Ајде јас да си прашам. Дали некоја има ставено спирала? Се размислуваме со уште една другарка за овој начин на контрацепција, ама не познаваме никој што го користел овој начин. Па ајде ако има некоја познавање да сподели тука
Спиралата не се препорачува на оние кои немаат роденото дете, мислам дека секогаш се става после тоа. Сеуште се користи овој метод, мада има многу мал процент каде сепак можеш да останеш бремена. http://www.covermagazin.com/metode_kontracepcije-umu.htm
Иако не знам многу , и јас имам слушнато дека е за жени кои веќе родиле . Ама не знам дали може и тие што не родиле ..
За жени што родиле е. Јас кога родив второ гинекологот ми се запна да ми стави. Се спремив да одам еден ден, и се премислив. Што знам, не ми се допадна идејата да имам туѓо тело во мене. А знам дека еден куп жени ставаат.
И јас од тоа што имам читано, знам дека е за жени кои веќе имаат родено. Ми текна сега еден пример братучедка ми заврши медицина и додека студираше еднаш за време на пракса, дошла некоја постара жена која веќе заборавила дека во неа носи спирала и тоа загноило и предизвикало некаква инфекција, страшно било ептен. Тоа изгледа си има определено на колку време треба да се оди на доктор на контрола или нова да се става, не знам баш како е
Јас не би ставила спирала, затоа што не сакам да имам туѓо тело во мене. Имам читано дека спиралата е за жени кои веќе родиле.
Јас имам тетка која долго време носеше спирала. Првото дете го роди на некои 35 години, и демек нема шанси второ стави. И секогаш велеше дека не и смета, не ја сеќава, ама и било шубе многу, и плус докторот не и дозволувал да ја има многу години. И ја извади на 40, па веднаш повторно остана бремена. Е за млади не знам аам подобро да не си превземаш ризик Виножитце, најсигурно ти е.
Обично на 5 години се менуваат, и точно е тоа дека може да се извади и пак да се забремени. Сепак не ја препорачуваат на девојки што не родиле. Исто така важно е организмот да ти ја прифати - може да не ја прифати и да треба да се извади. Има различни, мене ми препорачуваа бакарна ако не се лажам. Имало и некои што се ставаат ако имаш обилна менструација, и го намалувале крварењето. Се зезаше гинекологот мој дека спиралите се ептен исплатливи ако го земеш во предвид намалениот трошок за влошки
Познавам неколку жени кои имаат забременето со ставена спирала....значи и не е баш некоја сигурност! Исто така имам читано дека постои опасност телото да ја одбие спиралата и да настанат некои проблеми...Не би ставила спирала!
е јас веке 4 дена ја имам спиралата и не можам да се помирам...стално ја мислам и се плашам. сега што прочитав од вас дека не би ставиле се разочарав скрос мојата е бакарна и трае 10 години. имам 3 бебиња и морав да правам нешто преморена сум! ништо.....ке му ја мислам
Јас имам спирала Мирена веке една година. Мирената освен што дејствува како страно тело, плус е хормонска, значи посигурна. Ја ставив оти родив две деца ено по друго со царски, претходно имав три спонтани така да докторот ми рече доста е више Шеги настрана, имав проблем и со обилни крварења за време на циклусите оти матката ми била аденомиозна, па ова било некакво решение. Ми требаше време да се опуштам оти цел живот внимаваш, или правиш деца или не и така. Презадоволна сум. Спиралата не се препорачува за девојки пред да родат оти најчесто настанува оштетување на матката. Кондомите штитат и од бременост но и од сексуално преносливите болести.
Душе555 штом си ја ставила спиралата тогаш држи ја, има рок 10 години плус бакарна е, претпоставувам си ја платила поскапо од другите, ама јас би ти препорачала да одиш редовно на доктор, на контрола, за секој случај за да немаш некакви непосакувани ефекти или последици, на пр. жена што има раничка не смее да стави спирала (ова не се однесува на тебе) и ќе користи таблети контрацептивни, така да со среќа нека ти е!
Si ja staviv spiralata koga napolniv 18 god (uste malku ke polnam 19) i dosega nemav nikoakvi problemi! Se preporacuva da ne se stavi kaj mladi devojki, koi sto se uste nemat dete, samo poradi sto boli (dodeka se stava). Ja imam spiralata "Mirena" za 5god. i sum mnogu mnogu zadovolna.
Se preporacuva da ne se stavi kaj mladi devojki, koi sto se uste nemat dete, samo poradi sto boli (dodeka se stava). Нонсенс. ecaliban и јас имам Мирена и да ти кажам ама баш ништо не почуствував кога ми ја аплицираше докторот. И тоа се помачи малко бидејки се имам породувано два пати со царски па каналите ми се тесни, ама постапката не беше поразлична од земање брис за ПАП. Ако те болела аликација на спирала, со срека при породување Долу наведеното не е точно, дека нема никакви проблеми освен болката. Значи имаш страно тело у себе кое функционира по механички пат. Многу често спиралата зараснува со ткивото од матката и се отстранува оперативно. Мајка ми имаше ваков проблем, тетка ми, мајка на другарка ми.... И кога се отстранува оперативно е исто како киретажа, т.е. зарасната спирала се отстранува со киретажа. Секој треба да си одлучи за себе но пред да се решите на ваков чекор, информирајте се детално.
Токму ова е причината поради која спирала не се препорачува кај млади девојки и жени кои не родиле. Ризикот од такво зараснување постои, и големи се шансите да се случи, а самиот оперативен зафат понекогаш може да биде до толку инвазивен, па девојката/жената да има проблеми со забременувањето подоцна. Затоа девојки, како што кажа Shana, детално информирајте се. На крајот на краиштата, има толку други контрацептивни средства, има време за спирала.