Топло му е затоа му е толку темп еве го мерам 36 со 5 е нон стоп Боди по кратки и ептен тенки панталонки без чорапи а некогаш и само по пелена на 23-25ст Вака и спие со тенка прекривка Како што сум јас така и бебето е Некогаш е по горно боди по долги од окаиди тие се некако лесни и тенки убави
Боди на кратки, тенки пижами и босо, и тенко јорганче ќе биде таман. Го прегреваш и ќе го направиш зиморливо. Бебињата и децата, море и возрасните, полесно поднесуваат ладно од топло. Може да го прегрееш така. Олабави малку со облеката.
Ако ти е цела ноќ толку температурата, боди по долги, ѕиврички и памучно кебенце. Ако паѓа во текот на ноќта боди по кратки и одозгора нешто по долги или боди по долги ама со класично кебенце
Aиии колку е наоблечено. Мајка, расоблекувај тоа дете, ќе го зовриеш. Боди на кратки и пижами на долги, ама не дебели и кебе е таман
Леле значи јас не да сум ја прегревала... Боди по долги ,шпикозни или пижамчиња и две дебелки ќебиња температура околу 20-22 степени... Дали е касно сега да и сменам ?
Тргни го едното ќебенце бар. Горе има пишани примери на оптимално облечено бебе.Боди на кратки,памучни пижамчиња или ромпер,и босо доле.Еден слој средно дебела прекривка,или најдобро вреќичка за да не се открива.Лесно може да се прегрее бебе,а ако цица навечер екстра се загрева за тоа време
Абе и преку дан изгледа многу ја облекувам.. ама бабите ,золва ми па и татко и ме мрднаа . Преку ден на температура дома од 22-23 со холахопки боди на долги и шпихопзни ми е. Во вреќичка не сака сака рачињата нагоре да ги држи ,еве два дена како и го тргнав едното ќебе подруго е.
Јас го пипкам на вратче и на стомак ако е жешко расоблекувам ако е разладено ќе ставам чорапчиња или боди на долги По тоа ориентирај и по тебе и маж ти. Ако сте на кратки и бебе соблекувај
Абе ништо не им е. Остај ти стариве све знаат. Син ми кога го легнувам спратов е сигурно 24/25 степени, боди по долги, пижами тенки и обавезно босо ноџе и ќебе. Навечер се намалува температура ама доволно му е така облечен и покриен. Не се замарај што зборат и не ги слушај, моево летно време по боди и ни со чаршавче нејќе да е покриен, цело време отскриен спие и сега така прави. Како ти е тебе, така и на детето.
Па сега кога прочитав од 2011 мислењата се исплашив право да ти кажам . Ама кога некој по цел ден ти Буба веќе месец дена нервно ќе пропуштиш не па поинаку , макар што боди по кратки почнав да ставам пак сега ама и холахопки а жешка е на вратот понекогаш. Ама женски бебиња се облекуваат еден слој плус ... Ногите голи и се..итн за додуше свекрвата и капа ми викаше да и ставам ама тоа нема шанси
Нема потреба и хулахопки и шпихозни или памучни пижамчиња.. еден слој е доволно. Нека ти кажуваат они, ти враќај со ‘добро’ и продолжи како што мислиш/треба. За некое време ќе престанат да зборат. Бебињата брзо се затоплуваат, а споро се ладат. Нормално е дланките и стапалцата да се малку поладни и тие не се показател за тоа дали му е ладно на детето.
Холахопки за дење мислев ,ноќе секако и ги вадам ,еднаш и ги оставив зошто ми заспа , па сред ноќ ја пресоблекував испотена беше. Од тогаш и да заспие пак ја соблекувам макар ја расонила
Па ни за преку ден не треба.. уште е потопло преку ден, а и она е активна.. ако е мала, се грее преку ден без разлика дали лежи на подлога и мрда или е во раце и добива топлина од тој што ја држи. Секако преку ден е потопло отколки во просторијата каде што спие, а облечена е плус.. нема логика. Соблечи ја мајка, ќе си се опушти, поубаво ќе и биде
Охоо не сме на сибир. Соблакај бебе одма, се спие во 19-20 степени просторија, доколку е топол домот и без греење тогаш пред спиење добро проветрување, бебе со кратки ракави боди и тенки памучни пижами! Што е тоа дебели плишани? Чорапи вади скороз, не слушај баби што ти викаат, послушај педијатри.
Со шпихозни спие у вреќичка и ќебенце, ама ич не грееме навечер. Темп е пониска и со дебело ќебе е преубаво.
Исто, не ја загреваме таа просторија, во шпикозни и вреќичка и ќебе. И јас сум со 2 ќебиња. Искрено среќна сум што и бебе се навикна вака, инаку да спиеме во топло јас ќе сум цело време со главоболки и ненаспана.
Нозете не се ладни секогаш зато што му е ладно на бебе, едноставно тие немаат уште добра циркулација. По совет од мој педијатар секогаш да е боса, посебно кога цица, е сега ние од не носњње чорапи имаме проблем што кога мора да ги носи за испаѓање, она ги вади и чорапи и кондури, а кај и да е ќе заоди.
Најубаво е босо да спие. Моиве никогаш со чорапи не спиеле, освен првите недели со шпихозни со стапалца кога спиеја. Ама и под шпихозните немаа чорапи. Јас сум многу зиморлива, ама со чорапи никогаш не спијам. Нервоза ми создаваат, па верувам дека и кај бебињата е исто.