Спиење во брачниот кревет

Дискусија во 'Дете' започната од koritsaki, 5 ноември 2012.

  1. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.357
    Допаѓања:
    24.200
    Не сакам да бидам груба, а најмалку да судам, ама зошто вие сами си ги комплицирате толку животите, а со тоа и на децата? Јас отпосле прочитав дека новата била бремена.

    Колку време и да поминало од разводот, а не верувам дека е повеќе од 3 години, според мене е рано за сите овие перипетии. Ама сега бидејќи нема назад, можам само на Оставениот да му посакам челични нерви и еден куп трпение.
     
    На NarCis@, Kitten, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Ostaveniot

    Ostaveniot Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2018
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    1.897
    Пол:
    Машки
    Сега кога читам што сум пишувал сваќам некој работи. Тоа беше тежок период и за мене, се ми беше измешано во глава, како да заборавив дека тоа е само мало дете и му треба време и внимание.
    Се навикнавме веќе, се здружи многу со маќеата, и мама ја вика, и се е супер. Навечер легнуваме двајцата кај неа, и читаме приказна, потоа останува со тато на само, гушкање дур не заспие. Станувам и се префрлам во спална после, ја усовршува техниката на станување без да се разбуди:D
    Навечер знае да се разбуди и да дојде кај нас во спална да се гушка. Се на се подобро е:)
     
    На Sandybeach, Cka, marchi-cool и 5 други им се допаѓа ова.
  3. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    8.973
    Допаѓања:
    77.358
    Ретко спие со нас. Кога е болен, ако сонува лошо... од прв ден,значи од бебе , денот кога го донесовме дома си спие сам. Сметавме од старт дека така треба да биде а и кога спиел меѓу нас секогаш сум се будела ненаспана од страв да не го натиснам и слично
    Креветчето му е залепено до спална , кога се буди скока да го земеме за гушкање :inlove:
     
    На Belabelinakinder, elcezelce, Ingvild и 3 други им се допаѓа ова.
  4. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    5.405
    Допаѓања:
    47.341
    Пол:
    Женски
    Ние скоро 10 - 11 месеци од животот на детево немавме брачен кревет, па затоа и не спиела.
    Спиеше на мојот единечен детски кревет, со ставена ограда. Некогаш лежев до нејзе, некогаш не.

    Сега спие сама во соба, во свое креветче.
    Најчесто не се буди до сабајле, а ако се разбуди е обично веќе подразденето, па си ја зимам меѓу нас, одма си презаспива.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.464
    Допаѓања:
    26.672
    Пол:
    Женски
    Син ми од кога се роди па до 6 месеци спиеше во креветче. На 6 месеци бевме на одмор и бидејќи таму за таа недела се навикна да спие со нас на спална кога се вративме не сакаше ни 5 минути да поспие во креветче.
    Од тогаш навака спиеме сите заедно на спална, бебето не се ни потрудив да го учам во креветче, од прв ден е со нас на спална, не се буди толку често ноќе, се доиме лежејќи, а јас сум наспана и одморена.
    Да наполни синко 3 па ќе го учам полека да спие сам, сега имаме нов член па не би сакала да се почувствува отфрлено, за кратко пак ќе тргне во градинка и многу новини ќе му се натрупаат.
     
    На Love 83, cresa-jagoda, kukla21 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    3.332
    Допаѓања:
    69.587
    Пол:
    Женски
    Уште откако си дојдовме од болница спие во свое креветче, залепено до нашиот кревет. Со нас само кога е болна или не и’ е добро, што на прсти се брои колку пати било досега. На одмор носиме монтажно креветче и си спие во него, до нас. Навикната си е, си се шири и она и ние :D Кога ќе се разбуди сабајле, одма вика опа и ја земаме во кревет да се погушкаме :inlove:
     
    На Love 83, cresa-jagoda, Spidy и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Abc07

    Abc07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2018
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    1.312
    Пол:
    Женски
    Do sega samo koga bil bolen ili posle vakcina inaku ako se razmrda mu podavam raka vo krevetce i prodolzuva da spie.
     
