Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Список на модераторите по категории

Дискусија во 'За форумот' започната од bilkata, 6 октомври 2010.

  1. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.619
    Жал ми е што сум ја нарушила сериозноста на темата со тоа што констатирав дека некој трола т.е. си игра мајтап со сериозни теми, и прави будала од оние кои искрено му помагаат.

    Нејсе, ако до толку се почитува правила и некој ред, тогаш може и да бидам известена ако ми се бришат мислења, како што го прават тоа останатите модератори.
     
  2. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Најреално и најобјективно, форумов беше поинтересен и функционираше подобро кога Рејнбоу модерираше сама.
     
    На gjoker4e, lovemme, Justicija и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.637
    Пол:
    Женски
    Се мислев дали да пишам, ама чувствувам потреба како прво да информирам (бидејќи модераторството е функција со која би требало да реагирам низ темите, а и да ми се обраќаат членови за било што), а потоа и да си кажам што ми лежи на душа.

    Од вчера и официјално и технички не сум повеќе модератор. Одамна почнав да ја разбирам @Gosh за нејзината одлука и неколкупати размислував, па пред неколку дена само капката ја прели чашата.
    Мислев дека за во категориите што ги избрав не би можело да има проблеми, но ете, некои членови во контрањето немале граници и повеќе од тоа што мислев :)

    Не се срамам, ниту каам за ништо што сум пишала, и пак би го пишала и со модераторската функција. Само што доволно ми е и вака негативната енергија од неколку членови тука... па од сето тоа дополнително буцкање поради тоа што сум модератор за секој јасно искажан став и заземање страна, за лајкови ((facepalm)) дадени во жестока дискусија или поостро обраќање кон трол пред бан кој шири невидена омраза – навистина ми беше доста.

    За останатите модератори, и вака пак како член немам лош збор да кажам – сите се прекрасни личности што се трудат посветено максимално на оваа доброволна работа да се среди форумот.
    90% од забелешките кон модераторскиот тим во категоријава се светлосни години далеку од конструктивна критика, туку се контрање, етикетирање на модераторите за секое покажување свој став и субјективни жалби. Најмногу под ова мислам на кукањето за категорија религија и модераторите атеисти во истата... а за политика и муабетите дека цел тим се политички определени и штитат некоја страна немам ни зборови, излишно е да се коментира каква смешна незрелост е тоа.

    Пред да плукате по модераторите, замислете се малку дека тие се членови кои не изгубиле право на свој став, стил и сарказам со тоа што бесплатно го средуваат форумот, а пред сѐ и луѓе зад екранот, секако. :hai:
     
    На gjoker4e, daylight, Jason123 и 27 други им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.645
    Допаѓања:
    79.449
    Пол:
    Женски
    Ox.

    tenor.gif
     
    На Abeja, Aquamarine93, buba4e89 и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.960
    Допаѓања:
    133.416
    Бесплатно????

    Сама си се пријавила и треба да се носиш со теретот. Очигледно си потклекнала под притисок.

    И модераторите мора да ги почитуваат правилата на форумот. Не може да бидеш Кире бананамрн и на една тема да си член и модератор и да кршиш правила и да бришеш. Ова не за тебе. Има други.
     
    На Abeja, hadzieva, buba4e89 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.612
    Допаѓања:
    167.325
    Пол:
    Женски
    @Someonespecial не требаше да се откажиш Спешалке. Сега некој ќе слави на ова, како да е важно за нивниот живот, а упорно тврдат дека не им е гајле за форумов.
    Крај краева, една обврска помалку, ете можиш и така да гледаш. :lol: Не е крај на светот, важно ти биди ни тука. :hug:
     
    На Salome, Yipman2, blonde_supergirl и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.531
    Допаѓања:
    201.621
    Пол:
    Женски
    Жалам што дошло до ова, а искрено криво ми е што се откажа толку лесно, сметам дека не требало да попуштиш.

    На форумов има членови кои мислат дека се од Бога дадени и можат да прават што сакаат, дека нивните мислења се закон и не смееш да ги цитираш за да им објасниш зошто не се сложуваш со нивното мислење, а дискусија за нив е непознат поим, бидејќи всушност не знаат како функционира еден форум. Настрана бришењето... тоа цвилење и жалење по избришени мислења ми е нонсенс.

