Никогаш. Иначе ако спијам во многу ладна просторија со чорапи на мене никад нема да ги згрејам нозете, ми се стоплуваат штом ги слечам. И не, не носам претесни чорапи па да ми попречуваат циркулација.
Таа ли беше темата? Ауу да Инспирација има којзнае од кај Ааааа по дома носам За спиење никад, ко во облека која не е за спиење би се осеќала така, стегнато и некомотно.
Ете поради ова јас на лето секогаш носам чорапи. Не ми веруваат кога кажувам дека без чорапи побрзо ми се загреваат стапалата.
Како личност со постојано ладни стапала, за спиење не можам да поднесам чорапи. Инаку онака си носам чорапи 70% од времето, ама за спиење никогаш. Едноставно не можам, колку и да ми се ладни нозете. Сум пробала, после две минути ги соблекувам. Затоа ми е мака што не можам ноќни маски за стапала да користам од таа причина, не трпам ништо на нозете.
Со чорапи облечени до пола. Прстите да ми се топли, а да не ме фаќа с'клет и да не ме стегаат во зглобот. И секако сабајле се будам без чорапи.
И кога е многу ладно, ако носам чорапи тогаш ми е уште поладно. Морам да ги собујам за да ми се стоплат нозете, така да никогаш не спијам со чорапи.
Со чорапи, дури се случува со 2 пара или топлинки. Циркулацијава слабо стигнува, и на гости кога одам, си носам топлинки во случај да немаат.
До пред три четири недели не можев да замислам да спијам без чорапи, ама како се погоди два три вечери по ред обув ниски и ме жулеа горе кај глуждот и ги собував, па навика некако ми стана сега ги собувам стално
Јас одма дома влегувам и соблекувам чорапи. Од врата. Не можам сензорно да поднесам чорапи. Зимно време носам ниски чорапи за во патики/чизми. И мора да се памучни, клот, без ништо, не дај боже со тие конци внатре нешто везени. Хулахопки не носам ни под разно. Ми се умира на лице место. Јас би и боса на снег.
Хаха темава, баш интересна Спиење без чорапи, се случува некогаш ако сум премрзната да легнам со чорапи па во сред сон да ги избуткам. А и најчесто дома сум без чорапи.
Неверојатно глупа тема. Ако ти е ладно спиеш со чорапи, ако ти е топло спиеш без чорапи. Нема што да се дискутира тука. Па и анкета има.
3 дена мислам како е ова поврзано со законите за термодинамика и ентропија, уште малку кај и да е, ќе откријам, па ќе пишам научно видување на темата.