Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спирала

Дискусија во 'Секс' започната од RainBow, 8 јули 2010.

  1. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264

    Ариел, немаш пишано што направи? Стави ли спирала? :worried:
    И на мајка ми и препорачаа да стави поради анемија. Па сега се распрашуваме натака-навака. Некоја задоволна, некоја не.. :worried: Многу ќе ми значи ако го споделиш твоето искуство. :$
     
  2. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    И јас сум за спирала како контрацепција, во секој случај е подобро отколку абортус, но да не се лажеме се што е страно тело може и да штети, мене докторот ми вели подобро стави спирала отколку да ми дојдеш за абортус што е милон пати поризично и поштетно отколку спиралата. Јас лично планирам да ставам спирала откако ќе се породам за еден месец. Имам слушнато за новолек сприралите биле пластични и воопшто не се штетни има ставено една моја пријателка и ја носи со години без никакви компликации по здравјето. Но, сепак не сакам да наметнувам мои мислења најдобро секоја од вас да се консултира прво со доктор па нека одлучи.
     
    На iloveyou29, Ivona S, elen4e22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    Точно така. Новолек спиралите се супер ја имам јас. Немој да се плашиш, но би ти препорачала да почекаш 40 дена по породувањето.
     
    На ecaliban му/ѝ се допаѓа ова.
  4. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    Така и мислев по 40 или 50 дена да ја ставам не сакам да одам на абортус подобро решение е спиралата.
    многу глупави сме жениви за да им удоволиме на мажите се ќе сатвиме зошто они не користата контрацетивни сретства него ние мораме , се разбира зошто сексот им е подобар без кондом!
     
  5. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Може ли малку повеќе инфо околу овој тип на спирала? Која е разликата меѓу Новолек и Мирена? :?:
    Првпат слушам за неа, сите за Мирена зборат. :worried:
    Колку чини, начин на ставање, несакани дејства, ваши лични искуства..дали имате тегоби некои и дали и како ви се смени менструалното крварење?
    Ве молам бидете поконкретни! :wasntme:
     
  6. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Тоа што си го видела сигурно се однесувало на дијафрагма, контрацептивно средство кое не се употребува кај нас, а е често применето во Америка. Дијафрагмата жената ја става и вади сама, додека спиралата ја аплицира Гинеколог и неможе жената да ја извади сама.

    Мирената освен што делува механички, лачи хормон прогестерон чија вредност е повисока за време на бременост. Хормонот се апсорбира локално и се создава средина на вештачка бременост при што се намалува крварењето, истовремено сперматозоидите не ги оплодуваат јајце клетките. За другата спирала, Новолек не сум информирана.

    Инаку мојата спирала е забегана некаде по каналите, до тој степен што докторот неможеше да ја лоцира. Ми рече дека ке мора да се вади под анестезија со хистероскопија. Шетана женска, се што може да се случи, ми се случува |(
     
  7. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    E јас размислував да ставам спирала ако имам уште дете,но како што ве читам зараснувало нешто,ставање,па да ја извадиш,не не јас сум плашливка за тоа место :$ :D
    E и за дијафрагмата ми ја препорачуваа од како се породив,но како што кажав многу се плашам,јас тампон престрашена сум да ставам,а не па нешто така :x знам малку налудничаво делувам :rofl:
     
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    пред неколку дена разговарав со мојата матична гинеколог, баш на оваа тема и ми кажа дека на жена/
    девојка која уште нема родено НЕ СЕ СТАВА и нема гинеколог што би направил такво нешто

    инаку имам тетка која има родено на нејзини 18 години, и има спирала со години во нејзиното тело, ама не сме дошле до таа тема на разговор за споделување искуства(не ми е јасно зошто се одлучила на таков чекор, покрај презерватив, контацептивни таблети)
     
  9. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505

    Има девојки кои ставаат спирала, можеш да прочиташ неколку страни наназад во темава. А штетно е бидејки спиралата е механичко контрацептивно средство и може да зарасне за матката или да мигрира, како кај мене, и да ги оштети јајцеводите и матката. Само што јас немам намера да раѓам повеке па ми е сеедно. Затоа не се препорачува спирала кај девојки.

    Таблетите се чисти хормони и делуваат различно кај секого. Како девојка еден период имав проблем со циклусот па гинекологот ми ги препиша за да ми се среди проблемот. За три месеци колку што ги пиев, јас се здебелив, т.е. буквално подував 9 килограми. А кондомите се ОК за млади лица, најповеке бидејки штитат од сексуално преносливи заболувања, менување партнери и слично ама кога си во брак е друго. Гума е гума :) Со спиралата имаш нормален, како незаштитен секс, а сепак не забременуваш.
     
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Јас немам раѓано ама матичната ми понуди Мирена пред две години. И јас мислев не ставаат на жени кои не родиле па се изненадив дека ми ја понудија за опција. Објаснувањето што ми беше мене дадено е дека е малку потешко да ја стават кај жена што не родила, ради тесните патишки таму горе високото :lol:
    Јас се решив да останам на контрацептивни таблетки. Спирала не верувам дека ќе ставам, кога видов колку пати за тие 5 години треба да ширам нозе за преглед на самата спирала, ептен интрузивно(има ли таков збор?) ми е некако. Доста ми е пап тестот секоја трета година, а и за него се потам една недела пред да отидам. :$
     
    На ecaliban му/ѝ се допаѓа ова.
  11. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    Извини што морам да да те поправам, но не е така ко што слушаме, или читаме. Еве јас лично ја имам и сега во март треба да ја променам, се носи 5 години, идам на 6 месеца на контрола и се е ок. Не викам дека нема жена што има проблем но тоа е ретко. Прво препорачувам на секоја жена да седне на еден разговор со гинеколог ако не верува нека иде на повеке места и потоа нека си реши самата што ке прави.
     
