Многу ми се свиѓа,наоѓам милион совети,комбинации за облекување,интересни животни статии..корисно за секоја девојка/жена..
Го купував пред некое време редовно, и сега ми се случува да го купам ама многу ми пречат рекламите што се во претерано голем број. Мене лично Unique ми се допаѓа многу повеќе.
го купував најпрво српското ама кога почна и мак почнав македонското да го купувам иако морам да се согласам со крејзиинлав дека има премногу реклами а српското е и доста поголемо има мн повеке страни а баш сеа сакам да си земам јуник да видам како е
Еднаш го имам разлистано но никогаш не би го купила, има многу повеќе реклами во него отколку некои други содржини. Многу е претерано со маркетингот.
редовно го купувам, ако имам пропуштено 3 или 4 броја. има премногу корисни совети, статии, комбинации. имам пратено купон за награда и добив нешто од Evroazija, само штета што ме мрзеше да одам до Ск да си ја подигнам наградата.
Јас од секое списание сум зависник !! Особено УиЗ-ова ми е едно од омилените списанија! го Обожавам си го купувам секој 25 ... само сакам да има повеќе статии и страници !
Не знам дали сум навикната на српското ,искрено многу повеќе ми се допаѓа..на пример колумните на Дуда алапача,секогаш ме насмеваат до солзи ..а оваа нашата некако е бледа..и воопшто...имам впечаток дека се копира српското издание и преводот на некои статии е лош...има и многу реклами..и помал број на статии..
Јас го купувам „Убавина и здравје„ има преубави содржини, еднаш ко купив Unique па не ми се допадна многу мислам како да е копија на „Убавина и здравје„. Едвај чекам да дојди 3 Март бидејќи секој 3 ти излегува новиот број.
Ми се допаѓа, не е лошо. Го имам купувано Unique, но мислам дека не вреди за парите 90 денари ..ама за што? Единствено нешто што ми допаѓа кај Unique повеќе од кај Убавина и здравје, се вистинските животни приказни. Иначе да, Unique е купија на Убавина и здравје..Но секој со свој бизнис
Има убави совети, но не купувам редовно.Последниот пат купив, кога другарка ми имаше слики како фото модел.
Има ли некој сто го има купено мартовското издание на unique тоа со вежбите....ми текна дека пракав пораки за награди а не ми се купува сеа само за тоа веке е и поминато....Ако некој го ако сака нека види дали писува Елена Трајановска Фала однапред
Купувам кога сум ги прочитала тие списанија кои обавезно ги читам секој месец и веќе немам што а ми треба нешто да разлистам, некое лесно честиво, текстче со интересни советчиња иако се се' врти во круг. Гледам дека го споредувате со Јуник и не знам, некако јас преферирам Јуник-от да го читам бидејќи има повеќе за мода и интересни парчиња облека кои може да се најдат кај нас и ако ми се допаѓа нешто можам да си тркнам и да го купам бидејќи пишува каде го има и цена.
Купувам, но не премногу често, со оглед на фактот дека можам да ги најдам истите работи на интернет. Но сепак, интересно е.
Јас го купувам и праќам купони, но никогаш не добивам. Се спремам меил да им пишам, да прашам по кој критериум ги одбираат наградените И дефинитивно од следниов месец ќе купувам Јуник, боље ќе дадам +30 ден. отколку да се нервирам секој трети за местенкиве!