Форумџика на годината

Спинална анестезија

Дискусија во 'Бременост' започната од Dory, 12 септември 2014.

  1. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.621
    Допаѓања:
    2.899
    Пол:
    Женски
    Осеќав допир пред да почнат да сечат. И реков на сестрата ама јас се осеќам :D мислев и сечењето ќе го осетам, ама не. Воопшто не осетив ништо потоа, ниту допир ниту болка.
    Другарка, пак, ми кажа дека осеќала како скокоткање кога ја сечеле.
     
    На GIGI69 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.320
    Допаѓања:
    10.931
    Пол:
    Женски
    Јас само тегнење осеќав кога вадеа бебе, друго ништо.
     
    На GIGI69 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.715
    Допаѓања:
    14.750
    Пол:
    Женски
    Само тегнење кога го вадеа бебето, друго ништо.
     
    На GIGI69 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    744
    Допаѓања:
    542
    Има ли шанса да не може да ми стават анестезија поради проблеми со кичма? Имам кифоза (во горниот дел од грбот), сколиоза, лордоза… ама па си викам кој нема нешто такво денес?:mm: знаете ли дали би имало проблем?
     
  5. praski4e

    praski4e Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.403
    Пол:
    Женски
    Полека почнува да ме фаќа страв од спинална анестезија:sweat: како наближува времето за пораѓај. Споделете искуство дали ве болеше, што осетивте?
     
  6. KikiKviki

    KikiKviki Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2023
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    1.138
    Пол:
    Женски
    Со првото ништо не осетив. Со второто се осеќав ама како утрнато местото и осеќав сечење,влечење,тегнење, крајното веќе со шиењето не осеќав
     
  7. KikiKviki

    KikiKviki Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2023
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    1.138
    Пол:
    Женски
    И мене ми беше страв и се тресев ко п**ка таму на масата у сала или ко прасе пред колење. Нз што ме плашеше повеќе во моментот царскиот или спиналната. Ама помина супер се навалив осетив само како мннноооогу нежно штипнување и толку а со првото ни тоа не осетив
     
    На praski4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    4.503
    Допаѓања:
    75.712
    Пол:
    Женски
    И мене многу ми беше страв од боцкањето. Ми звучеше ептен страшно боцкање во р'бет.
    Кога одев накај сала, мислам дека ќе паднев од страв. Со сите сили си ги држев солзите. Дојде моментот, анестезилогот ми кажа дека нема ни да осетам. Ми ја покажа иглата за да ме смири. Многу е тенка и малечка. Навистина не болеше. Како најситно пецкање, а почувствував и кога ја вбризга течноста, ама не ме болеше.
    Супер ми објаснија што ќе се случува, како да се наместам. Беше многу, многу полесно од што си замислував.
    Анестезиолгот ќе се осигура дека делува, па дури после ќе почне гинекологот. Од тој момент натаму го почувствував само вадењето на бебето од мене. Сестрата ме предупреди кога дојде моментот, ми се доближи и ми кажуваше што се случува. Премногу ми значеше поддршката и објаснувањето од нејзе. Осетив само како влечење и притисок, болка не.
    Знам дека тремата и неизвесноста не можат да се победат, посебно за олку голема и важна работа, ама пробај да мислиш позитивно. Посилна си отколку што мислиш, се ќе биде во ред :sun::hug:
     
    На 5678m и praski4e им се допаѓа ова.
  9. praski4e

    praski4e Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.403
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу многу за искрено споделеното искуство. Многу ми значи :l:
     
  10. praski4e

    praski4e Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.403
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу за споделеното искуство:l:
     
    На KikiKviki му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    3.782
    Пол:
    Женски
    Немој ич, ама ич да се плашиш, мене анестезиологот ме муабетеше и општо персоналот, толку беа пријатни што не се ни чувствував дека ќе се оперирам. Кога ме боцна во грбот, осетив само како допир, најискрено, воопшто болка немаше, баш како допир буквално. Сѐ ќе биде во ред :hug::l:
     
    На praski4e и 5678m им се допаѓа ова.
  12. hana@@

    hana@@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2020
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    220
    Пол:
    Женски
    Породена сум два пати со царски.Последното пред 2 год,со спинална.
    Веќе некое време доле на кичма имам топче што се осеќа на допир.
    Дали е можно од боцкањето некое хематомче?
    Осеќам тапа болка на тоа место