^ Јас ставив Мирена, бидејќи имав многу обилни крварења при менструација, а оваа ги намалува. Само доста е поскапа, 7200 чини, и тоа сега ја намалиле, беше 9000 до пред неколку месеци. За бакарните сум слушнала дека крварењето може да стане подолго и пообилно, ама поевтини се, а сум слушнала дека нудат најдобра заштита. Јас и не ја ставив ради контрацепција, туку поради крварењето, многу си имав мака со тоа. Ни јас не можев да ја најдам, особено што ретко се користи, а сепак има рок на траење, и многу малку се набавуваат. Се јавив во еден куп аптеки, и во Зегин ми кажаа да побарам во поголемите - Буњаковец, МНТ и слично, и ја најдов во буњаковец. Отиди во некоја од аптеките на Зегин, ако не ја најдеш ќе ти кажат каде ја има. Теоретски ова можеш и телефонски да го завршиш, ама баш и не креваат слушалка, јас се убив од вртење цел ден, никого не добив.
Мајка ми имала спирала и останала трудна за жал детето неможело убаво да се развива од спиралата па кога се родило се родило со покуса нога со мала глава и умрело неколку дена после рагањето.Еве ви жив пример дека повторно можете да останете трудни и поголеми компликации да си направите.
Спирала ставив претходниот циклус. Во упатството пишуваше дека првите месеци крварењето трае повеќе денови, потоа се регулира, пишуваше и дека 9 дена е просек. Мене толку ми треше првиот пат, 9 дена. Вториот пат ми трае уште, и ми трае, и ми трае, и ми трае... веќе дена. Утре ќе се јавам кај гинекологот, да видам што е работа, ова ја претера више. Не е обилно крварењето, овие 13 дена имам искрварено помалку од еден од деновите претходно, ама веќе не можам веќе да носам улошка, не можам! Ако има некој некакво искуство со Мирена спиралите, нека сподели. А јас ќе ви пишам пак ако ми оди.
Ariel јас немам Мирена спирала ама лани сериозно размислував да ја ставам. Ова што ти се случува не е нешто необично, и крварењето помалку или повеќе може да потрае бааѓи подолго време од тие денови што обично викаат дека би требало да трае, додека стане редовно повторно, со редовни циклуси ама со помалку дена и послабо крварење од нормално. Кај други жени потполно престане циклусот. Мене за ова највеќе ми се гледаше примамлива, ама не знаеш како ќе е додека не пробаш. Зависи како телото ти се адаптира. Знам жена на работа што ја користи втор пат, и задоволна е и по трет пат вика ќе ја стави кога дојде ред, ама друга колешка ја стави и за два месеца ја извади оти за тие цели два месеца имаше период и не сакаше повеќе да чека да види ќе се смират ли работите.
Фала Имелда! Јас и немам којзнае каков избор, или Јасмин таблети или спирала Мирена не ми бегаат, крварењто ми е премногу обилно, неподносливо, имам страшна анемија, и секој месец е се полошо. Јасмин таблетките многу тешко ги поднесував, особено првите 2-3 месеци, а и со спирала си пораат, не мора да мислиш дали денес си земала таблетка или не. Ако има надеж да се среди, ќе чекам, туку почна да ме фаќа паника да не нешто не е во ред, некако многу ми се виде.
Сега се изначитав по форуми, и има жени кај кои крварењето не престанува со месеци, па поради тоа многу решиле да ја отстранат. Уште вакво нешто ми фали, а изгледа од тие ќе да сум. Спиралата ја ставив пред еден месец. Ќе почекам уште еден, па ќе одам на контрола како што се договорив со докторот, да видам што ќе ми каже. Ќе бидам упорна, ќе се обидам дури и неколку месеци, ама ако продолжи ова лесново крварење секој ден, тогаш сепак излегува дека Јасмин е подобро решение, со сите маани што ги има. Ете, не мислев дека ќе бидам носталгична по Јасмин!
Мислам некои и до шест месеци имаат два три дена па немаат, па пак прокрварат по два три дена. Ако немаш заедно и стомачни болки или да ти се врти свест, да ти отекуваат градите, или други такви симптоми, јас би почекала и покрај досадното лесно крварење, кога веќе местењето бидело. Ако е период на адаптирање на телото барем после пет години ќе си на раат. Јас со Јасмин сум веќе некое време кога се предомислив дали да ставам спирала или не, немам проблеми со овие ама претходните на кои бев, дури имав симптоми на трудна жена, утринско гадење со месеци. А депо инекцијата не ти ја понудија како опција? Ако не се погодите со мирената да имаш повеќе избор отколку со таблетки или ништо. И со овој начин обилните крварења престанат, и пак кај некои жени и целосно престанат. Телото ти прима многу помала доза на хормони од таблетките, а и само треба да помниш четири дена во годината кога ти треба нова.
