Стварно претерувате со бришењето. Оние правила ги сфаќате буквално, па форумот губи душа. Ако е шега и е во контекст на темата, зошто да се брише? Или мислењето со песна во На срце ми лежи - како тоа ви беше оф топик? Дај малце опуштете се. Доволна беше една Гордана.
А како тоа не е оф-топик? Стои во воведот на темата, дека такви работи ќе се бришат, песни, цитати, поговорки. И досега се бришени без исклучок (вклучувајќи ги и двете пријавени од @sjdgo кои беа превидени). Има тема за како се чувствувате преку песна, за секакви песни, а тема за лични исповеди не е таква тема. Исто така океј е да има по некоја шега, ама не е океј веќе кога во тема наменета за фотографии има цела страница со оф-топици. Тоа ако на вклучените им е смешно, на други кои ја отвориле темата за да видат фотографија, не им е. Исто како ти кога отвораш СДК и гледаш цела страница со чет мислења и ти сметаат зашто темата не е чет. Инаку океј, можеби малку престрого се влезе, веројатно дека толку долго време немаше модератори, па сега треба малку време да се најде middle ground. Ама ќе работиме на случајот.
Од што сакате премногу ред да внесете, го задушувате форумов. Јас лично не гледам што е толку страшно и лошо ако се остави чат пат по некоја песна или поговорка во На срце ми лежи... На активните членови ова им е ко втор дом, па коа се тажни може баш тука сакаат да споделат тажна песна.... Некако е скриено и интимно тоа катче. Плус нема на никој да му наштети. После... Треба да се прави разлика помеѓу навредите....има потежок вид на навреди (пцовки, мешање семејство, физички изглед) и има полесни (кога му се кажува на некој дека замара, дека е трол, дека е досаден ко мува). Вториве не мора да се бришат. Дозволете му да диши малку форумов и членовите да си искажат револт во рамките на границите. Па и вие сте луѓе побогу, не сте роботи. За оф топици...друго е кога СДК ќе стане чет, или во темата за снаи и свекрви ќе пише некој дека продава мотор.... Ама сосема друго е кога некој умерено ќе се нашали на сметка на претходните постови или ќе пише дека има проблем со золвата во темата за свекрви. Вторите не се толку страшни. Има разлика. Моите постови не ги гледам дали ми се избришани... Пишувам нешто и не се навраќам на него, но често знае да ми стигне известување дека ми е префрлено, редактирано или избришено мислењето, и се осеќам ко во некоја строга фирма да сум на работа.
Јас би сакала да ми стигаат известувања кога некое мислење ми е избришано, а особено кога ми е редактирано. Кога веќе некој ми чепка по одредено мислење и си брише делчиња од него, па ми ја уништи целата смисла и целиот контекст на мислењето, заслужувам барем да знам дека ми го редактирале.
А која песна да стои, која да се избрише? Или да оцениме која има повеќе емоционална тежина, па таа да стои? Прашувам зашто не разбирам како по некоја да биде оставена. Мислам, јасна беше целта на темата од почеток и до сега немало проблем, не знам зашто сега има. Не е исто кога некој ќе си ја отвори душата со зборови и знае дека таму не го читаат сите, и постирање на песна, пак никој не знае што ви се случува и како песната ве погодува зашто субјективно се доживува, па нема зашто да не се постира во соодветната тема. И како член кога отворам таму не сакам да скролам низ песни и цитати, сакам да прочитам нешто со кое можеби и е се идентификувам, разберам, сочувствувам. Затоа и имаме теми на форумов, а не е се едно те исто. Тебе ако не ти смета некој да ти вика дека си трол, или досадна ко мува може на некој му смета. Плус ова потоа доведува до уште други оф топици. Нели, ти ако ме речеш трол, досадна итн, некоја "поблага" навреда, јас ќе ти вратам, па ти ќе вратиш, па трет ќе се умеша и така читаме цела страница, ти ваков, ти таква. За редактирање немаме технички можност да праќаме известување.
