Јас се боцкав со клексани и бев со спинална. Е сега кај мене беше елекривен царски, па се договоривме со др два дена претходно да прекинам со клексани. Ама тоа ради крварењето, зошто пред две год.дента примив клексан и истиот ден ме оперираа,па крварев многу и за време на операција и следните два месеци.
@eli25 Секако после царски рез боцкат клексан, така да нема врска мислам типот на анестезијата со клексаните. Овде во болницата не сум видела до сега некоја жена со целосна анестезија да ја прават царски рез. Сите се со спинална.
Мене др. ми рече да го прашам трансфузиологот, она рече 24 ч пред царски. На 1 авг сум на контрола па ќе потврдиме.
Мене па трансфузиологот ми рече да си одреди докторот што ќе те пораѓа. Ама може зависи од тоа какви се резултатите. Јас повеќе превентивно ги примам.
Ако може да ја стават и ако нема индикации за целосна, тогаш одат со спинална, оти е полесно и за докторите и за родилките. Мене не можеа да ме боцнат убаво за спинална, цел 'рбет ми го изрешетаа, на крај пак завршив со целосна. Клексани задолжително боцкаат после операција, без разлика дали е породување или некој друг вид операција, да се превенира згрутчувањето на крвта и создавање на тромб кој ако се откачи може белја да направи. Јас во бременоста не примав клексани, ама после породување во болница примив пет, дома уште три, и после пак правев контрола на д-димери, ми беа 1800 и нешто, морав уште пет да примам. После тоа не проверив, ама претпоставувам дека се нормализираа.
Ситуации кога мора итна реакција, заматена плодова вода, губење на тонови на бебето, потоа проблеми со 'рбет, од типот на дискус хернија. Така мене првиот пат кога ме пораѓаа со царски мораше одма да ме успијат, оти плодовата вода веќе беше заматена поради тоа што малиот се имаше искакано во неа, за среќа не се напи. А вториов пат немаше потреба од целосна анестезија, ама ете, не можеа да ме боцнат убаво за спинална, т.е не можеа да го погодат местото убаво, па ме успаа. Инаку јас имам дијагностицирано дископатија, им кажав пред да ме боцкаат, рекоа дека нема врска, ама очигледно имаше, бидејќи анестезиологот никако не можеше да ме боцне убаво.
Кај Ефремовски ќе се пораѓам, кај Самоников одам на трансфизоилогија. Оваа недела бев, му викам на докторот рекоа вие да одлучите. Д димери последен пат ми се 1000.
Мене Јани ми напиша во извештајот, 24 часа пред царски да се прекине и да се продолжи со клексан 10 часа после царскиот.
Примав клексан до крај пошто изненадно во 36та ми пукна водењак. Лежев една вечер во ремедика со пукнав водењак и наредниот ден ме породија со спинална. Продолжив уште 3 недели со клексан. Иначе се боцкав клексан од четврти месец па до крај. Од шести дупла доза по 2 инекции на ден. Не верувам дека некоја од вас имала повисоки ддимери од мене.
Zdravo mamicki denes sum podobro malku poslabi se glavobolkite . Bebceto e dobro osven sto ima infekcija na belite drobovi i mu davaaat antibiotska terapija. Si dise samo i jade super . Uste toa se nadevam ke se povlece infekcijata od terapijata . Se molam se da bide dobro . Ve guskam
Ајде мами. Сигурно ќе биде се во ред. Ти опоравувај се, а и бебуш ќе е супер штом е под надзор и штом сами си дише. Ве гушкаме