1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спиење во брачниот кревет

Дискусија во 'Дете' започната од koritsaki, 5 ноември 2012.

  1. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Колку лоши коментари прочитав за спиењето заедно на спална :) некои мислења се ептен стари да ги цитира ама дури ми се ужасни. Добро можда и јас сум размислувала така пред да станам мајка :)
    јас стварно не гледам ништо толку лошо. Бебе спие со нас на спална и тоа по иницијатива на маж ми. Мене на почеток ми беше страв дека ептен мало па купивме креветче од оние што е залепено за спална и така беше до мене. Ама тоа креветче е за до 6 месеци и после сопругот почна да збори демек зашто само до тебе да биде дај стави го и до мене и така почнавме на спална. Не сум имала поубави утра :inlove: гушкање.
    Од друга страна не сум приметила да влијае на интимен живот. Бебе заспива во 9. Ние во 11-12 и имаме време за се:D
    Баш напротив сега се осеќам многу поблиски од коа сме тројца

    Незнам, стварно не гледам на ова како проблем. Не сум сретнала тинејџер да спие со мама и тато:D па не сметам дека ова нема крај. Уживам додека трае. Ионака пребрзо растат.
    Можда како ќе расне ќе почне да ни пречи ова....ај али, време ќе покаже дали сум била во право или не :)
    Како и да е, битно сега ни е убаво
     
    На MinnieM, Bebac, koritsaki и 16 други им се допаѓа ова.
  2. lady.N

    lady.N Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    1.130
    Старо мислење е и баш ме интересира дали се уште спијат децата со вас на спална и како го поминавте тој период на почетокот? Мене ова многу ме загрижува, веќе сум во 9ти месец влезена, а малата ми е 2 години и спие со нас на спална, помеѓу мене и маж ми. И она спиеше до 5 месеци во креветче ама често стануваше за цицање и мачно ми беше да станувам и да се расонувам цела ноќ, ама откако почнав да ја ставам на спална веќе не заспа во креветче. Сега со бебето не знам како ќе биде, најлесно ќе ми е до мене на спална, ама ми е страв да не го ритне она или да го згмечи на спиење оти многу се врти. Од друга страна, ако останам јас со бебето во спална, а она и татко и да одат во дневна ќе и дојде стресно, многу промени наеднаш. Пробував периодов да ја учам во креветчето што ни е долепено до спална со надеж дека ќе заспие некогаш во него, ама како казна и е ако и го спомнам. Одма почнува да плаче, за бебето било креветчето. :sweat:
     
  3. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.079
    Пол:
    Женски
    Во иста ситуација сум и јас. Планирам малиот да си остане на спална кај нас, а беба во креветче до нашиот брачен кревет ,па така да тераме.

    П.с не ни сакам да го делам од мене. Знам дека му е најубаво со нас, година и пол има сега. Се надевам беба ќе спие во креветче. Син ми спиеше до кај 9 месеци.
     
    На mKdevojce и lady.N им се допаѓа ова.
  4. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Некаде на 3 ипол го одделивме на посебно креветче, но исто кај нас во спална. Голем беше па ОК прифати, ама сепак често се случува да дојде среде ноќ кај нас на спална, па се туткаме сите 4ца.
    Мое мислење за твојата ситуација е дека не треба во никој случај сега да ја оддвојуваш, ќе си поврзе дека е поради бебето, па може многу негативно да влијае на нејзе, пробај бебето учи го во креветче или сите 4ца заедно гушкајте се. (fingers)
     
    На lady.N му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.619
    Пол:
    Женски
    големата е 2години и 5 месеци спие веќе неколку месеци на кревет ама во спална до нашиот
    бебето има 10+ спие со нас на спална измеѓу,никако несака во креветче ама така јас ја научив си знам...
    планирам за некој месец да ги оделам двете да си спијат во детска,мислам дека тоа е најпаметно двете одеднаш
     
    На mal.ecka и lady.N им се допаѓа ова.
  6. Lunar

    Lunar Активен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2021
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Ние купивме креветче за бебе но никако не спие таму ,плаче многу доколку го легнам во креветче. Си спие на спална со нас.