Оние што бранат други членови не можат да бидат банирани бидејќи не користат навредливи зборови, а треба да се банирани оние членови кои навредуваат. Ви ги постирав пораките кои сеуште не се избришани. Модераторите треба да бидат објективни и исто да се однесуваат кон сите членови. Правилата на форумот треба да важат за сите членови, не може некои членови кои се подолго на форумов да навредуваат, да бидат истолерирани и да не се банирани. Еве го правилникот, а има и други членови кои наведоа дека мислењата на членовите кои се подржувачите на ВМРО се бришат, за разлика од членовите кои го подржуваат СДС, некои нивните мислења се со навредувачка содржина не се избришани и членовите не се банирани. Користете кирилица. Придржувајте се кон правилата за пишување на мислење! Форумот „Фемина“ е заедница на почит и толеранција. Бидете учтиви кон останатите членови. Запомнете дека другите веројатно нема секогаш да ги споделуваат вашите гледишта. Не толерираме агресивно однесување, препукување, омраза, провоцирање и ВИКАЊЕ. Можеби вие сметате дека вашиот стил на дискусија е возбудлив, но ако останатите сметаат дека е несоодветен – мислењата ќе ви бидат избришани. Дозволете им на другите слободно да го искажат своето мислење и не се обидувајте да доминирате во дискусиите. Ако постојано реплицирате, се инаетите, жестоко ги убедувате останатите членови дека не се во право, ако секогаш сте онаа којашто мора да го има последниот збор, сфатете дека ваквото однесување е непријатно и непожелно. Бидете учтиви и помагајте им на новите членови да се снајдат, наместо да ги напаѓате. Секој започнува од некаде! Не влегувајте во улога на модератор. Доколку наидете на мислење што ги прекршува правилата, пријавете го преку копчето „Пријави го ова мислење“ (малото розово копче со извичник, веднаш до копчето „Цитирај“). Не се обидувајте да ги разрешувате проблемите и да ги „опоменувате“ корисниците. Истото важи и за неправилно отворените и дуплите теми. Едноставно пријавете и нашите модератори ќе проценат дали и какви мерки треба да се преземат. Сите мислења треба да бидат конструктивни и да одговараат на темите во коишто се публикувани. Забрането е пишувањето на бесмислени мислења со цел зголемување на вашиот вкупен број на мислења. Не пишувајте мислења како „И јас исто“, „Да“, „Не“, „Се согласувам“, „хахахаха“ и сл. Ако сакате да се заблагодарите, не пишувајте мислења како „Благодарам“, „Лелеее, фала многу“ и сл. Наместо тоа, користете го копчето „Ми се допаѓа“! Не испраќајте смајлиња без текст. Не испраќајте две мислења едноподруго. Ако веднаш по испраќањето на одредено мислење се сетите дека треба да допишете уште нешто, редактирајте го мислењето со помош на копчето „Редактирај“. Ако во рамките на вашето мислење сакате да вметнете туѓ текст, посочете го и изворот. Ако цитирате мислење на друг корисник, пожелно е да го цитирате само делот кој го коментирате, а не целиот текст на мислењето. Забранети се четот, флудот и спамот. Чет – личен разговор меѓу два корисника, размена на реплики од типот „Како си денес?“, „Ајде да одиме на кафе“ и сл. За таа цел постојат „Лични пораки“ и посебен модул Чет. Флуд – потопување на форумот со бесмислени мислења или мислења што се повторуваат. Спам – оф-топици, рекламирање и сл. Забранети се мислења кои содржат: пцовки, вулгарни или навредливи зборови; елементи на агресивен национализам, ксенофобија и антисемитизам; религиозна, идеолошка, политичка пропаганда; расна, културна, социјална, религиозна, етничка и секаков друг вид дискриминација; омраза и нетолерантност. Забранети се мислења кои предизвикуваат страв и масовна паника, како и мислења со линкови кон сајтови кои содржат слични елементи. Забрането е публикувањето на порнографски слики и видеа. Забранети се мислења кои содржат лични податоци за други учесници во форумот, како и публикување на лична кореспонденција. Форумот не е место за спроведување на ваши истражувања или анкети.
