Најубаво спиење е така. Не знам дали затоа сврзува толку саати, оти му е пријатно спиењето, оти поголемиот живееше у стан со градско парно каде се гушевме од топло и бевме со суво грло и нос константно и до 2 ипол некаде 3 години мака со сон мачевме. Може е до бебето, ама има улога и просторијата колку е ладна/топла дефинитивно. Ако бирам и сум со овој памет и пред 4 години, дефинитивно ќе одберев поладна просторија.
Ноќе е 20-21 степен и спие со боди без рамки, шпикозни без ногавици и вреќичка. Не сум му ставала чорапи за спиење, а и дење најчесто е бос освен за излегување. Шпикозни со ногавици од новороденче не купувам, не ми се допаѓаат баш поради ногавиците.
Јас пошто со ќебе го покривам, морам да стаам чорапи, затоа што сабајле се буди со мраз ладни нозе. С'клет!
Антоније ми кажа ни раце ни нозе ни нос ни уши не биле мерило за ладно, само вратче и стомак. Ама јас сепак облекувам чорапчиња што знам по мене се ориентирам штом јас носам, не ми е пријатно да ми се ладни нозете па мислам и него така
А бе и јас преку ден носам чорапи дома, ретко сум боса, а моиве не носат, сами ги соблекуваат. Ноќе па нозете обавезно мора да им се откриени. Затоа ги покривам само на половината и грбот. Ако се цели покриени, се откриваат со туркање на јорганчето под себе. А кога нозете им се откриени, помирно и поубаво спијат. Од бебиња така, не од сега.
Ако е како мене, не важи тоа. Нозете ако ми се ладни, не само што ми е ладно, туку и дијареа ќе ме фати. Цел живот вака...
Е да зависи и до бебе, битно убаво да им е и да спијат па ако сакаат и голи нека се, а и неговите чорапи се често соблечени ама не од што разбира туку прета во спиење се мачи да кака и се живо соблака
Ние во спална не грееме. Се топлиме на инвертер, работи 24 часа. Сите врати ни се отворени, во спална температурата се движи од 18-20 степени. За нанење носат боди на долги и тенки памучни пижамчиња. Ги покривам со по едно ќебенце. Јас сум зимурлија и се покривам повеќе од нив. Лани спиевме во топло дека беа премали, ама го надминавме тој период и не би ги научила да спијат на висока температура.