Ах нема списание за мене на овој свет Се зезам. Нема да праќам тогаш. Со тешко срце ќе замижувам на деловите со убавите награди
Мајка ми упорно ми ги реди број врз број по дома, исто и Јуник, а јас не ги сакам. Единствено ми се допаѓаат деловите со сликани парчиња низ нашите продавници. А на пример користењето на некои странски зборови се` повеќе и почесто ме вади од такт.
Јас редовно почнав да го купувам..Кога ќе одам кај баба ми за да не ми биде досадно..Ќе седнам покрај базен и читкамм...Милина ми е...Иначе списанието е супер.Го обожавам,има многу корисни информации и совети.Супер е,навистина е супер
Јас си купам секакви кои што ми се допадна а најпојче си купам од "Уан Дирекшн" (one direction) и купам и од Unique убави сее ...сакам да си купам списание затоа што во нив има постери и за читање се ми е океј. давајте ваму списание во Струга поздрав.
Колку пари е Убавина и здравје? Последно кога бев на козметичар го разгледував и имаше интересни содржини. Излегува еднаш месечено? Ако е така сега би требало да излезе Августовското.
Кога првпат излезе го купував секој месец..Не пропуштив ни еден број..Ептен беше интересно..Ама во последно време полека почна да ја губи интересноста,башка почнаат да излегуваат поубави списанија и последниве седум-соум месеци го немам купено...
Алеси дај кажи кое списание е поубаво од убавина и здравје, утре сакам да си купам некое, сакав ова ама штом викаш дека има и поубави да не се зезнам. Порано земав Таа сега има Таа и Тој, ама веќе година дена и повеќе немам купено.
Баш си го купив новиот број и се изненадив.Има една статија за нештата што секако нема да се случат,како на пример да ти паднат пари од небото и подолу истотака напишале дека Бред Пит и Џенифер Анистон нема да се смират,да не се надеваме напразно и си викам од каде знаат дека јас сакам Бред и Џенифер да се смират отсекогаш Смешки
Од кога излезе списанијево, секој месец го читам и дома имам куп направино, си ги собирам сите броеви! Многу го сакам и има многу корисни и добри совети!
Во последниот број имаше тестер за ЛАКАЛУТ паста, друго ништо немаше. Немав купено долго време, ама на крајот на минатиот месец се излажав да купам демек ќе прочитам нешто корисно, ама се што беше внатре или го знам или се е повторување, се веќе видено. Па така уште непрочитано го баталив.
Го Купував една време списаниево али последните неколку броја воопшто не ми се допаднаа.Немаше ни една содржина да ме заинтересира и да ја прочитам.Последниот само го разлистав и така го оставив.
Па списаниево го купувам од време на време и има баш добри работи,совети и моето омилено нешто :модни парчиња,т.е што се носи во моментот и каде може да се купи
Не го купувам списаниево. Имам прочитано неколку броја кај една другарка (таа го купува), ама содржините не беа којзнае што.
Содржините се копи пасте на други списанија слични на ова... Воглавно се е веќе видено и прочитано... И еден куп реклами...
Би сакала да ги замолам нешто оние кои до себе го имаат најновиот (61 број) на У&З. Дали ќе сака некоја од вас да ми го напише e-mail от на У&З. Го има запишано кај што читателките пишуваат до редакцијата некаде на почетокот и го пишувао во првиот дел од таа страна. Ќе ви бидам многу благодарна доколу некоја ми ја запише e-mail адресата. Убав ден