Од старт спиеше на грб. Едно време, после неколку месеци, почна сама да се превртува на стомаче во сон. Многу ми беше страв кога смени, со саати ја набјудував да се уверам дека си го врти и мести главчето и во таа положба. После веќе и јас се опуштив.
Здраво мајки. Имаме проблем со сплескано главче на левата страна, на десната му е во ред. Е сега треба да избегнувам да го ставам да спие со главчето на лева страна каде што е сплескано така? За да може да се исполни местото коскичето така?
Здраво Бебуш мој е стар еден месец и една недела ,преку ден спие на страна но, навечер никако не сака да спие поинаку освен на меше а јас на меше не би го оставила во никој случај,го оставам да полежи и го вртам или на грб или на страна и одма се буди и плачи...Ќе го заспијам и кога ќе го легнам во креветчето одма се буди...некој совет ако знај некоја мајка ?
Не ,туку јас ќе го ставам да полежи малку на стомак и кога ќе заспие го вртам на страна и се разбудва и плачи ,не сака да спие поинаку освен на стомак. Потоа ќе го заспијам в раце и кога ќе го ставам во креветчето било тоа на грб или на страна се разбудва...А иначе сам го врти главчето дур е на меше.
Учи го на стомак додека да е да си играте тропкај му и да вежба мускули не да спие. Треба да крева главче а глеаш дека се изморува тогаш кревај го и врти го на грб не го оставај така да спие. Кога е време за спиење не го нишкај во раце стави го во креветче и пушти фен и ќе видиш ќе заспие исклучи фенот штом заспие и на ју туб уклучи white noices. И уште можеш во количка да го успиваш или до тебе ма спална. Јас никогаш не сум го нишкала вп раце и успивала ставам во креветче и тоа е ќе кенка ама го галам му пеам и ќе си заспие
Да не плаче ради грчеви или нешто друго? Ама ако сакате да спие на спална ок самп секако не го оставај на стомак А дење кај заспива?
Мојата денски спие на стомак, еве сега седам до нејзе од страв. Не дека многу ќе спие пола саат најмногу ама пак ми е страв
Дење си дремнува во дневната без проблем само во креветчето кога го ставам не сака да спие,а за грчеви му давам еспумисан и ваја пробиотик и плус трици му топлам...
Малата сама се преврте на меше на 3-4 месеци и од тогаш многу често спие на меше. Колку и да ја враќавме на грб таа сама си се вртеше на меше. Првата вечер не бевме спиени како што треба како тазе родители и после ни кажаа дека и татко и така си спиел како мал па и сега Така да бебето ќе си покаже кога е спремно за на меше да спие. Главчето и беше сплескано на почетокот бидејќи спиеше на едната страна повеќе, колку и да ја вртиш. Со тек на време и се разви како што треба и ни кажаа дека треба трпение додека главчето и се оправи да не правиме ништо на свои раце со мало бебе. А и немаше перничиња такви додатоци за време на спиење, не е безбедно за мало бебе.
Ние преку ден спиеме на меше а сме 9,5 недели 90% од времето сум до него и го гледам и сам си го врти главчето како што му одговара Кога спие преку ден вака нема грчеви Навечер спиеме на страна потпрени со перниче
Јас иам две деца, првото ми спиеше на перница уште од бебе и не му се сплеска главата. Ама со второто не ставав перница и му се израмни малку едната страна. Можеби е до перницата, незнам. Ама секоја вечер ставајте ги бебињата на различна страна да спијат.