Да прашам и јас дали е можно да ми трнат рацете, посебно прстите(највеќе делот кај ноктите) од спиналната?! Породена сум пред 2,5месеци и веќе 2 недели ми е така
Дали се прават додатни испитувања пред спинална и епидурална и дали во тие испитувања е вклучена и алергија на анестетици?
Здраво Треба да се оперирам со спинална анестезија и ми е страввв... Да сподели некој искуство како е постапката за спинална, дали боли, колку боли, што осеќавте? Фала ви однапред
Ништо не се осеќа. Ти ставаат локална анестезија прво, па после боцкаат спинална која не се чувствува воопшто. После болка не осеќаш, само некое тегнење, влечење
Zdravo devojki,moeto iskustvo so spinalna(a 15 min pred da vlezam Bev za so celosna),anesteziologot me predomisli so mnogu dobro objasnuvanje I prifativ.Mn mala bolka od nekolku sekundi pri stavanje na anestezijata,Mal pritisok dodeka se vadese bebenceto,niv ne gi ni slusate stop zboruvaat bidejki vekje si go video bebeto vo prvite 5 min od operacijata.Na intenzivna posle 3 sati se ti se ozdrvuva I bolkite se Kako menstrualni.
После 7 дена од спинална анестезија имам големи болки во тилот, вратот и рамената Дали сте имале вакви болки за колку време исчезнуваат и што можам да пијам освен парацетамол за да ми се ублажи болката
Здраво породена сум пред скоро месец царски врска немам дали епидурал или спинал ама ме боли кичмата од вчера во делот кај што ме боцнаа. Поминува ли болката колку би ме држело вака?
Ако си имала само едно боцкање (без катетер во ‘рбетот) тогаш била спинална анестезија. Јас мислам дека не боли од тоа, јас имав епидурална и мислев дека од тоа ме боли ама кога обрнав внимание во која позиција дојам и спијам, ми прекинаа болките. Пробај прво така. Сум имала и спинал и епидурал, немам последици.
Здраво , колку дена те држеше болката? Јас веќе 3 ден како што не можам да станам од кревет од страшни болки во задниот дел од главата и вратот? Многу сум исплашена да не останам трајно вака никакви инјекции и апчиња не ја ублажуваат болката, се пробав
2 недели. До лудило ме болеше се мислев да ја удирам во ѕид. Никогаш ништо не ме болело како тогаш главата. Лекови не пиев бидејќи буквално од се што пробав баш ништо не ми помогна.
Исто Две недели ме болеше и од ништо не ми поминуваше Најтешко ми беше што ме болеше и додека спиев Со лесно
4ti den, vece vo panika da ne ostanam vaka vo krevet dozivotno. Legnata ok e, koga ce se podsmiri mislam mozam da stanam I da istrcam. Stom se ispravam boli, pulsira ludilo Site vikaat od koka kola im pominalo, se poduv od koka kola, vise ne pijam nema efekt. Za lekarstva isto sto ne probav od apcinja do injekcii, nisto ne saka da pomogne SPINALNA NIKOGAS POJCE!!!! Ili nemora da znaci deka naredna spinalna isto ke deluva ko ovaa?
Jas imav komplikacija posle porogjajot koj pomina dobro. Edno 3,4 sat posle zavrpiv vo operaciona sala itno, sakaa celosna da mi stavat, ama bev jadena i piena, gladna i žedna posle porogjaj, pa mi dadoa spinalna. Brzo beše za 2 sekundi, voopšto ne boleše, pecna kako za zemanje krv koga e, od polovinata nadole ništo ne čuvstvuvav, na intenzivna me odnesoa posle toa i mi rekoa samo da ne medam mnogu da ne povrakjam. Ne pivrakjav, ne me boleše ništo ni togaš i otposle, se super. A so diskus hernija sum tamu na pršlenite pa se pomina super.
Првото го родив со целосна Второто со спинална Главоболки навистина имав страшни кои траела две недели ама многу побрзо закрепнав одошто со целосната После спинална имав сила што се вика да трчам а после целосната не можев еден месец од кревет да станам од болки во стомакот Далеку подобра е спиналната верувај
И јас бев со истите болки... оддеднаш ќе ти прекинат. Во легната положба скроз исправен грбот помала беше главоболката.. а како станев, страшна болка што тера и на повраќање. А наведнување па, научна фантастика, мозочен мислам ќе ме акнеше ако се наведнев. Ама поминува... нормално е. После тоа немав никакви компликации, ниту главоболки, ниту болки во кичма.