Е вака оди разгледувањето(читањето)на списаниево: раклама, реклама, реклама, ОП! статија, пак реклама, реклама, реклама, реклама, ОП! уште една статија.... Не си фрлам пари на нашиве списанија! А особено не на ова, каде секоја страна е маркетинг и реклама на производи. Да сакав да гледам производи ќе си отидам во продавница и ќе гледам. А списание кога купувам, сакам да има нешто за читање.
Освен што не ми се допаѓа што над 50% од списанието се реклами е тоа што статиите се веќе видено и прочитано! Тој што редовно ги чита нашиве и странскиве страни нема потреба од ова списание се му е прочитано. Совети, исхрана, диети, што е модерно, што е тренд, репортажи, вести ... се тоа веќе го имало на интернет.
Во 21век, време на интернет и тоооолку корисни сајтови и форуми не наоѓам за сходно да го купувам. Башка што секоја 2ра страна е реклама....
Го упропастија списаниево. Порано го купував редовно, интересно ми беше и баш гледам од месец на месец се помалку и помалку страници.Едно списание што го имам незз од кој месец има 112 страни, а треба 130?????? Башка се некако имаат статии за постари жени, најмногу го сакав делот за мода, ама и тој го намалија многу И престанав да купувам Покорисни информации можат да се најдат на интернет отколку во списание, а во него само реклами..реклами..реклами
На notformen страната не е списнието Убавина и Здравје, туку Unique Мислам дека убавина и здравје не може да се чита онлајн
Девојки знае некоја каде се наоѓа точно редакцијата на У&З, добив награда и треба да си ја подигнам од таму... Знам дека се на улица Дебарца, но поточно ако можете да ме упатите многу би ми помогнале. Фала однапред
Го обожавам списанието редовно го земам секој месец ми се допаѓаат облеките модата внатре посебно диетите списанието е супер
Разбудете ја заводничката во ваас, вакви партали,онакви партали,вакви вежби онакви вежби,ПРЕМНОГУ РЕКЛАМИ..Купете поефтини работи, Чевли Бата(пример) за 10 000 денари...За во теретана,фитнес,трчање,патики од 10 000 Налик убаво,ама внатре
Се сложувам со Маца ... Премногу Рекламииии јас бев првата што викаше дека е најубаво списанието ама после неколку броја всушност сфтив дека нема ништо посебно 70 % се РЕКЛАМИ И РЕКЛАМИ И РЕКЛАМИ ..... Едно интервју не е по мој вкус сепак е списание треба да прочиташ нешто не е каталог Затоа само златен Unique
Го сакам списаниево, и редовно го купувам секој месец.. За наградите..имам испратено 2-3 пати..и немам добиено..прочитав тука дека никои пракале постојано и пак не добивале..па стварно што чудо ке беше..така да најверојатно се наместени..ептен некој срека да има..можеби ке пратам уште некое па ако не, не пракам повеке..не е во ред стварно само да залажуваат.. ја верувам дека има и такви кои го купуваат само за купончето..
си зимам може да се каже редовно "убавина и здравје",а пред да се појави го зимав српското "лепота и здравје" списание.искрено не е на истото ниво.добро е ама не до толку.во"лепота и здравје" имаше многу повеке текстови и теми од психологија,секојдневен живот,здравје итн.неколку дена го листав.некако нашево повеке се сведува на реклами.денеска ке го земам и го читам за некoj саат.
Морее кога ќе ме фати досада не бирам многѕ многу што да читам. Важно списание за женски да е. Конкретно Убавина и здравје ми се допаѓа, но сепак не повеќе од Unique. Има нешто во него што ме привлекува повеќе.
Во последно време не купувам никакви списанија,се си читам на нет,а за Убавина и здравје можам да кажам дека само на почетокот кога искочи редовно го купував и после неколку броја ми здосади
Редовно го купувам списанието и е моето омилено. Се што му треба на женскиот род има, а да не зборувам па за колумната која е многу смешна и си ја читам и по неколку пати. Едноставно сум зависна од Убавина и Здравје! А за наградите не знам дали се наместени или не, јас лично никогаш не сум ни пратила купон бидејќи го купувам за забава.