    -------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

    Баравме модератори, ги добивме, сега не чинат, па ајде плукање и мрчење по сите теми. Зошто, тоа ли е она што ви го исполнува животот? Јас еве, лично, не сум видела пристрасност досега. Не дека секогаш ми било по ќеф однесувањето на модераторите, ама сфаќам дека тоа им е работа на која се нафатиле на драга волја, и сите треба тоа да го прифатиме, сепак е ова форум и не треба толку многу да драмиме. Што очекувате ако вашите мислења не ги исполнуваат правилата на форумот? Да ве величаат, да ви ги урамат мислењата, што?
     
    На gjoker4e, Esmeralda-MD, eli25 и 25 други им се допаѓа ова.
  8. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.619
    Прва ,единствена и главна причина зашто се откажав од модераторство ( не оти модерирав во битна тема ), е тоа што меѓу редови ми беше наметнато дека треба да го сменам мојост начин и стил на изразување, и да се самоцензурирам, оти сега сум била модераторка и сум требала да бидам пример за останатите. Ма немој , молим те.

    Па ваљда ме избравте да бидам модератор врз тоа како општам на форумов! И да , прво си член, па стануваш модератор.
    Јас треба да се самоцензурирам во моето модераторство, а не во моите ставови, мислења и нивното изразување. Сепак, првично сум член.
    Ако сакате бот, најмете си некој за плата да работи, а не некој кој дошол тука да си лади памет. И да му биде забрането да има друг профил, па нека биде Амбасадор на Фемина и нека ја претставува во најдобро светло на интернетов.
    Или евентуално админите да имаат и службен профил, и од него да модерираат, и да бидат анонимни, за да не можат да цркаат овие нежниве души кои се први за лечење комплекси.
     
    На Izaabella, gjoker4e, Bridget и 13 други им се допаѓа ова.
  9. Βικτωρία

    Βικτωρία Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    3.667
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно,зашто е толку важно да бидеш модератор? :) Треба до некаде тоа да,ама да бидеме реални многу е тешко ред да се воведе.На пример имав напишано нешто што не ми се допаѓа и одма навредливи коментари,од едни исти личности а од модератор ни трага ни глас.А и не ми е јасно зашто билката и михајло никогаш не враќаат на пораки?!
     
  10. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.973
    Допаѓања:
    134.971
    Пол:
    Женски
    пријавете штом имало навреди ќе се прегледа и соодветно ќе се реагира
     
    На Ketchup, Mishela, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  11. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Идните модератори а и членовите кои не се веќе модератори треба да сфатат дека секогаш ќе има луѓе кои нема да бидат задоволни и кои секогаш ќе етикетираат и жигосуваат само поради тоа што нешто не било направено по нивно. Не треба толку затоа да си давате значење на тоа. Критика од некого треба да се прифати само доколку вие самите утврдите после добра анализа дека не сте во право.

    И мене лично ми сметаат пример личности кои одма по темиве се жалат и плачат за тоа како мислењето им било избришано во пример темата „Политика“. Со твоето мислење ќе ја смениш државата или пак ќе ти ја скратат платата ако дозволиш некој да го избрише твоето мислење. А можеби и ќе ја скратат којзнае.:D Или пак луѓе кои се прават на Тошо, на пример тврдат дека дискутираат а всушност се препукуваат со членот со кој воделе „дискусија“.

    Чим некој го избришал твоето мислење значи имал и добра причина да го избрише твоето мислење. Не сте секогаш во право.
     