    На ecaliban му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.164
    Допаѓања:
    138.877
    Не ставив, затоа што се става обично 4 или 5 ден од циклусот, а јас кога не сум во Скопје, кога се паѓа викенд, па докторот не мие на работа. Баш при последната менструација пак пцуев, а за следната пак не сум тука, и никако да ставам.

    Јас дефинитивно сум за спирала, само не сум успеала да се организирам како што треба. Како што кажав, ми ја препорачаа доктори на кои им верувам.

    Инаку за намалување на обилност се коритат и ерготил капки, а и со користење на контрацептивни табети со тек на време се намалувала обилноста, ама не така ко со спирала. Ерготил капките се најодвратно нешто што сум го пробала, полошо не ми било во живот.
     
    На ecaliban му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AnaTodorovska

    AnaTodorovska Активен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Прашање: Треба да ставам спирала Мирена бидејќи имам продолжен циклус (читав по форуми, сајтови.. и вака се е ОК). Дали знаете колку чини да се стави во приватна клиника во Скопје?
     
  14. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.467
    Допаѓања:
    5.315
    Пол:
    Женски
    sakam da kupam spirala nova t ama ne mozam da najdam nitu vo zegin nitu vo eurofarm..dali znaete kade ja ima i kolku e? pozdrav
     
  15. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Заборавив да пишам, мајка ми стави спирала Мирена пред некои 3-4 месеци. Ја купивме од Зегин (таа кај железничка што е, ја немаше по другите аптеки на Зегин). Беше околу 9000ден, не ми текнува колку беше точно. Прашајте во било која Зегин, ако нема таму замолете ги да проверат во другите нивни аптеки и ќе ви кажат каде имаат. А другите аптеки немаат на залиха, бидејќи се многу скапи, можат само да ви порачаат да почекате. За во приватните клиники не знам колку чини, ние бевме на клиника.
    Судејќи според туѓи искуства, очекувавме да има повеќе болки, ама имаше само денот кога и ја ставија, цел ден го помина во кревет. Наредната недела дена имаше по малку, незначително слабо штрецкање, а сега вика дека не ја ни чувствува.
    Циклусот и е скоро ист како претходно, во почетокот дури и по 2пати месечно добиваше. Покрај спиралата прима повремено и Примолут Нор за намалување на крварењето. Не знам дали е уште рано, ама нема некои позначајни промени како што се надевавме.
    Уште прима терапии за анемијата, го одржува хемоглобинот сега за сега околу 90-100, што и не е многу ама пак подобро е бидејќи имаше стигнато и до трансфузија со 50-60.
     
  16. kikicat

    kikicat Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Колку што јас имам слушнато и прочитано спиралата се става на жени кои веќе имаат родено. Не би експериментирала со такво нешто. Што си е сигурно сигурно си е.
     
  17. fosil4e1

    fosil4e1 Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    1
    bas gledav vo cenovnikot na remedika e 1200 ili 1400 denat\ri taka nesto... ;)
     
  18. a.bube

    a.bube Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Јас имам спирала, веќе трета година, бакарна. Едно дете. Ја ставив, пошто ми беше некако најпрактична контрацепција. Не болеше нит при ставање, нит после тоа. 5 дена откако се аплицира, се пијат антибиотици, да се изземе било каква инфекција. Али сега почнав да чувствувам некаков притисок нон стоп во долниот дел од стомакот, а и повремена болка, па веројатно ќе одам да ја вадам. И еден совет. Било која од вас кога ќе реши да стави спирала, нека се пази со кревање тешки работи после тоа. Под тоа, подразбирам кенкави деца што сакаат да бидат носени во раце :) Затоа и настанува она зараснување во матката, многу лесно може да се измести. Е сега, некои тоа нема да го приметат, некои ќе си пропатат.
    После неа, одам на апчиња, па со Господ напред.
     
  19. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.164
    Допаѓања:
    138.877
    Јас денеска бев да ми стават спирала, поточно пред еден час.
    Конечно се решив затоа што крварењата ми беа се пообилни, веќе не се издржуваше. До душа Јасмин таблетите ми помогнаа, ама ова е подобра опција, според она што го читав повеќе би требало да го намали крварењето, и се надевам дека нема да има нус појави како кајтаблетките.

    Ставањето малку се чувствува, не е без ич како што ми кажуваше една пријателка, а сега чувствувам болки, како менструалните само малку посилни, само треба да се знае дека јас менструални болки речиси и немам, па ова посилни не е нешто драматично. Сепак чувството е непријатно, и денес веројатно ќе одмарам.

    Докторот ми рече дека ако организмот не ми ја прифати веднаш ќе се покаже - може да имам дополнителни крварења, и во тој случај би требало да се извади. Ама се надевам дека се ќе биде ок. Ќе пишам пак по некое време без разлика дали ќе има компликации или не.
     
  20. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.467
    Допаѓања:
    5.315
    Пол:
    Женски
    а каква стави бакарна ли?и јас сакам пак да ставам ама неможам да ја најдам?колку пари е ако е бакарна...јас ја носев 5 г и едини што ми се измени е што менструацијата ми траеше место 5 ,7 дена..