    На Sexybaby86 и Ostaveniot им се допаѓа ова.
  8. Maremama

    Maremama Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Јас пред да се породам си реков дека ќе го научам само во креветче ама се будеше толку често за цицање и неможев да станувам секој 10 мин и така ми беше полесно да спие до мене и да цица и така спиев и јас...не сум пробала до сега да го префрлам во креветче само преку ден спиеше во креветче..инаку уште спие со нас во спална..има 2 ипол год сакам да почнам да го учам во креветчето да си спие ама незнам како...креветчето ние со мрежа..па некако незнам како би направила да го заспијам..да заспие со нас па да го префрлам...преку ден си игра во креветчето се качува се симнува..некако за играње муе..совет мамички..:wasntme: инаку се буди еднаш во ноќта за вода и за мочкање..
     
    На Love 83 и Ostaveniot им се допаѓа ова.
  9. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    3.314
    Допаѓања:
    8.814
    Пол:
    Женски
    Со нас во кревет спие само ако јас заспијам, значи на несакајќи. На почетокот се случуваше, кога бев ненаспана, и му имав кажано на маж ми ако не начека така, да ја премести, и он ја ставаше во креветче ако јас спиев. И сега на одмор додека бевме спиеше со мене зошто немаше каде, инаку дома нема шанси. Знае да се разбуди кога ќе ја спуштам во креветче, некогаш и по 3 пати ја презаспивам, ама не ја оставам на спална да спие. Да имавме и детска соба на располагање, ќе ја ставев и таму.
     
    На Sexybaby86 и Ostaveniot им се допаѓа ова.
  10. DuchessAnn

    DuchessAnn Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    1.216
    Допаѓања:
    5.715
    Пол:
    Женски
    Малиов од болница спиеше сам во креветче во детска. Последниве 3 недели се повампири, се буди навечер и не сака да се врати во креветче ѕверчо, вриска и кења ако го вратиш во креветче, или во раце сака или на спална меѓу нас да се гушка, не знам што му бидна?!
     
    На Ostaveniot му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Love 83

    Love 83 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    1.040
    Допаѓања:
    23.156
    Пол:
    Женски
    Додека моево беше бебе само првата ноќ кога се вративме од болница спиеше во креветчето и толку беше .Од наредната ноќ многу плачеше и ептен често се будеше за цицање и нормално јас жива ненаспана да си олеснам го ставав да спие со нас .Грешка голема ,знам сега од денешна гледна точка ,друго би постапила дефинитивно .
    Одвикнувањето од спиење со нас и многу често само со мене беше тешко и долготрајно ,можам да кажам 4 направи кога почна сам да спие .
     
    На Sexybaby86 и Ostaveniot им се допаѓа ова.
  12. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.464
    Допаѓања:
    26.672
    Пол:
    Женски
    Ама не може сега допрва да го учиш да спие во монтажно креветче за бебиња. Тој не е бебе, дете е. Нему му треба поголем простор на таа возраст, треба да прејде на деспина со поголем душек.
     
    На Maremama му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Chanell*

    Chanell* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    24.539
    Пол:
    Женски
    Со нас спие од 2 месеца кога имаше.
    Речиси цела година.
    Не успеав или не бев доволно решена за да ја научам да спие сама во креветче.
    Се случува и сега, иако ретко, да спие во креветче ама до кај 2-3 часот навечер и се буди.
    Нишкање не поминува, само лежење до мама и држење на цицето во уста :emo:
    Сака на широко, цела спална е нејзина, јас и мм уште да паднеме.
    Во креветче не може да се врти, пробува и ќе се чукне во страницата, одма почнува да плаче.
    Баба и ја остава во креветче и си спие денски, ама мене ме зафркава:D
    Немаме детска соба, да имаше мислам оддамна ќе ја учев сама..
    Можеби догодина, таман на поголем кревет.
     
    На Ostaveniot и Love 83 им се допаѓа ова.
  14. Abc07

    Abc07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2018
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    1.312
    Пол:
    Женски
    Probaj da ja legnes vo krevetce i doblizi go do vasiot krevet da oseti deka ne e sama. Gali ja dodeka da zaspie. Mozebi ke uspete da ja ubedite da nana vo krevetce. A za detskata soba mislam deka nema golemo znacenje na mali samo igrackite mu stojat tamu za spienje u spalna krevetce zalepeno do nasiot i taka. Mislam deka uste mu treba da oseti nekoja sigurnost pa se uspiva drzejki me za raka.
     