Зошто си зачудена? И други членови истото го кажаа. Мене Jollygirl ми рече дека Мијалков бил убиец, криминалец, смртта на децата на смилковско езеро да си ја дочекал на своја глава што побрзо. А, мене ми рече дека сум иста како него со тоа МИ ПОСАКУВА И НА МЕНЕ СМРТ И МЕ НАРЕКУВА УБИЕЦ И КРИМИНАЛЕЦ, покрај ова ми рече дека имам испран мозок, немам лева хемисфера на мозокот, сум била грев, сум глумела поштена, ми кажувала во штаб што да пишувам и ред др. работи. Коментарите ги пријавив и сега сакам одговор од модераторите зошто нејзиното однесување се толерира? зошто си зема за право да ме навредува, а да не биде банирана од темата политички настани за тоа? Сакам да добијам одговор од модераторите, дали можам и јас вака да ги навредувам членовите и да не ме банирате?
Многу е глупо слободно можам да пишам со ова дека модераторите се политички определени и поделени и по автоматизам не се реални. Секој има право да си изнесе свое мислење, така и модераторите. Доколку мислењата се спротивни на правилата секако ќе бидат избришани, без разлика кој и дa ги напишал. Барем јас што сум член подолго време можам да кажам дека не сум добила впечаток дека некој не е објективен. За другиот дел што си го пишала, а кој се однесува лично на твоето искуство , сигурно некој и соодветно ќе ти одговори. Не сум прочитала во темата се што си навела, но претпоставувам дека тие мислења со лични навреди се избришани. Позз...
Да, рече дека си иста како него, ама не ти посака смрт... Ако идеме по таа логика, оти ти еве го поддржуваш Мијалков, дали тоа значи дека и ти ќе најмиш некој да убие некој од нас, ,, од Сдс ,, оти сме против тебе и твојата политика ? Иначе , да беа се Сдсмовци на форумов, ти немаше ни да можеш да се зачлениш, а камо ли да правдаш убијци само за да ти пишуваат цртки од штаб за наредни избори... Ај иди легни си, и тоа на некое подолго време...
@makedonkamak Коментарите на јолана не се избришани и покрај тоа што ме навредуваше. Неколку дена барам некој од модераторите да ми одговори, зошто не се избришани и сеуште немам одговор, прочитај еве @Gosh твоите размислувања ми се важни колку и ланскиот снег (ИЧ). Бидејќи џолана му посака смрт, го нарече убиец и криминалец и рече дека сум иста како него значи да ти повторам истото ми го посакува и мене. Тоа што ти го пишуваш дека некој најмил да изврши убијство не ти е поткрепено со докази, за џабе шириш дезинформации. Тоа што тебе ти наредуваат во штаб немој да го наметнуваш на мене А, да и ти ми прати клипче да сум се самоубила и самата си пиша знам дека ќе ми го избришете и е против правилата бла бла ама морам да го пратам. И ЗНАЕШ ШТО? НЕ ГО ИЗБРИШАА. Па сакам модераторите да бидат објективни, членовите знаат дека пишуваат навредливи пораки ама пошто не им се бришат пораките и не се банирани, продолжуваат со деструктивно однесување И Гош легни си, касно ти е и спиј многууууууу подолго време......
@kukla21 @iloveyou29 @danichap Која од вас го избриша мојот коментар во темата- Големина на плодот? Иако се отиде дискусијата оф топик и при тоа дотичната ја замолив да не оди натаму со истото. Јас имав напишано кои беа мерките на моето бебе во 28 недела и општо за мерките на бебето дека ми ги бараа кога ме примија во болница. Во ред беше, оправдано и требаше да се брише некој дел , а ова требаше да остане. Благодарам!
Македонка, јас сум избришала по грешка и дел кој не бил за бришење. Се извинувам. Мислењето е вратено. Ти благодарам за реакцијата.
@RainBow зошто не бришеш офтопици во тема која ти ја имаш направено? Треба офтопици да се пишуваат? Да не се смениле правилава на форум а јас да не знам? Плус, кој и да менува мислења, пишете кога ни ги менувате.
Зошто нема активен модератор во Општи дискусии, Другата наука, Политика и настани? ОК, во Политика е осетливо и треба некој ултра квалитетен, таков и да постои ќе изберете погрешен. Ама греота е другите две категории да стојат неуредни. Сигурно некој од новите модератори не би имал проблем да преземе и таму.
Тука сум како и секогаш. Средено е тоа што требаше да биде, малку задоцнето, изумено... Пиши порака ако има нешто плус, сандачето е отворено за сите, за било какви забелешки.
Абе ќе реагирате за потписот на Лејди? Па срамота живти Бога. Пишува дека не е дозволено да се објавуваат порнографски слики ама уствари си прогледувате низ прсти.
зотоа што не се однесуваше конкретно на темата туку повеќе ко објаснување дека членката трола Ако мислете дека некој трола кликнете на ,,пријави,, не пост да пишувате и да се објаснувате.