1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спирала

Дискусија во 'Секс' започната од RainBow, 8 јули 2010.

  1. m.i.g

    m.i.g Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    5.894
    Пол:
    Женски
    Се решив да сечам туби најсигурна опција е таа, веќе закажав термин за операција. Одвај чекам
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  2. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.821
    Допаѓања:
    5.495
    Пол:
    Женски
    Каде и колку чини ? И јас размислував за таа опција ама на пораѓај не ми дозволија.
     
  3. m.i.g

    m.i.g Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    5.894
    Пол:
    Женски
    Сакав и јас за време на втор царски ама не ми дозволија демек млада сум била ( ова пред 7 год.). Сега кога ја извадив Мирената, самиот доктор ме праша што планирам како заштита од понатамошна бременост, бидејќи знај дека не сакам повеќе деца. Му кажав дека не сакам ништо што има 1% шанса за бременост ( апчиња и сл) и самиот ми предложи сечење ( НЕ врзување) за 100% сигурност дека нема да забременам. Јас ќе ја правам на државно ама не сум во МК за да ти помогнам со други информации.
    Исто така, докторот ми спомна дека шансите за канцер се намалуваат за 80% после сечење на туби
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.821
    Допаѓања:
    5.495
    Пол:
    Женски
    Исто втор царски, исто млада сум била не ми дозволија. А имам во фамилија историја на канцер (на дојка и јајници).
     
    На m.i.g му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.821
    Допаѓања:
    5.495
    Пол:
    Женски
    Ставена денес Мирена. Утрото ја ставив накај 10 часот. Имав малку вртоглавици и непријатност бидејќи беше грубо ставањето. Сеа ми е страв малку да не се измести, да не ми направи некој друг проблем, ама јбг тоа е. Мораше да се направи нешто.
     
  6. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    679
    Допаѓања:
    6.814
    Пол:
    Женски
    Ај баш кажи мислење после некое време како ќе ти биде и дали ќе ја осеќаш.

    На мисла сум подолг период дали да ставам, зошто моментално не користам никаква контрацепција, ама имам читано дека некои ја осеќале како страно тело или добивале пообилна менструација па се двоумам.
     
  7. Meddy

    Meddy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2021
    Пораки:
    918
    Допаѓања:
    577
    на ехо дали се гледа ако е изместено?
     
  8. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    Дали некоја има извадено спирала и пп колку време добила циклус? Јас ја извадив два месеци по ставање, не можев да се поднесам, имав ептен оскудно крварење и цела се напнав и ја извадив. Др рече ќе си добивам пак нормално, ама еве веќе цел месец ми доцни. Имам болки ко за добивање постојано, понекогаш минимален исцедок и кога мислам дека ќе добијам, пак ништо, се мрднав.
     
  9. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.821
    Допаѓања:
    5.495
    Пол:
    Женски
    Да не се подречам. Сеа за сеа арно е. Еве втор пат добивам циклус точно на време. За жал уште крварам обилно, ама докторките ме тешат дека така е првите 3-6 месеци.

    Да. Првите месеци ми рекоа да одам по завршување на циклус за да се потврди дека не мигрира.
     
    На Meddy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.821
    Допаѓања:
    5.495
    Пол:
    Женски
    Да ти пишам апдејт. После вториот месец, тече значи трет месец почнав да имам крварење без никаков ред. Менструација добивав редовно на 28 дена првите два месеци. Значи на 21 април беше тоа менструација,10 дена траеше. Бев на депилација, 3-4 дена чисто па пак прокрварев околу 5 мај траеше 3 дена. Потоа 2 дена ништо па пак, накај 9-10 мај. Пак неколку дена крварење. Потоа чисто. Завчера на работа додека бев, пак прокрварев. Трчав по влошки. Не знам дали смеам тампони додека имам спирала. Заборавив да прашам.
    Се изначитав секакви случаи на Reddit, дека им исаднала, им се изместила. Бремени останале. Па како ненормална само проверувам тие конците дали се иста должина. Си паничам. Ајде да видам. Трпеливо ќе чекам да се стабилизира. Докторката вика да издржам 6 месеци и потоа можно е воопшто да не крварам.
     
    На Cinnamon Bun му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    679
    Допаѓања:
    6.814
    Пол:
    Женски
    Ау ова многу е, си се изнамачила. :worried: Ајде да видиме дај боже да се стабилизира за некој месец.
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.821
    Допаѓања:
    5.495
    Пол:
    Женски
    Еве помина уште еден месец од претходно кога пишав апдејт. Уште немам никаков ред. Си крварам, престанувам. 10 дена немав ништо еве сеа 5 дена имам. Количински се помалку ми изгледа дека е, ама многу често се јавува. Еве веќе 2 пати е месецов.
    Бев на прегледи првите 2-3 месеци, сега само се јавувам на докторката и се консултирам.
    На последниот преглед рече дека јајниците се активни, овулации имам. Е сега дали ќе остане така или со тек на време ќе немам овулации и крварења било индивидуално. Ми рече само да бидам упорна и трпелива. Кога веќе ја ставив да истрпам неколку месеци крварења и безредие, за после да бидам раат. Ама како што сум за сите работи една во 100 000, се плашам и оваа спиралата да не биде тотален fail, а да се изнамачам....
     
    На emche05 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. emche05

    emche05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2019
    Пораки:
    641
    Допаѓања:
    868
    Пол:
    Женски
    Леле баш за тој момент истрпи, не можам да се решам да ставам. Не знам дали би истрпела јас ;( неколку познанички имаа исто вака искуство како тебе. Ја би се мрднала од умот ми се чини :?:
     
  14. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.821
    Допаѓања:
    5.495
    Пол:
    Женски
    Ама друго чаре нема. Ако не истрпам треба да се вратам на хормонски таблети и да се замарам дали сум испила или не, па ако ме фати вирус стомачен (пролив/повраќање) дали се апсорбирале таблетите. Ако пијам антибиотик контраиндикациите да ги пазам.
    Ако сум на Depo Shot пак треба да го мислам на секои три месеци да не пропуштам или задоцнам..

    ќе истрпам. Само да се исплати. Да не остане вака никако.
     
  15. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    5.088
    Допаѓања:
    54.178
    Пол:
    Машки
    Може едно непопуларно мислење?
    Зошто наместо да се ставаш на вакви маки не му кажеш на муж ти да свршува надвор? Или да напраи вазектомија?
     
    На Gosh, anggell, CareTee и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.482
    Допаѓања:
    28.987
    Пол:
    Женски
    Или симпли - кондом.
     
    На Gosh, anggell, Mr.Limonko и 3 други им се допаѓа ова.
  17. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.821
    Допаѓања:
    5.495
    Пол:
    Женски
    Затоа што ја ставив првенствено од друга причина. А контрацепцијата ми е само плус, како win win ситуација.
    Може да прочиташ погоре.

    Ја ставив постпородилно бидејќи имам истмоцела и менструалните крварења ми се обилни и долготрајни. Ако менструацијата ми трае 5 дена, уште 6-7 дена имам цедење некое, стара крв ми се насобира во џеб.
    по препорака на гинеколог ми е кажано дека тоа може да се среди оперативно, или со спирала да ми се сопрат менструациите, па да немам такви проблеми. Бидејќи кај некои жени спиралата доведува до аменореја, па се надевам кај мене ќе биде така.
    Секако пазиме ние, не ја ставив спиралата за контрацепција.
     
    На JasBee11 и John Snow им се допаѓа ова.