1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спиење во брачниот кревет

Дискусија во 'Дете' започната од koritsaki, 5 ноември 2012.

  1. Auditor

    Auditor Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    212
    Изгледа како посветен родител и грижлива мајка, ништо лошо во тоа нема.

    Да можеш да оставиш бебе само да спие е згодна работа за родителите.
    Ама затоа што сите бебенца не со исти навики како и родителите нивни некој повеке а некој помалце ке спие додека не подпораснат.

    А и спиењето со бебенце си има свои позитивни работи...кога и да се разбуди ти си првиот момент што го има на јаве и тоа е првото нешто што ти ке го здогледаш кога ке се пробудиш крај него.

    Тие моменти поминуваат...а се така заморни но во исто време и прекрасни.
     
    На zuto, katalina, TIGARCE86 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    Јас од првиот момент го ставав да спие во креветче сам. Но откако потпорасна околу 10 месеци почна да станува и да излегува од креветче преку полицата или оставата незнам како да ја наречам над спалнава што е и тоа почна да станува малку ризично. Ако недај Боже паднеше, што на неколку пати се случи да го оставам во креветче да преспие преку ден и да го најдам на спална после или низ соба кај што си игра кога ќе стани незнам што можеше да се деси несакам ни да си претпоставам.
    Од тогаш преку ден го оставам да спие на спална и одтогаш сака да спие со нас.Заспива на спална со мене и после го преместувам во креветче и обавезно се разбудува околу 6-7 и бара да го земам до мене, во спротивно бунт, плачки у пм.
     
  3. ***Najsrekna***

    ***Najsrekna*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2018
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    641
    Пол:
    Женски
    Гледам темава одамна не е активна,а баш сега ми треба помош и совет.
    Ќеркичката спие со нас во спална а уште некој месец ќе дојде на свет и нејзиното помалечко братче:worried:.Никако не можам да ја навикнам да спие сама во детска соба со нејзиниот поголем брат.Пробав да легнувам со неа додека не заспие но се буди среде ноќ и се префрла кај нас.Ајде и земавме постелнина со нејзините омилени ликови но не успеа ни тоа,пробавме со нејзините омилени кукли и мечиња некако се е залудно.Или почнува да плаче зошто не легнува со нас или се буди ноќе и доаѓа пак во нашиот кревет.Исто имаме пробано да спие во ист кревет со поголемото братче пак ништо.Ве молам дајте ми совет како да се научиме да спиеме во свој кревет и своја соба.Инаку за два месеци ќе полни 5 годинки,ептен ја утнавме работава со спиењево и разгалувањето(ај малечка,ај греота,ај плаче....:x) па сега да ја оправиме грешката
     
  4. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    27.786
    Пол:
    Женски
    Не знам баш многу ама да пробате прво да спие до вас во нејзин кревет/креветче, за да се привикне да спие во свој кревет. Така ќе може ем вас да ве чувстува блиски ем да се навикнува сама да спие. Потоа пробајте го тоа што сте го правеле со правење на некој „филм“ како големите деца спијат сами, дозволување таа да одбере постелнина или начин на уредување на нејзино катче во собата и слично.
     
    На ***Najsrekna*** му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Многу сум/бев против тоа спиење заедно. Па од прв ден малата си спиеше во своето креветче сама, одалечено од нас. И немаше проблем. Да имав друга соба може и ќе ја одвоев. Ама еве веќе месец дена спие со нас. Не знам што и стана, прво и се изремети спиењето, кенкаше на 10 мин, до нас не сакаше. И така си дежуравме. Една ноќ ја преспа цела во креветче и бевме среќни што се реши проблемот. За веќе од наредната ноќ да неќе никако во креветче. Цврсто успана ја легнувам и веќе наредната секунда е станата на нозе. Па сега се гушкаме заедно. Ама и вака почна да кенка и прета веќе една недела. Жива ненаспана сум.
    Нема ништо поубаво од тоа да си е во свое креветче, додека беше помала повеќе си спиеше општо, сега да може ич не би спиела.
     
  6. Ostaveniot

    Ostaveniot Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2018
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    1.905
    Пол:
    Машки
    После разводот, преселување, нова мајка...ќерка ми нејќе да спие сама. А веќе два месеци поминаа. Сака со мене, ама кај неа во соба. Пробував да заспое па да станам, а на секој мој обид таа се буди. А сопругата е бремена, сакам и со неа и тоа дете да бидам. Имате некој совет?
     
