Ич не му ја мисли, арно ти кажа @kristina.k ѕирни ја таа тема ќе видиш се се позитивни искуства. И мене за 20 мин ме породија, без болки без ништо. Читни и не се паничи, се ќе биде во ред ќе видиш. <3
Не рaзбрaв сaмa сaкaш цaрски или мoрaш? Акo ти е зaкaжaн цaрски знaчи имaш гoлеми врски и ќе ти oбрнувaaт мнoгу внимaние oд кo ќе влезиш дури излезиш oд бoлницa, aмa не е лoшo дa спoмниш декa имaш низoк притисoк вooбичaенo. Без гaјле не се плaши се ќе биди вo ред
Имам врска, без врска тешко да одам во државна болница ама сепак се плашам кој знае како ќе биде. Царски ми препорача доктор заради матката дека ми е дворога а и јас сакам познавајќи се каков паничар сум. Дај Боже да е се добро на крај
Те читам и мое мислење е дека ти не си паничар, туку некако песимистички ми гледаш на работите. Ај вака, сите сме се плашеле, нормално е кога ни било прв пат, ама па си викав, боже.мој, цел.овој свет излегол на тој начин, сите можат јас да не можам. Мисли си на моментот кога ќе заврши сето тоа. Биди храбра. Мене ми нудеа царски зашто мислеа дека плодот е голем. Не прифатив. Плодот беше нормален. Среќа шо не прифатив. И уште 100 пати да раѓам природно ќе одам. Господ дава сила за тој чин, не за џабе сме жени, така сме створени. Ова е само мое мислење, зашто јас ете на пример имам фобија од игли, посебно во грб. Да се редактирам. Ако има причина за царски тогаш тоа е веќе друга работа. Кога се мора се мора. И пак позитивно @SophiaBella
Освен шо сум паничар преголем (малку да ми е лошо, да ми се гади особено, мислам крај на свет дека е, па трески ме фаќат, паники итн), да во право си и голем песимист сум. Ама со оглед на погоре напишаното не знам како ќе успеам да се справам со природен пораѓај. Се познавам. Ќе ги претрпам сите болки и маки и на крај ќе завршам на царски(се јави песимистот). Како и да е бебето мора да излези некако. Барем него да не го измачам.
И јас ќе одам царски и планирам со спинална освен ако нема потреба за целосна. Мн ми е страв и како наближува времето се повеќе се зголемува. Господ да е со сите нас и да ни помогне во тие моменти.
@SophiaBella во Чаир рачунај дека првиот пат примав провокација 9часа без храна и вода а сега од вечерта од 22ч.до 13 тогаш се породив исто без храна и вода тоа може допринело ама не се секирај не е страшно и јас многу се плашев се трудев да бидам смирена цело време им викав притисокот ќе мисе качи и ми се качи ама нормално го контролираа и сестрата цело време го гледаше и ми кажуваше добар ти е не се секирај на почеток осетив како ми е тешко дишењето и им кажав одма ми стаија нешто и ми олесна многу....пошто не осеќав трпнење на двете нозе исто а те прашиваат ми ставија мислам повеќе доза па после 5-6часа ми се пуштија скроз и обавезно ќе имаш треска да не се плашиш.ќе неможеш да го смириш телото ќе те тресе ама тоа е неколу пати на интервали и поминува.со лесно и не мрдај кога ќе те боцкаат сконцентрирај се
Денес баш разговарав со анестезиолог и кажа дека да спиналната ги спушта притисокот, но за време на царскипт нон стоп го следат притисокот и даваат инфузија и ако има потреба го спуштаат ило дигаат притисокот,велат не се секирај постојано си под надзор илјадници жени се породуваат секојдневно со спинална побезбедна е и за мајката и за бебето. Така жени мои само храбро.
Идни мамички, воопшто да не се плашите ниту да читате ниту да мислите. Уживајте во бременоста, и јас стравував ко вас па сега ми е криво што не бев порелаксирана. Царски имам родено и да, повраќав со главата свртена на страна во едно нивно канче додека траеше операцијата ама скроз го заборавив тој момент сега читајќи ве вас ми текна. Толку си зашеметен тогаш од чуда што ставаат во инфузијата што ти е све рамно. Боли после да но не е неиздрлжливо. Проаѓа брзо. Имам одлично искиство и уште 10 би ги родила со царски. Уште еднаш УЖИВАЈТЕ ВО БРЕМЕНОСТ РЕЛАКСИРАНО со убави мисли!!!
Течности, што е можно повеќе течности за побрзо да се исфрли од организмот. Не си единствена, ќе помине за кратко. Честитки за бебенцето, да е живо и здраво!
@ada21 повеќе течности, и тражи нешто за главоболка ,кај нене на почетикот ми ставаа инфузии за болки првите два три дена, и после кпга имав болка ссмо парацетамол оти доев ,потражи им на сестрите ќе ти дадат нешто.
покрај течности многу, ми кажа докторот да се напијам една чаша кока кола и нескафе, ама не ми помина ни од тоа, имав страшни главоболки три дена од ко си дојдов дома
Ништо посебно освен мн течности да пиеш,јас понеделник се породив дури саботата ми се намалија страшни главоболки и вртоглавици имав..ќе помине Поради главоболките и вртоглавиците што ми се јавија после првиот порагај сега се мислам дали ако биде пак царски да речам со целосна...
И јас се породив со спинална, ми дадоа памфлет со објаснување за самата процедура и за последиците кој требаше да го потпишам. Истотака имав и разговор со анестезиолог, меѓутоа веќе бев информирана и не го потпрашував многу. Како и при секое интерферирање со телото можни последици се инфекција на местото на инјектирање, крварење и повреди на нервите. Типичен негативен ефект е паѓање на притисокот, затоа што опојката ги проширува крвните садови во долниот дел од телото и се собира привремено премногу крв во нозете. За ова е задолжен анестезиологот кој набљудува и во случај да дојде до опаѓање на притисокот се дава соодветен медикамент и се реглуира состојбата. Јас имам низок притисок меѓутоа поминав без проблем. Понатаму може да се појават гадење и повраќање, како и главоболки. Кратко време може да има проблем со бешиката, но штом помине дејството на анестезијата тоа веднаш ќе се нормализира. Најстрашната компликација е повреда на рбетниот мозок, меѓутоа денес ова е многу многу ретка појава. Тоа се ризиците кои според истражувањата сепак се ретки, секој ден кој знае колку жени раѓаат со спинална и се поминува во најдобар ред. Оваа процедура е едноставна, лесна, за 3 до 4 часа поминува нејзиното дејство во целост, предноста е што мајката е свесна за целото време и веднаш ќе си го види бебето, а според студиите и посигурна процедура имајќи во предвид дека пример при цела опојка се губи во просек 100 мл повеќе крв отколку со спинална. Да резимирам јас поминав супер со спинална, тоа што го споделив тука е од прилика што запомнив и што знам, за мене постоперативниот период поточно првите денови беа потешки отколку самата операција, одете само со позитивна мисла и се ќе биде во ред.
Pijam celo vreme tecnosti , no pak imam strasni glavobolki posebno od sabajle . Ne se izdrzuvaat . Mi davaat se infuzii ,inekcii,apcinja , kofein mi rekoa red bul , kafe , koka kola , bidejki mi e nizok i pristisokot. Prvitot den bev super mislev se pomina no ne bilo taka. Ke se trpi nema sto ... fala vi na sovetite