1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спинална анестезија

Дискусија во 'Бременост' започната од Dory, 12 септември 2014.

  1. Dory

    Dory Нов член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Не сретнав ваква тема,а страшно многу ме интересира.Планирам бременост,но бидејќи несакам природно се одлучив на спинална анестезија..знам дека се става во рбетот и го парализира долниот дел од телото,но имам слушано дека после порогајот можни се последици како од кичма болење,главоболки..Дали некоја од вас имала пороѓај со спинална анестезија?
     
  2. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Знаеш што?
    Прво треба да забремениш ,па да го износиш 9 месеци па после да се консултираш за гинекологот на ова прашање
    Ова чисто ти го кажувам зошто има време да дојде до тој чин,а до тогаш мнооогу ќе читаш и размислуваш и 100 пати ќе се предомислуваш за многу работи
    И еве ќе ти кажам дека 2 пати сум со спинална и немам последици,но секој организам е различен
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ada21

    ada21 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    5.351
    Пол:
    Женски
    Може ли некој да сподели поопширно искуство со спинална . Како се става , боли ли, што ако мрднам во моментот . Кај мене сеуште нема 100 % индикација за царски но да сум информирана . Мн ми е страв од целосна анестезија па затоа ако сум царски би сакала спинална.
     
    На stevemila и eli25 им се допаѓа ова.
  4. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.007
    Пол:
    Женски
    Јас бев со спинална и супер поминав. Се става во р'бетот , мене не ме болеше. Е сега треба да бидеш мирна во моментот кога ке ти ја стават. Анестезиологот многу убаво ме боцна. И кога легнав, веќе полека почнав да не чувствувам надолу ништо. Предноста на спиналната е што можеш да си го видиш бебушот веднаш. Со целосна јас несакав, незнам некако страв ми беше.
     
    Последна измена: 23 јуни 2017
    На stevemila, Cinderfakinrella, ada21 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.518
    Пол:
    Женски
    Зависи каде ќе се пораѓаш мене кога ми рекоа дека треба царски ги прашав со каква ми рекоа со целосна таа во кичма ја ставаме во ретки случаеви. Ова ти го кажувам за во Чаир ако случајно се одлучиш за таму да знаеш
     
    На Despinamaksimova му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ada21

    ada21 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    5.351
    Пол:
    Женски
    @fina erika не не во ск , решив во струмица да сум , ако биде се во ред здравје.
     
    На stevemila и fina erika им се допаѓа ова.
  7. karibian

    karibian Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    3.420
    Пол:
    Женски
    А дали има некоја искуство со спинална на гак. И мене ми е повеќе страв од целосна а морам царски.
     
    На ada21 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Пред недела дена бев на царски со спинална. Уф, како да објаснам. Пред две години бев со целосна, и сега си барав, ама во чаир веке не ја практикувале, бар така ми рекоа. Спиналната има предности во однос на тебе, побрзо ке те вратат во нормала. Апликацијата е те седнуваат и ке се навалиш на напред, за да се отворат пршлените. Анестезиологот боцна, а во исто време ми ја држеа главата наведната и рацете на колена за да не мрднам. Кај мене погоди од едно боцкање, во моментот кога ме боцна како жешка струја да ми пројде низ ногата. Ме наместија за операција и веке двете нозе ми се одземаа. Нешто по језиво во животов немам осетено. Јас имав многу тешка операција која траеше подолго од вообичаено, самото тоа што ги слушав што коментираат за мојата состојба, како викаат ајде побрзо многу крвари, коментарите дека многу е лоша состојбата на матката и не можат да го извадат бебето мене ми беше многу трауматично. Тоа дека видов кога го извадија бебето апсолутно нема влијание затоа што го извадија ми го покажаа дел од секунда над глава и го тргнаа да го средат, а продолжија да работат на мене со брзање. Јас веке се тресев од студ или страв појма немам. Една сестра ме гушкаше за да ме стопли. На крајот веке осекав кога ме шиеа и ми го притискаа стомакот.
    Е сега после два саати од операцијата нозете веке ми се пуштија и се си беше нормално, важно е само многу течности да пиеш во првите 24 саати за побрзо да ја измокриш анестезијата и токсините од телото. Сфати си го озбилно тоа со течностите, зошто е многу важно да немаш последици и да не те боли глава. Додека после општата анестезија опоравокот е побавен, имаш постојано нагон на кашлање од тубусот што ти бил во грло, а на секое накашлување раната боли до срце.
    Така да со општата поубаво ми беше на самата операција. А со спиналната полесно се вракаш во нормала после операцијата.
     