    Последна измена: 23 септември 2017
    На gjoker4e, Nausicaa, Ketchup и 7 други им се допаѓа ова.
  12. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    Жалам што слушам за ова Посебна, но мислам дека си постапила емотивно и избрзано. Омраза и негативна енергија има независно од тоа дали си модератор или не. Какошто кажа Плусот, одредени критики би требало да се преиспитаат а одредени не. Сепак, има луѓе што те сакаат или не и за едните и за другите не е неопходно за нивниот начин на понесување кон тебе дали си член или модератор. Членот додуша, мое мислење има поголема слобода на однесување, додека модераторот на делување. Твое е само да си останеш Посебна :hug:
     
    На sanjaeva, theowndemon, +++ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Ти барем муабет си направила , јас кога се пријавив и го преставив мојот план како модераторство ќе има во темата политика не ми се ни јави таа одговорната , ни фала што се пријави... ништо...
    Не знам до кога вака ќе има однос.
     
    На elimkd и Gosh им се допаѓа ова.
  14. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Во темата "Совети од МАШКА страна за сите девојки" само на одредени членови ли се брише офф-топикот??
     
  15. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Не знам дали имате модераторски правилник (а треба да има), ама правило е дека туѓи мислења не се изобличуваат колку за да се совпаднат во веќепостоечката тема. Глуп пример е, ама ете темата бацето што ја отворило денеска за пријателства, а-у, можеше само да се спои. Вака испадна ко рандом да ни текнало на стара тема неколку личности да си пишеме одговори од типот на Инчуле, што сегде пишуваше да и не.
    Дури не премине во мајки-шајки и откривање лични податоци, оставете. Ако разлистате од порано (ако не сте ги избришале) баш тие пооткачени теми и мислења вдахнале живот во форумов, а сега ко сите да треба да пишуваат "North Korea, Best Korea" за да остане мислењето.
    Пак, за глуп пример се фаќам (али тој е свеж, што не значи дека нема многу други), и ако типот издал која е таа за која се пожали, океј, али во тој случај нему казнени и темата во канта.
    Не дека сум подарок од Бога за форумов, ама не ми се пишува реферат за утре да личи на диктат на второодделенец пошто некој решил дека сарказмот, шалата или целиот одговор, не му се допаѓа.

    Али исто и булшит е да барате модератор да смени стил на пишување пошто е модератор. Ќе си пишува ко и дотогаш, има и над него, ќе го санкционираат ако треба... или ќе си мењате постава ако не сте објективни за секого.
    ММЕ, јес да раја наоѓа тригери и во туѓото дишење веќе, ама редно е да научите да одделувате сарказам од сериозност и битно од небитно.
    Форумиве борба на позиција и опозиција станаа.
     
    На Abeja, Sanjichka007, sweet-cherry и 17 други им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Нормално дека има правилник, не е тој од вчера, ниту е од новите модератори кога се назначени. Така се постапува од секогаш, кога непотребната или дупла тема оди во канта гледаме да се "спасат" повеќе мислења, да не биде за џабе потрошеното време. Ако ви смета што оф-топикот е избришан од мислењето ќе го избришеме целото мислење.
    Модераторите веќе во повеќе наврати е кажано кога се напаѓани за свој став дека имаат право да пишуваат исто како порано и да си кажат мислење. Но, имаат исто така и препораки за однесување како дел од тимот. Не е воопшто професионално, ниту фер кон другите членови модератор на пример да навредува, затоа што така правел порано, а потоа да санкционира други членови за навреди. Нема логика, нели? И дали таков модератор би го послушал некој? Зошто па јас да не навредувам кога тој што треба да го почитува тоа правило го прекршува?
    Модераторите како спроведувачи на правилата на форумот прво треба самите тие да ги почитуваат, инаку која е поентата? Или модераторот да си прави оф-топици, се исмејува и потоа како ќе ја модерира темата, а да им изгледа фер на инволвираните членови?

