Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спирала

Дискусија во 'Секс' започната од RainBow, 8 јули 2010.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Зошто да не е практично?
    Пари секако ќе дадеш, дали припејд или постпејд е прашањето.
    Ако не пари за кондоми, тогаш за можни компликации, башка нерви.

    Не сум користела ништо друго освен кондоми.
    Ако не му чини на маж ми, нека оди да си ги подврзи семеноводите.
     
    На christinnn и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. Луцидна Луција

    Луцидна Луција Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    За жал поврзани јајцеводи, што не е реверзибилен процес, сум сретнала случаи низ земјава кои останале бремени,така што ништо не е сигурно 100%. Секако не сметам дека спирала е оптимално решение за жени кои се уште не родиле. До тогаш си постојат кондоми, а постојат и во брак.
     
  3. Ivona S

    Ivona S Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2019
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    209
    Пол:
    Женски
    А дијафрагма од кај се купува и колку пари е?
     
  4. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Женски
    Да споделам искуство, ставив спирала Мирена пред 2 месеца, во Систина, 13800 ден. беше цената со ставањето комплет. Инаку јас ја ставив поради месечни обилни циклуси по 9 дена и обилно крварење, болки (анемија поради губење крв и слично). Ставањето не боли, малку само како пецкање. Инаку сум имала некоја преграда на матката (анатомија различна) и докторов се изнамачи малку дур ја стави :|. Имав тој ден само благи грчеви потоа не. Овие месеци само имам повремено како светло црвен исцедок , циклусот пак ми беше обилен но бар болките ги немаше и без апчиња за болки поминав што е добро. Ми кажа докторот требало од 3-6 месеци да се привикне телото и се ќе се нормализира па ќе видиме.
     
    На mal.ecka, Kitten, Ava.84 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Еден период сакав да ставам спирала ама не хормонална. Мразам се што е хормонално. Препишани ми се контрацептиви, но не пијам.. Не можам да ги поднесам, а секс немам за да му ја мислам за заштитата, ама ете кога би ми требала некоја форма на контрацепција би избрала нешто без хормони. Мислам дека постои таква спирала.
     
  6. t.a.m

    t.a.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    398
    Ова му доаѓа како да се жалиш што немаш секс;(
     
  7. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Не се жалам. Се навикнав.
     
    На t.a.m, mal.ecka и Tamsy им се допаѓа ова.
  8. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Пиши повторно искуство за некој месец те молам, и јас сакам таа да ја ставам. Но некако многу скапо во Систина :o Мојот матичен рече 7000 ќе ме кошта Мирена.

    @Fallen.Angel млада си за спирала. Почекај, заврши со раѓање па тогаш.
     
    На BellaS, Fallen.Angel и mal.ecka им се допаѓа ова.
  9. t.a.m

    t.a.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    398
    Првата недела е потешка после сеедно ти е:D
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Завршив со раѓање. Имам едно бебенце. Не планирам во иднина друго.
     
  11. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Никогаш не викај никогаш :)
    Знам дека имаш едно но знам и дека си премногу млада. Верувај ми на зборот дека во наредните 15-20 години многу работи ќе ти се сменат, па така и ставовите. Зошто да ризикуваш? Користете друга контрацепција.

    И јас оставам на себе уште некоја година луфта да не случајно се предомислиме, иако реков две деца доволни ни се. А уште некоја година ќе раситнам 5та деценија :angel:
     
    На t.a.m му/ѝ се допаѓа ова.
  12. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    965
    Допаѓања:
    1.353
    Пол:
    Женски
    Јас како што знам веднаш по вадење на спиралата може да се остане пак бремена? Јас сум на ум да ставам спирала,иако планирам уште едно детенце здравје за 5-6 години,мислам дека за тоа време е добро решение да се заштитам,па да ја извадам. Поправете ме ако грешам..
     
  13. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Да, така е како што велиш но зошто би ризикувала. Ова е сепак механичка контрацепција, се вметнува во грлото од матката. Не дај боже некое воспалување да се случи. Зошто не си користите кондоми до наредно дете.
     
    На hristinan12 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    965
    Допаѓања:
    1.353
    Пол:
    Женски
    Утре сум на гинеколог,баш ќе прашам и тој да ми објасни убаво..
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ivona Teo

    Ivona Teo Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
     
  16. Ivona Teo

    Ivona Teo Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво Тина
    Истиот проблем го имам и јас ,изгледа сме единствени .Што направи со спиралата?
     
  17. Ivona Teo

    Ivona Teo Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво ,некоја да сподели искуство со спирала Мирена....5 месеци како ја имам ставено поради обилни крварење и од тогаш секој ден имам кафен и сукрвичен исцеди.Дали е тоа нормално?
     
  18. Little_lion

    Little_lion Нов член

    Се зачлени на:
    27 април 2021
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Zavrsiv so raganje pa planiram Mirena da stavam,mi ja preporaca doktorkata kade sto odam vo privatna bolnica.Vika stavi si spirala raet da si.Se plasam od nesakani efekti ama vika nema nisto.Ciklusot moze da zapre skroz,nekogas samo malku krv sto e normalno i nisto strasno.
    Spodelete vase iskustvo ako ja imate bas me interesita
     
  19. Little_lion

    Little_lion Нов член

    Се зачлени на:
    27 април 2021
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Mozes za vreme na cuklus odi i ke ti ja stavat
     
    На slimy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Женски
    Мила еве поминаа 3 месеци и повеќе, а јас веќе чувствувам подобрување, немам болки кога ќе добијам првите денови (порано спазмекси не знам колку испијам да се смирам, и на инекции некои месеци ако се прејаки), исто така немам 10 дена туку 5-6 што е нормално, не се преобилни ноќеска по 3 пати менував влошки порано сега си спијам ни една не менувам... јас се чувствувам препородено, чудно ми е како можело волку да бидат безболни циклусите хахах, од мои 15 год сум со болни и обилни менструации дури сега се ослободив. Инаку никакви проблеми со кожата немам, акни, дебелеење ништо од тоа не е точно што читав по форумиве пред да ставам. Поздравче и со лесно :inlove:
     
    На Pelister123 и Kitten им се допаѓа ова.