Како бе повраќале на пораѓај? Јас од то гледам да се спасам некако од гадње, повраќање. Плус колку имам читано искуства за спиналната, речиси се само позитивни искуства, нигде немам вакво нешто сретнато. Инаку и јас сум со низок притисок.
Ќе кажам со време да ми го кренат А од паника и сам ќе ми се крени сигурно, инаку секогаш ми е 90/50, 100/60, колку да падни подолу од ова не знам. Ах, бе лесен начин нема. Ама не ми е јасно како би повраќал чоек легнат на маса без да можи да мрдни, без осет на пола од телото...плус нели глава не треба да се крева некое време после анестезијата заради ризик од главоболки итн. Ако се повраќа ќе мора гла да крениш. Мора да има некое решение ццццц
Мислам дека пага. Мене ми ставија три шишиња инфузија пред да ме внесат во сала кои истекуваа многу брзо. Кога го прашав анестезиологот зошто толку многу инфузии тој ми одговори. Од анестезијата ке ти падне притисокот, затоа со инфузиите сега ке го покачиме. Ама не се секирај, анестезиолозите си знаат.
Паѓа ,да .Со две инфузии пред зафатот со спинална,притисокот не ми мрдна од 80/50 . А инаку имам 110/70. Ама се регулираше поске 3 часа,од како почна да пушта анестезијата Е сега кај мене не беше пораѓај у прашање,туку обична операција.
Во приватните болници на сите ставаат инфузии пред спинална. Би требало и во државна да е така, нема место за паника за ова. Плус анестезиолог постојано следи притисок и пулс.
@kukla21 ете па можеби немаат таква пракса таму. Не знам зошто, кога можат да се избегнат последиците од нискиот притисок за време на пораѓајот, баш ми е чудно.
Јас имам нормален 90/60 а во тек бременост 110/70 . Ни повраќав, ништо, ама малку ми се слоши на кратко од спиналот. Инаку ми фукнаа нешто одма и ме освежија. Никаква болка не осетив а јас мрднав, дека три пати ме боцкаа... И јас наредна ќе си барам царски ( и да може природно не би одела) . Ова у Систина.
Ајде нека споделат искуства и други мајки шо се породени со спинална со царски, сигурно ги има многу. Се надевам позитивни искуства ќе прочитам
Јас имам ускуство со спинална,ама тогаш си имав висок притисок,на ова воопшто нр размислував, но сега дека ми е низок цело време па викам нема да падне уштр повеќе,мада јас на секој прглед се возбудувам и обавезно ми роколу 130 со 80 кај матичниот а не пак пред царскиоти кога ќе биде,онаку да пред тоа примав и јас една инфузија.и да цело време ти го мерат притисокот и пулсот,
Јас повраќав првиот пораѓај на сред операција,не знам од што ама не од притисок бидејќи ми беше висок двата пати а сеа имав мало гадење после операцијата во шок соба амасо внес на течности помина спиналната има нус последици ама овој пат ми гарантираа дека боцкаат со нови игли мали дека нема да иам главоболки во чаир веќе по терк им е само спинална ретко целосна ако има пациентот проблем со кичма
Исто е и кај мене, дома секогаш низок, на преглед стандард 120/80. Изгледа од возбуда ми се крева, и затоа и си велам дека на пораѓај сигурно ќе биди повисок. Веројатно можам и да разговарам да им кажам да припазат дека сум со низок притисок. Не знам шо да мислам, има еден куп околу мене породени со спинална па од никој не сум слушнала да повраќа на пораѓај
Нити сум знаела дека може некој од спинал да повраќа, нити па јас сум им кажувала нешто на докторите. Они пред пород ако си царски се ќе испитаат. Мене во Систина брис нос и грло, крвна слика ми правеа, притисок си мереа и буквално се си оставив на нив. Нема потреба да се секираш, си знаат докторите што како треба.
Ама јас во држвна ќе се пораѓам, можи ќе треба да си напрам муабет, не знам колку внимание би ми посветиле. Плус ако можеше така лесно да се регулира и да се спречи, немало да има и такви кои повраќале на сред операција. Оф а јас фобија од повраќање луѓе дали има спас. Ако ми се случи то ќе ме фатат паники па ќе ми закачат и целосна е тогаш изгледа попот во бело ќе го видам дури
Ако ти кажам дека на ГАК @eleni27 роди близнаци, без анестезија и природно во 9ти и е презадоволна? @kikin Чаир природно без анестезии и е презадоволна? Секаде има приказни различни, имам моја другарка во Чаир спинал ја породија и она беше задоволна исто така. Едноставно треба да се опуштиш (јас најдов да те советувам каков паничар сум ) Исто ко тебе од се се плашев, па еве не со мали прави здрави. Без грижи .
@SophiaBella имам пишано во царски рез, јас имам многу добро искуство со спиналната, и општо од целиот пораѓај. За 30 минути се породив, спиналната веднаш делуваше, без никакви несакани последици. А и јас бев испаничена поради високиот пулс што го имав цела бременост, ама се беше во ред. Прочитај повеќе во темата царски рез има многу позитивни искуства.
Дај Боже да е така на крај се добро. Инаку од Битола сум тука ќе се пораѓам во државна. А паничар поголем од мене не знам дали ќе се роди