Ако се пораѓате царски може и да не ви дадат посебно пемпеле за анестезија, зошто се подразбира дека со анестезија ќе се прави операцијата. Мада кај мене анестезиологот кога го прави заклучокот обавезно дава пемпеле за потпис. Мислам дека само кај класична спинална нема, зошто не се ни прават предоперативни испитувања освен лабораторија и трансфузија, не се оди на посебен преглед кај анестезиолог.
Mene pred operacija koga trebase da odlucat koja anestezija najmnogu mi odgovara me pratija osven kaj transfuziolog i kaj anesteziolog pa toj odluci za spinalna otkako me pregleda. I mene licno, mnogu me bolese, prvoto bockanje ne bese uspesno, a vtoroto edvaj izdrzav zasto e bockanje direktno vo nerv i boli ama MNOGU. E sega, sekoj so svoja prikazna... I da, morav da potpisam.
Значи не сум единствена што потпишувала во систина, пред некој ден на една друга тема испаднав дека лажам дека сум потпишувала.
Taman rabota. Pa ne ovde ispagja deka non stop lazeme koga zborime za privatnovo, dzanam od niv leb jademe. Posto neli drugive sto nw bile znaat kako e. Inaku za anestezija mora da se potpise, rizik e. Ti vikam stotuku porodena mi dojdoa na boks da me uspijat i prvo mi objasnija i dadoa da se potpisam pa posle se ostalo.
Така е да, ама знаеш како беше на темата, ние две три што пишавме дека сме потпишувале делуваше ко да измислуваме.Бар јас така се почувствував. @wannaBeMomma да, и мене на бокс јас од болки се виткам, анестеѕиологот ми даде да се потпишам прво па ми стави анестезија, исто и за операциите, само што таму во соба се потпишував.
Мислам дека претеруваш никој никого луд не нарече, напротив ние неколкумина што кажавме дека сме потпишувале пред анестезија не напраивте дека измислуваме и дека такво нешто не е можно. А како што читам сега тука е и повеќе од можнo и протоколот е таков.
Не е така. Верувам дека сте потпишувале, ама исто така и вие треба да верувате дека ние ништо не сме потпишале. Имаше став како да не се сеќаваме, не сме виделе што потпишуваме..
Искуства со спинална анестезија при царски рез... Слушам многу како да не се мрдала главата да не се исправува да не се врти лево десно и од кои причини тоа не се прави. Овие дена треба да се породам со царски ама некако оваа ме плаши сепак во `рбет се става..Дали боли? По колку време можевте слободно да се движите?
За главава прв пат слушам. И спинална и епидурална позади ме имаат боцкано, разлика не осетив меѓу нив. 1-2 секунди пецкање/болка и тоа. Уствари спинална беше подобро бидејќи бев смирена и концентрирана, епидурал за време на најјали контракции и отварање ми ја пуштија. Потешко од тоа да не мрдаш во текот на тие болки нема. Станав после 12 часа. Првиот ден беше со јаки болки. После 36-48 веќе се движев без болки.
Главата смееш да ја вртиш лево десно а горе долу не. Зошто - не знам така ми рекоја на државна во Битола така правев. Болка ќе осетиш некои 5-10 секунди максимум и толку. Ме станаа по 24ч е тоа ќе го осетиш и боли многу. Секое наредно станување ќе биде полесно и помалку болно. Со лесно.
Огромни главоболки 5 дена имав. Не требало да се врти главата за да не те боли. А ставањето спинална ич не е болно. Ништо не осетив.
Јас ја вртев главата немав никакви болки после тоа. Многу малку боли кога ти ја ставаат. После 12 саати ме станаа, беше болно но после тоа се помалку ќе те боли.
Zdravo zdravoo, sakam da gi prasam majkite so se imaat porodeno so spinalna anestezija, dali posle toa imaat nekakvi posledici. Eve mene na primer me bolat zglobovite na racete, na nozete..nekogas mi se ukocuvat racete neznam dali mi e od anestezijata sakam da znam dali i kaj drugi se ima sluceno ili samo kaj mene