Видов дека има тема за друго списание, па зашто да не направиме и за ова Значи дали го читате? Дали го купувате месечно? Колку броеви имате од списанието? Дали ви се допаѓа? Што ви се допаѓа, а што не? И секако, што би сменале? -Го читам секој месец,значи редовно го купувам Ме опушта кога сум под стрес и сакам да се одморам. Има интересни теми кои се пријатни за читање. Јас касно почнав да го купувам, па затоа ги имам последните 5 броја, а другите се обидов да ги најдам но никој не ги чува(ги враќале во списанието) Премногу ми се допаѓа, затоа што може да се види повеќе стилови и да ги задоволи. Единствено што би сменала е тоа што е недоволно. Сметам дека за месецот кој Unique го има, може да напишат повеќе статии. Па феминки, што ќе кажете вие?
Го обожаваааааам Според мене број 1 моментално Од неодамна почнав да го купувам има што да прочиташ за разлика од Каталогот -Убавина и Здравје . Има многу убави статии а се сложувам со тебе со оглед на тоа дека се работи за месечник би требало да има повеќе страни инаку се најубавооо за списаниево
Релативно ми се допаѓа. Многу од содржините(90%) како на веб-страната и во списанието се крадени од Космополитен. Dislike. Ама кога си немаме ние македонско издание на Космополитен ќе си купуваме копии, т.е. Unique. Ми се свиѓа што има слики од парчиња облека,цени и продавници и некои други ситници. Се на се, може многу подобро
До сега немам купено ниту еден број од списаниево, но неколу пати го имам разгледано на НотФорМен страната и ми изгледа како интересно. Ги има опфатено сите сегменти од животот, и селебрити делот .. Онака, океј си е.
Од август до сега ги имам сите броеви, само сега мартовскиот не стигнав да го купам. Иначе ми се допаѓа... Посебно што ставаат парчиња облека и цени па ме инспирираат често. Инаку најмногу што не ми се допаѓа е кога имитираат шминка од некои ревии и слично... Моделите им се знам дека треба да се направи шминката на некое поразлично лице чисто да се осети разликата ама имаше стварно некои нема врска. Во секој случај ми се допаѓа списанието
Колекционер сум на списанија Ги купувам сите, ,,Убавина и здравје,, ; ,,Unique,, ; ,,JOY,, и др. Обожавам да си ги читкам
Кога како ке ми текне да го купам, најчесто кога ми е досадно, па во автобус да имам некаква занимација кога се враќам од некаде. Иначе има интересни работи, кои ми привлекуваат внимание.
Не знам што така ми текна, сабајлево ги купив јулските Убавина и Здравје и Unique, а за недела дена август иде. И августовските ќе си ги купам. Креативно списание инаку, има што да се прочита, апла наменето за млади девојки. Порано бев зависник од тиншема, кога беше поголемко и кога не го даваа во весници, и Таа, морам да напоменам.... Сега Unique ми е најдобро списание во земјава наша и едвај чекам да скинам страни од листање
Aј некој ако го купил најновиот број нека ми ги пише советите од 5 дена до рамен стомак тука кај мене се потрошило и немам кај да го барам така да ај некој ако може нека пише или тука или во лп
Не го купувам зашто не ми се даваат пари за весници Го гледам на фб,има некои извадоци од статии и мислам дека не е лошо..ама ипак пари не ми се даваат
dieti/5-dena-do-ramen-stomak-t7411/?hilit=5%20%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B0%20%D0%B4%D0%BE%20%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D0%BD%20%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D0%BA#p607822 еве во темава ги има
Претежно ги читам извадоците на страната на Јуник ,ако ме привлечи нешто особено - го купивам. Не велам дека не го купувам и без некоја причина ,ете ,некогаш ми се чита баш такво женско списание . Сметам дека треба повеќе страни да посветат на статии и совети отколку на облека и модни додатоци ,по 10 страни им одат во тоа ,а на секоја страна има по некое парче. За мене е премногу. Сепак е најдобро списание.
списаниетоо го купувам редовноо и се опутша кога го читамм во него има многуу убави и поучни работии и јас иста така почнав сега брзо да го купувам и и ги имама купено само последните 6 бројаа а другите ги зедов и ги прочитав од кај братучеда ми..
Го купувам најчесто летен период, да има што да се прави на плажа инаку многу ретко. Ги читам извадоците преку нет и толку.
Јас го купувам редовно и си го читам, малце ми е глупо кога цели страни се со модели или пак реклами али во глобала интересно ми е и ми се свиѓаат содржините.
Го купувам редовно и ми е едно од омилените, премногу ми се допаѓа и се трудам да не пропуштам ниту еден број. И на плажа си го носам и ми е супер занимација, а има и доста корисни совети.