Дефинитивно се согласувам дека бебето треба да спие во поладна просторија (до 20-21 степен максимум). Имаме термометар во собата и секогаш гледам да ја одржувам таа температура, пошто гледам дека најмногу и` одговара на ќерка ми Мислам дека делумно и ние ги правиме навиките на децата, ама во најголем случај, ако го следиме бебето, ќе видиме дека УШТЕ ОД РАЃАЊЕ си има афинитети кои мораме да ги почитуваме. На пример, ќерка ми никогаш не прифати да носи капче после бањање дома, иако е родена на сред зима. Кога и да и` го ставев, имаше пиштење дури не го извадев и тоа е тоа - нема играње Иако бабите ме правеа будала и се вадеа на тоа „добро, се` уште си неискусна, ќе видиш понатаму кога ќе има проблеми со ушите/грлото/главата СКРАЈА ДА Е, до сега ништо не сме имале (пу пу!) и ден денес спие боса во вреќа До детето е, с`клеџија си е, и не мислам да ја претоплувам само затоа што татко и` и на сред лето спие со чорапи оти мајка му имала филозофија „Сите болести доаѓаат од нозете“
Дали некој користи овлажнувач на воздух зимно време. Претходно ставав метален сад на радијаторот, ама сега сакам да купам некој уред, гледав на Горење има, ако знаете некој друг пишете.
Навикната сум одсекогаш да спијам во затоплена просторија,а ако не е се покривам со неколку ќебиња до врат и се стуткувам.
Внимавам температурата да е 21-22степени за спиење освен за бањање кога затплуваме степен два повеќе.
Ние спиеме на 24 пошо станот ни е на север и постојано е ладно и влажно па мора на повисока температура иначе на 21-22 и мене ми е ладно не па на бебето.
Додека се греевме на дрва навечер спиевме во ладна просторија. И воопшто не беше добро. Дете прета се отскрива често беше здрвено ладно смрзнато.... Покриени со ќебе плус јорган... Никако не идеше. Сега со клима која нонстоп грее е многу подобро. Тт секако некој степен понамалена од онаа која е преку ден и лабаво облечени и покриени. И да се отскрие нема да се смрзне.
Децата спијат во студена просторија. Не екстремно студена. Со татко им во иста соба. Имам слушнато дека не е баш здраво да се спие во топла просторија.
Моиве спијат во топла соба, радијатор работи цела ноќ на умерена температура. Подобро така отколку во ладна соба бидејќи цело време се откриваат, а јас не можам цела ноќ да им седам до кревет и да ги покривам. Кога ќе станам ги проверувам и скоро секогаш се откриени. Но и во затоплена соба ако се откриени ќе им биде ладно. Татко им исто сака да спие во топла соба па бидејќи уште спиеме во иста соба јас си имам проблеми. Тој ја затвора вратата и се покрива од глава до пети а јас некогаш осеќам дека не можам да дишам па отворам врата да влезе воздух. Се потам во топла соба, дури знам на сред спиење да се префрлам во незатоплена соба. Особено сега во бременоста па ич не трпам премногу топло. До сега немале сериозна настинка, грип и сл и се надевам дека Господ ќе ги чува и понатаму како што ги чуваме и ние, може претеруваме со облекување, но подобро да му биде топло отколку да се смрзне. Мислев да им купам вреќи за спиење ама се предомислив, нема шанси во тоа да спијат. Имаат вечерна гимнастика, додека не превртат чаршафи и кебиња не заспиваат, особено синко, па после не можам да го сместам, само го покривам со уште едно ќебе бидејќи се е под него. Јатрва ми ги оставаше да спијат во ладна соба и искрено ми беше жал, бебенце на ладно
Дефинитивно подобро ми спијат во ладно. Порано ги греевме собите за спиење, сега не, радијаторите во тие соби ми се исклучени. Порано се откриваа, сега не, поубаво и помирно спијат, насабајле не ми се жалат на суво грло, а претходно постојано кашлаа наутро. Секогаш сум за спиење во ладно.
Ја спијам во ладно, па така и бебе. Поубаво спие и она. Радијаторите во спалните ни се изгасени. Кога е убаво надвор, дури и ветреам пред спиење за да се подолади зошто многу ни е топол станот. Се открива. Ама кога и да ја пипнам, топли и се нозете иако и се голи.
Мајки како го облекувате бебето на 23 24 степени затоплена просторија за спиење, и колку го покривате, моево носи памучно боди ссо долги ракави, плишани дебели шпихозни танки чорапчиња, а за покривање јорганче не многу дебело да не го прегревам? Некогаш има црвени обравчиња кога се буди и како запотенко да е, топло е на допир кога му мерам температура има 37.2 така нешто. Ама нормално е бебе да е потопло од возрасен.
Ауууу,многу е облечено. Боди на кратки и памучни шпилхозни и ќебенце пажучно е таман. Јас на 23 на кратки ја шетам.