Уште вакво нешто не знаев дека постоело. Повеќе лица и само еден профил хахахахахахааа. Плус, анонимен форум. Деца, деца, деца Бришење на Св, Никад.
Модератори- Гордана, Ким и Ариел, и Реинбоу како глобален модератор. Такво е стање веќе година дена ако не и поише. Реин пополнува дупки за сите теме без модератори. Една кола па годишно и мењаш уље и ја носиш на сервис, па тек форум. Под итно треба ремонт, ама спијат @Mihajlo и @bilkata. Свака и част на Реин само,како успева да разлиста 100тици теми и да глуми дежурен полицаец, не е лесно.
Хипстер, јас мислам дека останаа само Реин и Михајло, и тоа Михајло беше активен додека да се осигури дека новата платформа функционира ок- сега го снема. Еве зошто мислам така http://forum.femina.mk/members/?type=staff
Општо лудило, најпопуларен женски форум во државава со само еден модератор/глобален модератор и еден администратор. Супер ти е забелешкава, баш на место, има голема веројатност да е така. :смајлиштосеплескапофаца:
Сакам да ги поздравам модераторките @RainBow и @Gordana10 , кои на темата http://forum.femina.mk/threads/МПЦ-...титуција-за-народот.23502/page-7#post-2345938 се пристрастни. Дозволуваат да се напаѓа Православната вера и Православната Црква, но не дозволуваат да се браниме. Нека им служи на чест!
Koj е модератор во Храна и пијалоци?Поточно на фемина инстраграм?Ставив фотка од нешто што дома сама сум си го спремила со помош на купечки работи..но е домашно подготвено и сервирано...и мислењето ми го префрлиле во поинаков фемина инстаграм.На кого треба да се обратам?
Ако може некој од модераторите да одвои некоја минута овде да стави список од новиот тим и категории за кои се задолжени. Моментално, малку е непрегледно.
Женски форум „Фемина“: Хуманитарни акции Кафе-муабети - @referentka , @Bender Rodriguez @Lella Скриено катче Убавина и мода: Мода и стил - @koritsaki @black-angel @Mishela Лице - @koritsaki, @black-angel , @Mishela Тело - @koritsaki, @black-angel, @Mishela Коса - @koritsaki, @black-angel, @Mishela Љубов и секс: Врски - @Dust Сингл - @Dust Секс - @Dust Диети и фитнес: Диети - @CrazyOne Фитнес Храна и рецепти: Храна и пијалоци - @Dust @CrazyOne Рецепти - @CrazyOne Здравје: Здравствени проблеми @Sesil Психологија - @cresa-jagoda Прашај гинеколог! Семејство: Бременост - @kukla21, @iloveyou29, @danichap Бебе - @iloveyou29, @danichap Дете - @referentka, @iloveyou29 Брак - @referentka , @Sesil Свадба Кариера: Барање работа - @cresa-jagoda На работното место Живот: Општи дискусии Слободно време - @Ketchup @Gosh Дом Образование - @cresa-jagoda Литература и уметност - @Dream-Girl, @Someonespecial @Lella Религија - @Lella , @Bender Rodriguez Политика и настани Забава: Форумски игри Насмевка - @Someonespecial „Другата“ наука Музика - @Dream-Girl, @Someonespecial Филм и ТВ - @Bender Rodriguez © @Dust *Категориите каде што нема наведено модератор, ги модерираат @Mihajlo и @RainBow, како и сите други категории.
@Lella @Bender Rodriguez или сосема трет неважно е,може да знам од кои причини моето мислење од темата Исповед е избришано? Да погодам од прва,затоа што било "офтопик"? А како само моето било оф,кога господин @EvAngelos на сите можни теми на религија оди против православието,да не речам плука ма ова е благ збор Горе наведениот од сите теми за Икони,бројаници,пост,молитва и што се не друго забегува од темата со огромни реферати и не се брише,а ова долго време ви е сугерирано,ама нека изгледа полека ама сигурно нас малава групичка како што не викате ултра православни ќе не истребете
@Rama, иако можеби прашањето не е соодветно за темава, ќе ти одговорам - јас ви ги префрлив мислењата од „Пост“ во „Исповед“, а последните две мислења - твоето и на @EvAngelos - од „Исповед“ ги избришав, затоа што беа офтопик и за истото ви пратив известување и на двајцата - дека мислењата се избришани затоа што се офтопик (како и зашто не ви стигнало известувањето, не знам). На никој не му е цел никого да „истреби“ од форумов, ниту е целта да се испровоцира нешто - освен можеби здрава и аргументирана дискусија - апсурдно е сè што не е во склад (намерно не велам против) православието (или било која друга деноминација или религија) да биде избришано, особено ако истото е аргументирано и не е напишано со навредлив тон. Се надевам на повеќе издржани, аргументирани и содржајни дискусии во темите во „Религија“, без истите да бидат сфатени како напад врз нечии верувања и да се претворат во лични препукувања помеѓу членовите на форумов. На страна од ова, секоја друга дискусија и дебата е добредојдена. Поздрав!
Модератори, имам голема забелешка до вас. Треба да бидете пофлексибилни малку, не да бришете дискусии кои се развиваат во одредени теми, а се поврзани со истите. Не дозволувате да се развие корисна дискусија од која што би можело да се научи нешто. Навреди секако дека не треба да толерирате, ама премногу се мешате во темите и мислењата на членовите, и не доаѓа до израз ставот и мислењето на членовите. Не чинеше форумов без модератори, ама од друга страна не треба да се претерува. Полабаво малку. И јас бев модератор, на истиов овој форум, не сум бришела мислења беспотребно, дури и ако биле надвор од тема, а сепак поврзани со неа, сум бришела само навреди и дупли мислења. Поздрав и keep up working!
@Annath И јас би се согласила, малку полабаво да одат кога се дискутира Секако, не зборувам да се толерираат навреди и оф-топици до бескрај, затоа секоја чест колку брзо се реагира. Само сепак, не мора секогаш ако дискутираме за едно нешто и 5-6 мислења се надоврзат за работа слична или околу тематиката, веднаш истите тие 5-6 мислења да се префрлаат во сосема нова тема или да се бришаат Баш како во 1 момент на врвот била дискусијата и одеднаш се изгуби текот За другото и досега, немам замерки, барем јас лично Keep up the good work