Спијам како бебе, благодарам на прашање - особено затоа што не сум модератор веќе некој месец наназад. Ама ме заинтересира, сега ќе проверам што се дешавало таму.
Е не знаев дека не си веќе Не оди сега,касно е,пропушти многу зачинети закачки од дотичниот и погоре наведен член Не знам кој модератор,делуваше експресно,но за 1 минута избриша се што требаше да биде избришано. Кој и да беше,благодарам Ех,и јас станав тужибаба
Мислам дека ти пратив известување на пријавата, можеби не си го забележала. Како и да е, ќе беше избришано и да не пријавеше.
Ако не си модератор и тоа веќе неколку месеци зошто сеуште ти пишува дека си член на тимот? Глупаво делува ако ја немаш таа функција
Беше апел до тимот на фемина или до тие како што ги пиша ти НАД, чисто ради прегледност и да се знае кој каква функција има тука, се уклучуваат и нови членови кои не знаат, ваљда не гледаат на гравчиња дали некој е модератор или само така му пишува, добро е колку толку да се има некаков ред. Поздрав
@Bender Rodriguez Да си бараш надоместок што го китат модераторскиот тим со твои перја...така ли ќе дојде Сакаат салам човек? Нека платат
Мање битно кој е, ако имаат поплака имаат копче пријави,кој и да е ќе среди. Ако не можат да се снајдат можат кај било кој модератор да се обратат или во ,,Прашања за форумов,, пошто еве има членови кои се знаат. Поздрав.
Зошто модераторите од Кафе муабети не ги бришат коментарите на т.н. Асистентка? @referentka гледам си лајкуваш во темата + / - 40 а не реагираш таму каде што треба. Да не се откажа случајно и ти од модераторството како Бендер?
Не може да се избрише мислење само бидејќи мислиш дека некое мислење се однесува на тебе. Дури и да е така, нема основа за бришење бидејќи нема навреда ниту офтопик. Тоа е причината зошто не ги бришеме и твоите мислења со таков тон.
Сигурно слушаат бидејќи некој мислења просто вриштат па им отвараат работа на модераториве да метат 24/7.Затоа секој не е за модератор,секој нема сенс и слух за тоа. Плус па ни доблест и таква широкоградост да модерира без финансиски надоместоци.
Кој ни ги брише коментарите во Дете? Барем да ги преместевте во соодветна тема ако се офф. Прво вие модераторите не дозволувате дискусија, сакате само цуди, муци, буци другото бришете! Епа форум е , како ке функционира ако нема конфронтација? Форумов ќе пропадне од кога ги ставија добродушниве и културниве модератори!
Темава е баш паметна, фина и влече премногу корисни информации за луѓето, едуцира таму каде што е закоравено или одредени луѓе ете не знаат а сакаат да прочитаат и да се едуцираат од начитани луѓе низ ваквите проблеми. Од луѓе што навистина разбираат од вакви проблеми. Зошто не дозволувате една тема да оди по нормален тек односно дискусија ? Ова форум е или катче за маки па ајде да отвориме тема да пишеме 10 совети и веќе не смее да се пишува оти нели се решил проблемот сам од себе со бајачи цркви или не знам што па одма увредени како се правило од мравка слон а всушност дискусијата беше упатена генерално а не засегнатата членка. Засегната членка се повлече и океј е ама има куп другу луѓе кој што очајно бараат решение за вакви проблеми а околината и менталитетот ги спречува да гледаат подалеку од носот. Ова форумот се претвори само во пост од секојдневие честитки и поздрави што според мене не ни можеме да го наречеме форум. Дај назначете го за женско катче на поздрави и честитки и ајт. Темава беше на место, дискусијата исто така ако продолжите да бришете се а да оставата само поздрави и честитки тогаш преименувајте се.