Списанието си е одлично иако е малце поскапичко ама секоја страна е интересна и вреди да се купи го купувам од првиот број и секогаш го читам до крај и едвај чекам да излезе следниот број.
Го читав почесто кога имаше онлајн издание. Сега, не знам дали има, не сум забележала, а и ретко го купувам.
Една моја другарка го купува списаниево. Го имам читано кај неа и има интересни работи. Не го купувам бидејќи е скапо. Не ми се даваат 90 денари за списание.
Незнам дали сте виделе,ама пишуваше дека со мартовскиот број на Unique,со секое списание ќе имало Gel eyeliner од Essence Што мислите,да не му е поминат рокот па да го ставаат ?
Го имам купено, се изначитав реклами. Текстови, веќе одамна видени и прочитани некаде... А, поклонот од Есенсе беше засушен (изгледа со поминат рок беше, немаше датум на истото).
Јас имам дома 2 Gel eyeliner од списаниево туку искрено не знам ни како се користи ни за што... лила боја е и свети..мислам дека сите се иста боја
Денес е во прoдажба Unique со подарок од Орифлејм. Досега кај нас во малото најдов само со подароци од Tender Care Balm-Almond,Neo Chic-Bright Pink кармин,и некакво моливче од колекцијата Sparkle in Paris. Moјата потрага продолжува,продолжувам да душкам
да сите беја исти, јас го купив чисто од ќеф да имам гел лајнер, има посебна четкичка за апликација, која може да си ја купиш најверојатно во некоја парфимерија, е сеа можи да биди angled (нз на македонски како се вика, на англиски знам од туторијали шо глеам по јутуб) brush или многу тенкичка скоро иста како оние кои се во тубичките од течните лајнери.
Спојлер се извинувам на две мислења едно под друго! а кој производ од орифлејм ти треба или чисто те интересира што се има, списанието го имам купено еднаш ради тој гел лајнерот, и искрено не ми се допадна ... реклами, реклами и уште реклами така да не ми е нешто вредно за 90 денари, до кај 50 би дала за тоа списание, али ’уникатни’ се па ај 90
Не го пропуштам ова списание мн е интересно има секакви теми за читање и о читам цело кога ќе седнеш да го читаш не можеш да се одделиш од него.
Јас на почетокот редовно го купував, ама сега од дамна немам земено, полно е со реклами. Гледам сега имаат некои подароци, па може утре кога ќе си одам да земам.
Jaс и мајка ми ко договорени, се враќа од работа и ми вели - Да видиш што сум ти купила ... и ми вади Јуник, внатре имаше лакче. Јас пак си купив, ми се виде тоа балсамот за усни со чоколадо, ама испадна дека било некое преминијатурно парфемче од 4 мл. Убаво, не велам не, ама барем еднаш да ми се паднеше некоја од тие тропоташки што ги даваат ко награди. Додека не ми се падне макар лабело, ќе сметам дека се наместени. А „списаниево“ не знам ни дали заслужува да се нарече списание. Понекогаш знаат да изненадат со некој рецепт и освен како ценовник за козметика и облека, не ми личи на ништо друго. Чат-пат ми послужиле билионите фотки како идеја за некое парче кое сум планирала да го шијам ама сум немала некоја конкретна слика или целосна замисла. Слабо, многу слабо.
Го купив и ми се падна ова.Многу одамна го имам користено,а во трафиката баш и немаше некој избор,две или три списанија имаше останато. А за списанието,првпат го купувам и во целост се согласувам со ова што го пишала Мишела.Ептен штуро,повеќе на каталог личи отколку на списание.Не би го купила да нема подарок.
Што толку го форсираат ова коа не ми делува на ништо посебно? Глеам поклончиња се паѓале, се глеа поклонот однадвор или ? 100 ден. е? Да знам дали вреди да се купи ради поклонче
И јас тргнав да го земам и имаше само кармини некои безвезе бои, и овој балсамот . А нели рекоа ќе има и несесери и обетки и марами, кај се тие работи