебето додека тоа спиело во собата веднаш до дневната...со отворена врата, буквално на пет чекори). Секако и ова е дел брдото ритуали, бебето спие меѓу нив. Не го гледам здравиот сон во сето ова. Спијат на штрек, ама неа битно и е при рака кога ќе му се пријаде, ако направиш пресек, кое е удобството во сето ова? Не си наспан зошто спиеш плитко да не го згмечиш, ама ако му се пријаде да не стануваш тука ти е, а креветчето буквално, БУКВАЛНО е слепено за спалната и е полно со бебешка облека и триста тракатанци. Друга другарка кое е медицинско лице ја моли буквално за нејзно здравје и здравје на бебето да го легне во креветче, ама не... полесно и е да се оптегне на кревет и да го дои и заедно така да си заспијат...
    Нема адекватна возраст за спиење на малото во свое креветче, од првиот ден тоа треба така да биде, ако ви до толку, толерантен е првиот месец, понатака е премногу. Веќе од 5тиот месец соодветно е и да спие само во соба секако со вокитоки да можете да го слушате.
    Го сакате вашето дете, ама треба да го сакате и вашиот маж, детето нема да ви ја пополни празнината кога ќе создадете јаз во бракот. Тоа е себично и немарно и во поглед на детето и во поглед на вашиот маж, и како што кажав - мрзливо во секоја смисла. Несомнено на бебето му треба сета ваша топлина и љубов, но вашиот брак и близината со вашиот маж не може да биде на стоп заради тоа, а освен тоа таа близина е и клучна за да израснете емотивно здраво дете, со хармонични родители кои знаеле да балансираат, а не да гушат на една страна, а ан друга страна никаде да ги нема.

    Мајки, ве молам не се разлигавувајте како примеров. Правете како мислите со вашите деца, ама да знаете дека постојат здрави граници. Можете да бидете и посветени и средени, и пред се да не бидете мрзливи во целиот тој процес.