    На stevemila, mariz, joy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Раѓав три пати, сите царски, првите две со целосна, третото со спинална. Четврто да раѓам, со спинална дефинитивно. Нема поубаво чувство!!:inlove:
    Договорен пораѓај, се јавив гладна и жедна од мин.4 часа предходно. Ми ставија катетер, инфузија, апарат за мерење притисок, во сала седечки ме боцнаа во грбот,не осетив ништо и почнаа да ми се здрвуваат нозете, препоните,стомакот. Не ги чувствував. Ме покрија нагоре со параван, си течеше музика и си разговарав со тимот. Чувствував само благо штипкање и пецкање додека работеа на стомакот, од кога почнаа за 10 минути слушнав бебешки плач и го гушнав синко :inlove::inlove::inlove: Прееееемотивен момент. Расплакано бебе кое ми дише во лице:l: расплакана мајка која го бакнува....емоции, солзи,љубов,возбуда ... Уште некои 30-40 мин до крај на интервенцијата, си дишев повремено кислород,ми мереа притисок, инфузија тече, болка нема. Ме префрлија во шок соба и после 2 саати почнав да пијам сок од јаболко. ( Со целосната те будат одма и чим се свестиш боли многууу.. и не смее ништо во уста 48 часа). После 10 тина часа анестезијата попушта, си делуваат инфизиите и аналгините, болка не почувствував ич. Лесно си почнав да се движам уште вечерта, и да јадам. Треба да се пијат многу течности, кока кола, кафе ( нус појава - главоболки, а јас немав, зошто пиев мнооогу и мочав многу и лесно ја исфрлив анестезијата од систем.)
    Би раѓала пак, и дефинитивно со спинална...
    Со лесно и тебе и на сите идни родилки. Нема, навистина нема поубав момент!!
     
    На Ula, sanjela, Gosh и 13 други им се допаѓа ова.
  10. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    @irena.1 уххх Иренке :( Се наежив. Побрзо да се опоравиш! :hug:
     
    На irena.1 и mariz им се допаѓа ова.
  11. Troi

    Troi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    764
    Пол:
    Женски
    Јас да брашам глупо прашање, ама дали спинална е исто со епидурална? :tmi:
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    На исти начин се прима, ама спиналната се става еднократко и трае некое време, а епидуралот трае само дур се прима т.е. иглата стои цело време во грб и само се дозира.
     
  13. Troi

    Troi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    764
    Пол:
    Женски
    Аха, а дали знаеш што е подобро т.е. побезбедно во однос на грбот?
     
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Двете исто се ставаат - епидурал се користи за спонтано породување, а спинал за царски. Е сега има случаи кога и за спонтано ставаат спинал, ама претпоставувам поблага верзија во однос на онаа која би била за царски.

    Не ти беше тебе рано за ова да мислиш? :)
     
  15. Troi

    Troi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    764
    Пол:
    Женски
    Хаха, рано е ама некако брзо лета времево :D.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.301
    Допаѓања:
    37.951
    Пол:
    Женски
    Спиналната се става подлабоко во спиналната течност, а епидуралната во нервите во горниот слој на рбетот. Тоа ни го кажуваа на часовите за трудници пред пораѓај анестезиолозите.
     
    На stevemila, Troi, Libra88 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. ma4e1311

    ma4e1311 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    2.569
    Пол:
    Женски
    Дали спиналната анестезија го симнува притисокот?или нема врска таа информација,прво овде са си прашам нем анестизиологот да ми се смее да прашувам глупости.
     
  18. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.027
    Допаѓања:
    40.193
    Nema sto da ti se smee. Voopsto ne ti e glupavo prasanjeto
    Mislam deka ne
    Jas imam protosok 90 so 60 a vo prvata bremenost mi bese 100 do 110 so 60. Vo predporodilna koga primiv epiduralna mi imaa prikluceno da mi meri pritisok i mi bese gorniot negde 140
     
    На stevemila му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Другарките мои викаат дека паѓа притисок и дека тоа им го најавил анестезиологот пред постапката. И повраќале во текот на пораѓајот.
     
    На Troi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.301
    Допаѓања:
    37.951
    Пол:
    Женски
    @ma4e1311 паѓа, мене две инфузии ми ставија во Плодност пред пораѓај, баш од таа причина.
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.