Ај ако може модераторките у Семејство да олабаат малце, и да не бришат се и сешто. 17 пат ми се брише мислење шо не е офтопик, па и да не сме користеле сарказам имаше пишано некој у некоја тема... Вауууу, сум пишала у темана за мешани бракови дека и така ќе се разведат сите, шо уопште се секираат. Ај сеа и да ме банирате на две недели, ако може.
@Sesil ,@referentka зошто ми е избришано мислењето во темата Развод?И зошто немам известување дека сум избришана? Мн слично мислење на моето си седи во дадената тема.
Ај ако сакаш пријави за кое мислење станува збор. Мислам дека е избришано се што беше надвор од тема.
Кога се бришат мислења се бриши се што е надвор од тема, навреда, препукувања меѓу членови, мислење само со по едно смајли и ништо друго, мислења пишани повеќе пати во неколку различни теми. И најмалце битно е од кој член е пишано штом прекршува правила се бриши. Некогаш од брзање, од немарност, проблеми со конекција или телефон може нешто да остане неизбришано ама на следен преглед на нови мислење ќе се види, ако мислете дека нешто стои, а не треба, пријавете. Имајте во предвид дека со секое саркастично мислење може да се појави некој ничем изазван, да се фати за некоја ситница од постот и се однесе дискусијата во сосем трет правец. Тогаш се бриши се, од мислењето што ја предизвикало таа дискусија па натаму. Немојте да мислете дека туку така бришеме мислења, ради лична сатисфакција. Штом е бришано нешто сигурно имало доста цврста причина.
Уште малку ќе треба стварно во правила да се напише јасно и гласно ,,забранет сарказам“. Сериозно? Не смее да стои ни едно мислење со обична шала во склоп со темата, кое не содржи никаква навреда? Претеруваш Реин
Претерувате вие со оф топици и сарказам каде не му е место. Темата не е во насмевка, во политика е, а цела страница со оф-топици нема смисла. Има список, Правила на форумот се вика.
Да,правила кои треба да важат за сите,а не некои мислења од ист тип се бришат,а некои остануваат. Да користиш сарказам кој не навредува никого, не пцуеш никого и истиот е во склоп на темата не е оф топик.....
Едит: не сакам да се расправам со никого,само форумов треба да биде за забава,вие треба да внимавате кога менувате мислења,го ограничувате правото на говор. Пушти бриге на веселје ,нека има зезанции забава... ЗоШто толку строго настапувате?
Не се расправаме, таман работа. Форумот е место за дискусија, прво и основно, има подфорум за забава. А политика не е таков подфорум. Затоа и постојат впрочем модератори, за да не забегуваат темите. Инаку во секоја тема ќе биде истото, зафркавање и надмудрување колку сакаш. Мислам, не треба да се објаснуваме зошто една тема треба да има мислења кои се во склоп на истата. Дури и да има две-три ајде, може ќе поминат некако, не ја реметат цела тема, но во случајов само такви мислења имаше, а пак ќе кажам, темата не е таква за да се тера во тој правец. Мислам доволен е мајтапот во насмевка што се тера, ако немате мислење на темата, зафркавајте се таму. на
А кај виде сарказам и заебанција у моето мислење цитирам ,, Љубчо Георгиевски ,,? У смајлито? Шо, не смее он да биде нов председател на ВМРО?
Вaс изгледa не ви е јaснo декa кoлку пoвеќе зaбрaнувaте тoлку пoвеќе нaрoд ќе терa нa зaебaнцијa и немa дa е oзбилен пo темите? Wait and see.
Па, не може да води и позиција и опозиција, побогу. У моментот е у коалиција со Зоц толку не ви текнува на оваа бугарска нишка (затоплување на односите) у политиката на Зоц, од кај извира
Мислам дека ми е избришано последното мислење во темата Петиција за спас на кучињата. Не добив ни известување зошто е избришано ниту па мислам дека бев оф топик. Не знаев каде да се обратам па затоа тука пишувам.
@Bender Rodriguez & @Lella Спавате мирно? Ај малку подзачистете ја темата "Бројаници". Не очекувам ваша "поддршка" на другите теми поврзани со православието,ама во горе спомнатата тема @EvAngelos претерува,а вие на тоа замижувате