    На ELIDavor му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ELIDavor

    ELIDavor Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.788
    Пол:
    Машки
    Спиајте сите заедно ваљда ќе се среди.
    Тоа ми паѓа прво на памет.
     
  8. Ostaveniot

    Ostaveniot Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2018
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    1.905
    Пол:
    Машки
    Пробав, сакам бар со нас во спална да е, ама нејќе, со мене во детска сака
     
  9. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Ми падна во очо тоа нова мајка?!
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ostaveniot

    Ostaveniot Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2018
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    1.905
    Пол:
    Машки
    Маќеа мислев
     
  11. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Колкаво е детето?
    Ако е малецко јас верувам дека поминува низ емотивен период и мора многу многу да внимавате со неа. Потребно ѝ е внимание од вас, затоа бара да спие со тебе. Ако е решение, ставете ја да спие со вас во соба некое време, да осети сигурност, да осети дека не е оставена.

    Извини што ќе прашам, а што е со мајката?
     
    На Martka, NarCis@ и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  12. Ostaveniot

    Ostaveniot Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2018
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    1.905
    Пол:
    Машки
    3 и пол години е. Пробав да ја ставам со нас, ама сака кај неа во соба со мене.
    Мајка и после разводот ја остави со мене и нејќе ич да ја гледа. Има дечко сега и детето не и е важно
     
  13. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    @Ostaveniot детето е во тешка ситуација. Ако сака да спиеш со неа во нејзината соба, исполни и го тоа. Детето треба да ти е пред се. Во меѓувреме работете со новата жена да воспостават што попријателски односи тие две, за што побрзо да стекне детето доверба и да и помине овој критичен период.

    Во никој случај новата жена нема да може да ја замени мајката, каква и да е, ама барем потрудете се да не му правите потешко на детето.
     
    На Kitten, Lianna Anna, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Ostaveniot

    Ostaveniot Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2018
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    1.905
    Пол:
    Машки
    Вака е веќе 2 месеци. Тие две се здружија, ја засака, преку ден цело време се заедно, но навечер вака прави.
     
  15. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Ако. Колку што е потребно, толку ќе терате така. Ако ти е побитна новата или било која друга жена од сопственото дете, тогаш не знм што да речам. Сирото дете со вакви родители.

    Добро е тоа што се здружиле, и новата жена треба да разбере и да те поддржи во тоа. Тоа што детето уште бара да е со тебе навечер значи нешто. Се надевам дека можеш да го разбереш.
     
    На tina-63, Kitten, worrieddd и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Ostaveniot

    Ostaveniot Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2018
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    1.905
    Пол:
    Машки
    Никој и ништо не ми е побитно од детето. Тоа ми е најголемо богатство. Но ме грижи зашто и по два месеца е вака
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  17. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.368
    Допаѓања:
    317.535
    Пол:
    Женски
    два месеци е премал период за да едно три годишно дете прифати дека е напуштена од мајка и,и дека во животот на татко и има друга.Не форсирајте и одите чекор по чекор онака како што е за малата најдобро
     
    На tina-63, Kitten, WildMk и 7 други им се допаѓа ова.
  18. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Кај нас вакви слични проблеми со години траеја. Колку повеќе и пружаш љубов и внимание постои поголема шанса за побрзо да прекине овој период и да легнат работите колку-толку во нормала.
     
    На cresa-jagoda, worrieddd, Lianna Anna и 4 други им се допаѓа ова.
  19. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.617
    Допаѓања:
    170.481
    Пол:
    Женски
    @Ostaveniot а колку време помина од разводот до новата жена? На вакви ситуации и нас возрасните ни треба време да се навикнеме, не па на мало дете. Инаку ќерка ми има 4год. и сѐ уште некој од нас спие со неа. Одиме за заспивање, кажува дали сака со мене или маж ми, па ние се префрламе во спална. Во текот на ноќта знае да се разбуди неколку пати и пак да нѐ побара. Сакам да ти кажам, секако се мали за да спијат сами, а посебно што вашата ситуација дома е деликатна- мајката ја нема, маќеа и плус бебе кое допрва ќе дојде.
     
    На Kitten, cresa-jagoda и zuto им се допаѓа ова.
  20. Ostaveniot

    Ostaveniot Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2018
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    1.905
    Пол:
    Машки
    Многу комплицирана ситуација. Јас не живеев со нив.
     
    На NarCis@ му/ѝ се допаѓа ова.