    Форумот си има свои начини на модерирање, пак ќе кажам не е тоа од вчера, а еве осум години веќе успешно опстојува. :)
     
    На Ava.84, cresa-jagoda, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    ^
    Џабе филозофираш и вртиш одоколу. Никој не рече дека за навреди не треба да се бришат мислења ама вие веќе и сарказам и иронија и индиректно и одоколу бришете (кога ви одговара де) само затоа што не ви се допаѓа лик и неговиот начин на изразување. Споредба со модератори и нивниот начин на изразување како репер за тоа како треба да изгледа форумот ич нема да се потрудам на направам, оти смешно ќе е, башка ќе бидам избришана оти вие критики не трпите и меѓусебно се поддржувате без објективност туку чисто како дел од посебна група која као треба да си чува грб еден на грб.
    Пример имаш тема која страници и страници е полна со навреди очигледни и се чека цел ден или два за да се заклучи и исчисти (скоро во свекрви и снаи, ваљда да чита народ сеир малку, а во тој сеир учествувале и модератори), а кога јас сум пишала мислење во кое имало пример мал потсмев индиректен кон некој од модераторите (со причина секако оти некогаш не на секој му работи мозок како треба), бришена сум со брзина на светлина. Комплекси, разбирам, само да знаете дека се' се гледа, се' се приметува и далеку сте вие од пример како треба да се пишува и како треба да функционира форум. Ко во заблуда сте малку.
    И уште нешто, како може член да се воздружува да коментира слободно на свој начин само затоа што станал модератор кој работи за џабе? Секоја чест на @Gosh што си одбра слобода на говор наместо роботско изразување без апсолутно никаква накнада. Не дека другите се придржуваат на правилата и се многу фини, ама такви се кога туѓи грешки треба да се санкционираат и кога треба да се проповеда како треба да се однесуваме во црквава.
     
    Последна измена: 16 ноември 2017
    На Abeja, Sanjichka007, hadzieva и 10 други им се допаѓа ова.
  18. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Некогаш , некои од модераториве се ставаат во улога дека се не знам што,па си земаат за право, се што не им се допаѓа на нив да избришат,ај со бришењево пеки,може и ние некогаш претеруваме ама мислење да модерираат не е во ред. Подобро да ми го избришат отколку да ми преправаат.
    А зошто секоја караница се брише,тука се многу членки и членови,нормално е да дојде до судир на ставови и мислења...
    Ако нема дирекни увреди и пцовки,зошто се се брише?
     
    На buba4e89, zalosna, Gosh и 4 други им се допаѓа ова.
  19. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.963
    Допаѓања:
    219.396
    Пол:
    Женски
    @RainBow ако на двајца без тројца не им чини форумот тогаш до нив ќе да е, ама во случајов куп квалитетни членови се дизлогираа а останатите се оддалечија, некои пак навраќаат чат пат од навика а кога ќе пишат не дај боже се покајуваат 100 пати зошто навратиле да пишат. Нели треба да размислете веќе еднаш дека има нешто до вас? Дека навистина нешто не чини и смрди тука а?
    Мислам време е.
    Не се двајца без тројца што не им чини и им смрди на труло тука туку многу повеќе, многу повеќе од пола форумски членови верувај.
    Оти.. и навиката ќе згасне, лека полека ќе ве изумрат и теми и дискусии и се по ред.
    Верувај.
    Не бидете толку сигурни дека форумот во иднина ќе ви опстојува популарно, оти веќе како што гледаме дисусии низ темиве се помалку и помалку има.
    Време ви е за промена. За голема промена.
     
    На hadzieva, buba4e89, zalosna и 9 други им се допаѓа ова.
  20. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.151
    Допаѓања:
    13.515
    Пол:
    Женски
    @Black girl @podravka и останати ако ме имате спомнато каде сум, што сум.
    Добра сум да не ме мислите само што прекинав да го користам формуот баш поради горенаведените причини. Значи не било до мене само...

    Форумов изгуби смисла на постоење се осеќам како робот ми менуваат мислења без известувања, ми бришат мислења без објаснување, префрлаат во теми што не се активни 5 години и никој таму нема ни да види ни да врати на прашање.
    Некои теми ја изгубија смислата бидејќи беа за дружење, шали и забава а сега ако пишеш надвор од темата нешто веднаш се префрла во друга тема, се брише, лепи, монтира...

    Модератори се убаво ама ако продолжите вака да се понашате како шерифи ќе изгубите уште многу членови!
    Ама нели мачка на грб не паѓа па ни вие никогаш нема да си ги признаете грешките што ги правите!

    Поздрав!
     
    На Abeja, hadzieva, Aquamarine93 и 6 други им се допаѓа ова.