  15. Chanell*

    Chanell* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    24.539
    Пол:
    Женски
    Така спиеше до пред три месеца.
    Ја тргнав едната страница од креветчето и го доближив скроз до спална.
    Почна да се врти и да пропаѓа измеѓу :D
    Не помага галење,држење... само цица и цица, ко новороденче.
     
    На Abc07 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Marmarin

    Marmarin Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    6.657
    Пол:
    Женски
    Од прв ден спие сам во креветче залепено до спална. Како помал се будеше 2-3 пати за млеко, после почна да ја преспива цела ноќ. Поудобно му е сам, се врти колку сака се шири, а и ние наспани.
    3 месеци спиеше со нас на ист кревет, ние ем ненаспани, ем истепани. :rofl: Обавезно или со нога или со глава ќе се чукнеше во нас и едвај чекав да си дојдиме дома. Мислев дека нема да го сака веќе креветчето ама пак си го бараше и си продолжи да спие така. Сабајле станува и одма вика сакам големиот кревет нанам па го земаме да се погушкаме. :D
     
    На RedRevolution, eli25, Coco31 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    5.844
    Допаѓања:
    59.317
    Пол:
    Женски
    Ма какво креветче, што бирање му удрив, па те ваква, онаква постелнина, оградица, абе не преспа ни една ноќ у него, рекорд беше 2ч :doh:

    Пред да се породам ќе направев некоја мајка луда што спие со бебето, а сега викам што да не, има ли нешто поубаво :tmi: :inlove:
    Не спие во брачен кревет, спие во креветот на татко му како беќар што го имал, само со мама и во детска :l:
    Тато се шири сам на спална 8)

    Иначе креветчето го тргнав од детска кога имаше 6-7м, а му го продадов кога беше 1.5г а парите му ги ставив на книшка :angel:
     
    На zuto, Belabelinakinder, RedRevolution и 10 други им се допаѓа ова.
  18. elcezelce

    elcezelce Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    2.490
    Допаѓања:
    16.387
    Пол:
    Женски
    Синко од прв ден си спие во креветче лепенка до спалната ,дури цицаше беше напорно многу со извади,врати го во креветче бидејки се будеше многу често ,а сега си спие без проблем ама секој ден кај 5 редовно се буди и се префрла на спална и продолжува до 7 да си спие со нас:)
     
    На RedRevolution, Belabelinakinder, eli25 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.092
    Допаѓања:
    10.941
    Пол:
    Женски
    Мајки Керка ми изрази желба за детска соба, не верував дека ке спие сама кога таа вечерва ми побара да и пуштам во дневна троседот тааа сакала таму да спие
    И го пуштив и уште не верував дека ке спие кога таа си заспа
    И малиот сакаше да спие со неа ама ми е страв да не се удрат тој премногу лошо спие
    Инаку Керка ми одпочеток спиеше во креветче а кога се роди малиот одма до нас на спална бидејки немавме простор за друго креветче
    Ама сега ми е некако многу чудно без неа и неможам да заспијам, таа преку ноќ некогаш знае и да стане да мочка
    Пред да легне побара да и донесам нокширчето и рече дека ке мочкала и пак ке си легнала
    Како го поминавте тој период кога почнаа сами да спијат
    Керка ми има 4ипол год а малиот 3
     
    На Ostaveniot, RedRevolution и Coco31 им се допаѓа ова.
  20. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    6.668
    Пол:
    Женски
    Од 3 години спие сама во соба. Станува да мочка без да ме буди. Забораваше светло во тоалет така и приметивме дека станува:)
    На почеток се будев често да видам дали е покриена но спиеше убаво па се опуштив и јас. Но и за тоа има решение, вреќа за спиење (fingers) Не се секирај, напротив треба да се радуваш што сама пројавува интерес да спие сама:)

    Едит: сега видов дека и малиот имал 3 години. Јас двајцата би ги оделила во друга соба штом и он сака :)
     
    На cresa-jagoda, Ostaveniot, blessed.an и 2 други им се допаѓа ова.