Еве и јас ќе ти одговорам..не никаков документ не потпишав никогаш за ниедна анестезија па ни за пораѓајот. Прашана бев само дали сум алергична на нешто, дали пушам, здраствени проблеми и оперативни зафати, тежина и висина. И нормално она што ти го кажуваат да не си јаден и пиен пред анестезијата најмалце 12ч.
За сите три потпишував, за спиналната на бокс анестезиологот ми донесе да се потпишам ,немам зашто да измислувам. А оние што одеа на пункции додека сум ги гледала сите се потпишуваа, на албанките од косово им преведуваа за што треба да се потпишат. Не ми е верно пред операција да не се потпише некој поготово не во систина со куп документи ми донесуваа секој пат, дури за серклажот од што бев преплашена ми идеше да им кажам манете ми се веќе
Како што ти одговори и Кукла. За пункција потпишуваш документи за јајце клетките, согласност доколку донираш, согласност дека терапијата која се прима има нус појави ( ова се потпишуваше дур Систина беше кај Олимпико ) после веќе никогаш не потпишав документ за согласност од нус појави од терапија, потпишуваш документ за согласност за замрзнување или одмрзнување, согласност дека си свесен за можноста ниедна ј.к да не успее, согласност на трансфер итн. А, согласност за анестезија никогаш. Ова го тврдам зашто од 2006 до 2015 бев пациент во Систина.
И јас се потпишував за царскиот и за хистероскопијата убаво се сеќавам дека меѓу многуте документи имаше и за анестезијата дека прифаќаш и си запознаен со можните ризици. Еве најново тетин ми правеше две операции за жолчка и кила во осми септември исто се потпишуваше. Да не се лажеме целосната анестезија не е наивна и знаат да се десат несакани нешта од неа, затоа и пациентот се потпишува дека е свесен за се и се согласува за тоа.
Во Систина ги правев 6те ИВФ, последното во друга приватна клиника, пораѓајот ( анестезиологот беше мој човек ) на Гак и хистеро и лапаро на Гак. Никогаш не потпишав ниеден документ за анестезија. Нема зашто да лажам. За во Ремедика како е незнам немам искуство.
не велам дека лажете таман работа. Само чудно зошто секој се оградува бидејќи не се знае никогаш исходот од анестезија.инаку искрена да бидам само ивф знам што е но не ја знам постапката баш дали успиваат или не. другово што наброја па ич не знам што е..
Па еве и јас тврдам, 2014 операција, 2016 серклаж, неколку месеци подоцна порагај. За порагајот бидејки во последен момент се решив за анестезија на бокс анестезиологот ме праша во крати црто детали и ми даде документи да се потпишам.Пред тоа се потпишував уште во собата на други документи, ова беше за анестезијата. Ако мене ме сметале за посебен случај па да ми дале само мене да се потпишам нека биде така. За пункции исто ги слушав сестрите кога на албанките т.е на нивните мажи им збореа на српски дека да се потпишат треба за анестезијата. Ајде настрана тие ете може сум чула не сум дочула, ама 1000% знам дека јас потпишував. Мајка ми правеше операција на градата во државна само што ја прашав сега дали се потпишувала рече да. Како и да е отидовме вон темата
Не знам како не сте потпишувале, не е можно само јас да сум потпишувала куп документи, добро ете и @LiliBoz и @butterflysk потпишувале. Не е можно пред одење во сала да не се потпишете, и број бараа од мој близок за контакт за недај боже, сестрите од систина само вртеа тоа листовите, тука потпиши се, овде потпиши се, ова за ова е,ова за тоа е. На крај се извинуваа заради огромната документација.
јас се потпишував пред операцијата во Систина мн убаво се сеќавам дека на еден лист за анестезијата имаше напишано доста вознемирувачки работи за пораѓајот потпишував нешто во соба али не беше за анестезија ко што паметам. Јас прв пат на темава читам дека некој не се потпишувал.
Ni jas nikogas nisto ne sum potpisala za anastezija. Dve operacii i ne sum potpisala. Alergicna na anastezija sum i toa i go kazav na anasteziologot pa ne mi dadoa nisto da potpisam (neli pogotovo vo vakov slucaj so alergija bi trebalo da se zastitat ama ne,ne potpisav nisto). Isto i so sin mi vo Sistina ne potpisav za anastezija nisto. Tamu so gluposti me davea za potpisuvanje kako na primer za menito
Јас не потпишав ништо. Нема потреба луди да ги правите сите. Никој не ми даде документ ни кога имав анелгезија (првото боцкање), а па на царски кога ме носеа немаше време за ништо, не па за документи.
И јас поминав две операции, двете со целосна анестезија, не потпишав ништо. Ни мм потпишал. По правило, и за епидуралот треба да се потпишува, впрочем, за секој вид анестезија.
Не е можно, да не не нагласиле за што е или слично, јас и за епидуралот и сега кога ме успаа на бокс потпишував Да се редактирам, отпосле дочитав до крај