Темата е супер, мислам дека дискусијата не е избришана. Ако не грешам избришани се постовите од членките што пишуваа дека сме немале осет што сме дискутирале, темата не била за дискусија отворена туку оти жената си имала проблем, требало да престанеме да дискутираме штом се решил проблемот. Е, за @CameliaMiller, не знам кое мислење и е редактирано. Сметам дека добро се покажаа модераторите овој пат.
И мене две мислења ми се избришани во темата.Едното знам дека е пошто му кажав на членот дека 3м. ќе ми требаат да нашолнам тегла а другото не знам..
Јас мислам дека секој со сличен проблем што би се думал бајачка/психолог/црква, многу лесно ќе дојдеше до заклучок и покрај офтопиците, кои пак и не беа толку трагични, ниту вистински беа офтопици (и сарказмот, и шегата беа во врска со дискусијата, а не за нешто шеснаесто). Ако некој тресне нешто од ракав, треба да се правиме наудрени? Баш како таа со крвта и бебето. Некоја кутра душа можеби и би ја послушала, не знаејќи дека е тоа... надвор од секој разум.
Време беше да биде така затоа што се претерува. Во ред е да се има дискусија и да се тера и да се поделени мислењата. Ама не е во ред да се игра мајтап и навредува без осет. Секој различно гледа, прифатете веќе еднаш.
Овој цитат можеше да остане ,изменет од модератор, а мојата реплика на истиот ја избришавте. Катастрофа од модератори сте. Ги разбирам сите што си заминаа од форумов, што престанаа да пишуваат.
Твоите расистички мислења стојат, мојот дел во кој ти ја кажувам вистината дека си расист е избришан, и на крај не се бунам јас, туку ти?! Еве ти ги по милионити пат правилата на форумот, драго девојченце
Целата дискусија е офтопик плус е навреда .. И мислењето на Спешл е едитирано затоа што имаше навреда и во него. Навреда кон тебе Битер. Сите мислења каде што имаше навреди се редактирани. И подобро вратете се на темата без да се навредувате, секако ќе бидете едитирани во најкратко време..навреди од таков вид не се толерираат..
@Someonespecial Забранети се мислења кои содржат: пцовки, вулгарни или навредливи зборови; елементи на агресивен национализам, ксенофобија и антисемитизам; религиозна, идеолошка, политичка пропаганда; расна, културна, социјална, религиозна, етничка и секаков друг вид дискриминација; омраза и нетолерантност. Забранети се мислења кои предизвикуваат страв и масовна паника, како и мислења со линкови кон сајтови кои содржат слични елементи.
Во мислењето, како што е редактирано, нема ни навреда ниту некоја причина да не остане така, ама јбг, секогаш некои исти се бунат и не им е погодено. Фино имате копче пријави, пријавувате и расправајте се со модераторите по ЛП, никој не е должен секој втори ден да гледа како на вас редовно не ви е погодено
Што е навреда ако кажам некому дека е расист?Не му кажувам погрдни зборови.Значи не е фрка да се расисти фрка е да им кажеме дека е така?Овде на форумов значи од сега само тапшање по рамо и туркање надоле а?Добро да си знам.
Кој од модераториве константно ме брише во тема Врска со црнец а? Не се метат небулози,ама 3 од 2мои коментари инстант исчезнуваат. Секоја чест за ажурноста кај што не треба и секоја чест за немање реакција на модератори кај што треба.
Значи самата тема ВРСКА СО ЦРНЕЦ, е расистичка по насловот ако гледаме така. Ако некој тука си признае дека е расист исто негово право, за себе си кажува каков е. Лошо е, и треба да е забрането ако се навредуваат црнците или било која раса на луге. Исто како што сме имале теми за врска со Албанец, врска со муслиман/христијанин и слични теми. КОга сум веќе тука да си ја кажам маката. Кој е модератор на категоријата политика. Пишав и таму, темата за изборот на нов претсетдател на ВМРО, да се преинемнува ако може во Христијан Мицковски - нов претседател на ВМРО. Го пишав тоа пред некој ден, нема одговор а сакаме да коментираме за Мицко малце. Така ем нема да се отвара нова тема, ем старата нема потреба под клуч да оди кога и повеке од пола мислења се за него и за неговиот избор за претседател.
Na mene ne mi se dopaga toa sto nekoj od moderatorite se blagonakloneti prema odredeni clenovi a drugite im se trn vo oko sto se vika I voopsto ne se pocituva tugoto mislenje od odredeni clenovi I zatoa se otkazaa mnogu clenovi moderator ite treba da bidat neutralni ako vidat navredi raspravii da reagirat I da gi predupredat site involvirani a ne samo tie sto im se trn vo oko jas sum clen I na hrvatski srbski bosanski forumi I veruvajte ne gi znam moderatorite ne me interesira da gi znam zasto se pocituva tugoto mislenje ovde nedaj boze nesto da kazes kontra drug clen
Кој е модератор на општи дискусии? По грешка мислењата за сапиосексуалност се преместени во нова тема а веќе има стара. https://forum.femina.mk/threads/Сапиосексуалност.21917/#post-2159957
Aj kje ve zamolam da mi go zabranite sekoj pristap do temata za Zemjata deka e ramna. Samo za taa tema. Dobivam izvestuvanja, imam pristap a iskreno i covekot koj ja otvoril po se izgleda trola. Posle sto strani so dokazi toj pak tera so besmisleni dokazi vo paint napraveni. Ako sakate da tolerirate glupava tema vo red, vas izbor e toa. Moja greska bese sto se nafativ da diskutiram sega sfativ deka ne e dojden za razumna diskusija. Izvinete za latinicava.
Да, заборавив вчера дека ми објаснуваа дека имало таква опција. А за бан од темата? Искрено досега не сум се жалел за мислења и ред други работи по овие теми и ова е првпат ама самиот наслов на темата нема смисла. Дури и не разбирам зошто форумов толерира таква тема ама ајде, нека стои ваш избор е тоа.