Најпрво да се заблагодариме на конструктивните критики и забелешки. Реин веќе делумно одговорила, па јас само ќе се надоврзам. Во однос на редктирањето од технички причини не сме во можност да праќаме известување. Дали и како тоа евентуално би се сменило јас не би можела ништо да кажам бидејќи се би било шпекулација. Во однос на известувањата за бришени и преместувани постови ќе се потрудиме истите да бидат установени како правило. На жалост се случувало при полни теми со офф топици или паралелно средување на повеќе теми истите да бидат изоставени со цел побргу да се средат темите и да не доаѓа до нови фф топици, но сега верувам ја имаме стекнато брзината а и рутината за истото па ќе бидеме повнимателни околу овие пропусти. Извинување за истите. Би сакала и да ве замолам во моментот кога модераторот ќе замоли да се прекине со офф дискусијата истото да биде испочитувано. Доколку и покрај молбата за истото следува офф топик, потоа и надоврзување на тој офф топик...а со тоа и повторно полнење на страните со постови кои не се директно а ниту индиректно поврзани со главната тема, не преостанува голем избор или начин за модераторот истата офф топик дискусија да биде прекратена. Стварно е тенка линијата помеѓу шала и сеир, сеир и навреда или пак степен на отценување на тежина на нечии зборови бидејќи за тој кон кого се упатени сигурно не звучат така смешно или интересно како оној кој ги пишал или лајкнал. На жалост освен ретроактивно бришење на офф топик дискусијата од корен немаме голем избор бидејќи секогаш ќе има некој кој е обесправен. Слободно користете го и копчето пријави за пријавување на некој пост кога сметате дека е спротивно на правилата на форумот но и во моменти кога можеби при чистење од офф топици сме направиле пропуст. Уште еднаш, ја цениме секоја конструктивна критика и ќе се потрудиме техничкиот дел да биде поефикасно изведен. За се останато се надевам заеднички ќе соработуваме и ќе успееме да најдеме баланс.
Веројатно ќе треба да се научите благите навреди да ги искажувате со одбрани зборови, во тој случај ќе се нарече -интересна дискусија а не пост за бришење. Уште кога видов кои се модератори (еден дел) знаев во која насока ќе се движи управувањето ама мислев дека заради другиот дел од модераторите ќе има поголема слобода. Изгледа овие вториве потпаднале под влијание на првите. Штета Ко учителки од минатиот век со крагна, очила и стапче во рака.
СДК и На срце ми лежи ми се омилени теми, и многу повеќе ми смета кога ќе видам како без осет се цитира во нив отколку дека некој песна објавил. Меѓутоа ако пишува во воведниот пост дека не смее песни, тогаш нека продолжи така... Искрено не сум ги прочитала воведните постови. Во врска со навреди нема толку да ми смета ако некој ме нарече досадна, колку што ќе се навредам ако некој ме нарече глупава, ми пцуе или меша семејство. И не гледам зошто е толку страшно и навредливо ако на некој му речеш: Ајде не биди толку досаден. Што е навреда тука? Зар толку многу е строго на форумов? Како и да е, друго сакав да кажам. Всушност и ти погоре сама спомна дека новите многу строго му влегоа на форумот. Не може да бидеме сите фини и расположени кон секого... Не може сите да сме другари и за се да се сложуваме. Постои игнор, ама едноставно е невозможно една третина од форумов на игнор да ги ставиш. Јас пак ќе нагласам дека немам досега толку големи проблеми во врска со моите постови... Што се избришало било со причина... било оф топик или навреда, но сепак се осеќа некое задушување општо по темиве.
А смее ли да се стави видео во спојлер? Не боде очи, не оптоварува скрол и процесор, а пак може кој сака да си отвори и види. Инаку со среќа балансирање помеѓу полициски час и башибозук форум. Доброто е што сега барем има по неколку модератори на категорија, па може да се остави малку простор за тоа до каде ќе отиде оф-топикот. Можеби и ќе си остане на тие 3 мислења и никому ништо. Сепак, малку компромис не е на одмет. Не мора толку стерилна средина да се прави. Се друго си е култура на пишување и дискутирање и нормално со право се санкционира.
Кога веќе сте разврзале дискусија околу ова, сметам дека е правилно да ви упатам критика околу тоа дека на некои многу побанални работи обрнувате повеќе внимание, отколку на работи кои се посериозни. Дали баш тие теми немаат (или немаат толку многу) модератори, или тие теми не се ни отвораат, не знам, ама според мене поправилно и поитно би било да се бришат мислења (и воедно да се предупредуваат членовите кои ги напишале) кога во мислењата има говор на омраза, закани, желби за убиства, генерализирано вреѓање интелигенција и што ти јас знам. А ова на повеќе наврати сум го видела на одредени теми, од одредени членови. И реално е да е тоа посериозно отколку некоја рандом споделена песна за што сте дискутирале во коментариве погоре. И уште нешто. Пологично (според мене), би било бар сосема да префрлате или бришете одредени коментари, наместо да ги редактирате во крајности, зошто на крај се губи целата смисла на коментарот, и од она кое личноста сакала да го каже, до она кое останало по редактирањето, нема никаква поврзаност. Иако сте модератори, сепак не влегувате во главите на останатите членови за да би знаеле како да редактирате нечие лично мислење. А ако мислењата напишани од наш профил испаѓа дека не се лично наши, тогаш се губи секоја смисла. Имам во читање затекнато по некој така редактиран коментар каде и после петто препрочитување јас не сфаќам што би трeбало коментарот да значи. За друго немам забелешки.