Ариел не се откажувај прерано, можеби ќе се среди. Имав пишано претходно дека мајка ми првите неколку месеци добиваше 2пати месечно и тоа бајаги обилно, па се мислевме и ние што да прави. Со оглед на анемијата не можеше да си дозволи да губи уште повеќе крв од тоа дотогаш. Ама, сепак се реши да почека и еве веќе 2-3 месеци воопшто не добива менструација. Успеа да го качи хемоглобинот до 110, само уште е под терапија, ако ја намали или престане одма пак и паѓа.
Фала за советите девојки. За депо инекција искрено прв пат слушам, баш ќе прогуглам, да видам што е тоа. Инаку јас немам други симптоми, само крварењето е. Не е пријатно да крвариш секој ден. Едно што веќе едвај ги поднесувам улошкиве, а друго, негативно ми влијае на сексуалниот живот . Ама ајде, здравјето е поважно . Се надевам дека ќе се среди, и ќе бидам стрплива. Ако се среди, да добивам по малку или речиси воопшто, тоа ќе биде супер.
Ајде да се пофалам дека после три недели крварењето конечно ми престана. Сега уживам, до следното крварење кое не знам кога ќе се појави и колку ќе трае Во голбала задоволна сум. Баш пред некој ден на една приајтелка и се случи да и протече и да остави флека на столчето на кое седеше, и се сетив колку одвратно чувство беше тоа, а ми се случуваше многу често. Ја нема веќе ни омалаксанаотста за време на менструација, а сигурна сум дека и анемијата ќе ја снема за некој месец.
јас сакам да си ставам спирала зашо имам две дчина и не сакам веќе да раѓам ѓинокологот ми рече купи си од аптека и дојди ке ја ставам кога ке бидеш последен ден од мензис.ама јас навистина немам појма од спирали и какви ги има и кој се најдоври ај ве молам казете ми сто знаете фала
Еден апдејт за мојата спирала Ја имам веќе 4 месеци, и се' позадоволна сум. Менструациите станаа поретки и значително помалку обилни. Првиот месец - кога ја ставив, ми траеше 9 дена, потоа ми траеше подолго - 21 ден, тоа бше периодот кога се жалев , и третиот пат 9 дена, ама воопшто не беше обилно, со дневни влошки истерав. Сега од време на врмее имам некој кафен исцедок, ама не е многу често, сосема подносливо е, и брзо се губи. Имам многу повеќе енергија, а крвна слика не сум правела, ама сигурно железото ми е многу покачено.
Матичниот ми предложи и толку многу сакаше да ме наговори да ставам спирала што ме изнервира. Само пари да си лапнат! И само позитивните страни ми ги кажа, ништо од тоа дека може да се испушти, треба да се прегледува конецот, можност за инфекција во првите 4 месеци, па плус обилни и подолги крварења на почетокот. О, фала! Господ не создал вакви какви што сме, не ми требаат страни тела. Ќе се внимава, ќе се користи кондом, ќе се избегнуваат денови на овулација. Плус на 21 година да ставам. Сонувај си.
Имам спирала Мирена веќе 9 месеци. На почетокот имав подолги крварења, но секој месец стануваа се пократкотрајни и помалку обилни. Веќе неколку месеци не користам стандардни влошки, туку само дневни, а последниве месеци ни тие не ми требаат бидејќи знае да ми се појави само некој минимален кафеав исцедок и тоа е се. Во кратки црти,м имајчи ја предвид причината поради која ја ставив спиралата - премногу обилни менструации - презадоволна сум од резултатите! Тоа што почна да ме мачи како мисла е - со оглед на тоа што веќе практично и не добивам менструација, како да знам дека сум бремена - ако не дај боже забременам? Статистички сигурноста на спиралата дека штити од бременост е 99%, а како што сум баксуз за вакви работи за мене 1 на 100 не е никаков предизвик Да бидам искрена, дури и се уфилмав дека сум бремена, ама се ми текнува навечер, па не ми се оди по тест . Ама кога ќе ми текне ќе си купам повеќе да има, да си правам по еден месечно чисто ради контрола, што занеш Не за друго, туку не ми е во план да раѓам сега, а сега со новиот закон за абортус кој ќе се правда пред министерон за здравство зошто сум имала секс и зошто сум ставила спирала...
Здраво сакам да прашам, дали може спиралата да се измести додека трае сексуалниот однос? Мојата девојка има спирала како што вика, и дека спиралата се поместила некако па така останала трудна? Која би била причината? Бидејќи како што знаеме спиралата е најсигурната контрацепција!!! И како можам да проверам дали навистина има спирала без она да дознае!? Фала однадпред ве очекувам да ми одговорите професионално!