Реин, нејќам да навлегувам во приватност на членката. Што ми лежи на срце + насловот на песната и нејзиниот текст, доволно да сфатите дека таму припаѓаше мислењето. Во овој случај дури и бездушно е бришењето.
Не може се да се исконтролира до степен да мислењата на форумот бидат во ред како аптека. Некаде темите налагаат да се оди оф, некаде баш тоа развржува дискусија, некогаш и шегите и ироничните коментари совршено се вклопуваат во одредена тема. Јас досега имав забелешка само во темите за шминка и козметика. Иако модераторките ми се бескрајно драги членки и ги почитувам, многу повеќе ми се допаѓаше катчето кога не се бришеше се што беше оф. А во тема за шминки и која како се нашминкала, 300 жени, различно гледаат неизбежно е да се отиде оф. И на другите теми исто имам приметено. Бришете, ама и опуштете се малце.
Можеби и други работи што биле постирани, а биле избришани низ годините имале значење за членките. Зошто сега би направиле исклучок и нели тоа не би било фер кон другите чие мислење било избришано? Ти зашто си инволвирана, па не гледаш објективно, за други членки те немало да речеш дека е "бездушно". Јас не ја знам причината зад видеото, гледам песна и како и секогаш бришам, како што е наведено во воведниот пост и реагирам технички. Како членка исто би сочувствувала и сочувствувам каква и да е тежината, но како модератор, како што кажав, делувам според правилата на темата како и секогаш. И сигурно не сум меродавна да оценувам кои песни се полични, зад која има поголема тежина, зашто нели, секоја планина си носи најголема тежина. Така што песни треба да се постираат во соодветна тема, тешки и интимни мислења искажани со сопствени зборови во соодветната.
Мислам дека проблемот е во неинформираноста во врска со правилата на темите. Затоа се прават офтопици. Можеби да знаеле членките дека не треба песна во темата да се постира не би го направиле тоаА зошто би, ако е правило, никој намерно не сака да е офф? Е сега информираност не значи на првата страна да е напишано бидејќи во големите теми ретко кој отвара на првата страна туку директ на последното мислење а плус и се менуваат правилата, се репишува првата страна и потешко е да бидеш во тек. Новите членови разбирливо е дека би биле поНеинформирани но еве и старите толку не ги знаат тие правила зошто на правилата се повикува откако ќе се напише/избрише мислење и така дознаваме дека уствари постоеле. Значи подобро да се спречи ( доколку може ) отколку да се лечи/избрише/премести. Ако ни кажете или објасните ние сме послушни
Цецке бе мила, пишува се .. Гледај колку убаво Исто како што пишува дека е задолжително пишување локација во Поинаков фемина инстаграм, а ретко кој почитуваше до пред некое време. Ама ако, јас и @CrazyOne сме си упорни, па на фин начин се обидувам да излезам во пресрет на секоја членка што не поставила локација, за сликата да не биде избришана. Морам да признаам дека во 90% од случаите наидов на соработка и сум благодарна за тоа на членовите. Така е и со темава, ако се прочита се убаво, нема да има недоразбирања.. така е со сите теми, така треба и да остане.. За се постои правило, наше е да го почитуваме.. Јас како модератор мислам дека сум крајно толерантна за многу работи, признавам не сум 24/7 присутна, па некоја пријава стои по 2-3 саати, ама сите имаме живот и надвор од форумов, па нормално е.. Истото го мислам и за моите колешки и колегата Модератор, секогаш мислам дека биле тука за членовите со цел форумов да го направиме мирно и спокојно виртуелно катче за нас.. Само смирено убавици
Кога веќе сите сте тука и си прашувате сè, зш да не прашам и јас нешто? Прашувам... Каде ми е мислењето од темата Трета смена на форумов, го напишав сабајле во 4 и нешто или повеќе, не знам...сега гледам ме цитирале, гледам горе доле мислење ска ! Кадееее ми ееееееее мислењетоооо? Ааа? * а тоа па едно мислење....ама онака само ме интересират
Битерке, ами ги читаме бе како не, но само онака ме заинтересира ... Нели, таа тема е онака кафе муабет. Моето мислење не беше ни навреда ни оф топик. А и не знам што е оф топик на тема без тема... *се објаснив зошо мислам дека мене ми префрлаш, ако не е така пардон. Фала пријатно.
Мојот коментар се однесуваше на сите членови, не конкретно на тебе но те вклучува и тебе @Kukla994 Ако си ги прочитала правилата ќе знаеше дека едно од нив гласи: Не испраќајте смајлиња без текст. Така да, другпат нема потреба од прашања Зошто мислењето е избришано. И јас не сакав некои мои мислења да бидат избришани или префрлени, но модераторите знаат како треба, а ние наместо да се противиме, треба да бидеме повнимателни.